2-3 пати месечно јадам палента, ја правам со вода и малку маслинов зејтин и сол. После тоа ја јадам со овчо сиренце и кисело млеко. А како ја приготвувате со млеко, исто како со водата или? (не ми се смејте на прашањево ама сакам да ја пробам со млеко а незнам како)
Правев палента пред некој месец,преубава испадна.Само од кога зовре и се олади,јас ја ставив малце до масло да се потпечи во релна,преубава беше!
Мм преубава ми е,ја правам со маргарин за готвење кристал и од како ќе се излади и ставам кечап и сирење,најлесна ми е за подготвување,никој не јадеше дома сега сите ги навлечив
Многу ја сакам топла со сирење,кечап,пржена сланинка,печено мевце,пржени колбаси,сос,кисела туршија и јогурт! И огромна предност и е тоа што лесно се приготвува!
Еднаш јадев и ми се згади од тоа.. Уфф.. Реков веќе дека нема да јадам такво нешто, но морав да го јадам. Имаше многу, а само за двајца. Изедов неколку лажици и веднаш почнав да повраќам. Не е лошо, но за мојот желудник ич не го бива... Оттогаш не сум ни видела никаде, па ни во продавница..