Палење на свеќи во црква

Discussion in 'Религија' started by Makide, Dec 24, 2011.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,547
    Likes Received:
    5,524
    Свеќата дава светлина, а светлината е симбол за Господ.
    Исто свеќата го претставува нашиот живот - еден ден ќе умреме сите како што свеќата се стопува и и‘ доаѓа крајот. Смислата е дека на врвот е светлината која е како ветување за вечен живот во рајот.

    Да, свеќата чини. Ете да земеме за пример свеќа од 5 денари - 1 денар оди за црквата, друг оди за Богословијата (средното школо и факултетот), па за сиромасите, за вработените што се грижат за црквата и 1 за восокот од што е направена.

    Јас обично земам 2 (од по 5 денари ако ве интересираше) и едната ја палам за живите (си ги спомнувам моите најблиски и моите желби за себе и најблиските - обично велам: за мир и благосостојба на...), а втората ја палам за починатите кои ги познавам за да најдат мир.
     
    friendy likes this.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,009
    Gender:
    Female
    Јас не бев за Божиќ во црква, па отидов денес. Кај што стојат свеќите немаше никој, па оставив пари и си земав. Вообичаено палам една за здравје на целото мое семејство, и една за мирна душа на моите блиски што се починати.
    Често одам во црква за да запалам свеќа, ми дава некој душевен мир секогаш кога ќе отидам. Освен тоа, секој ден поминувам покрај црквата Пресвета Богородица, па не е убаво само така да ја одминам.
     
    Insatiable13, Lepaaa and Srekicka like this.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Ако си направил грев, не мора в Црква да одиш. Можеш од каде и да си, од дома ти, искрено во себе да се покаеш и да се трудиш да не ја повториш истата грешка.
     
    pupi.girl and Gordana10 like this.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,194
    Gender:
    Female
    Не значи дека колку гори една свеќа е толкава жртвата или како што рече дека Господ повеќе ќе те сака.Тоа е така како што и рече Серафима, поради литургијата или пак поради било кој процес кој се одржува во самата црква и често.Ќе ја цитирам Серафима:

    Сепак литургијата не трае кратко, па поради тоа е потребно една свеќа да гори одредено време.Барем мене тоа не ми е важно, како и да е свеќата ќе догори, важно ми е кога ќе појдам во црква да запалам свеќа, воопшто не мислам притоа каде одат тие пари, затоа што не ме интересира.
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,654
    Одам во црква понекогаш и палам свеќи за секој член на најблиското семејството по една (така научив од мајка ми), за здравје, среќа и благосостојба и една за татко ми, да почива во мир.

    А колку пари кошта свеќата зависи, најчесто од оние од 5 денари земам.
    Досега никогаш не ме заинтересирал овој чин, па не сум се ангажирала да дознаам повеќе, но ете денес дознав и нешто окулу тоа.

    Туку читајќи го мислењето на Серафима, сакам да прашам нешто (малце офф топик) што многу ме интересира.
    Нели Христовото распнување е последната крвна жртва, ме интересира кое е значението на принесувањето курбан?
    Сум го сретнал овој чин неколку пати, но никогаш не ми било јасно зошто жртвуваат некое јагне, јаре и сл. доколку некој се избавил од смртта или во темели на куќа?
    Не е ли и овој чин принесување на крвна жртва или можеби грешам?

    Јас мислам дека ова е пагански обичај, и никако неможам да го протолкувам посуштинското значење освен она основното принесување на жртва.
    Сите што сум ги прашала не ми дале конкретен одговор, па бидејќи Серафима е по упатена би сакала да ми одговори и конечно да ја разрешам таа за мене мистерија.

    Модераторки, молим вас не ми го бришете офф топиков додека добијам одговор, после ветувам дека ако не го избришете само ќе го пријавам :) . Го пишав овде а не по лп зошто сметам дека можеби има и други членки кои ги интересира ова.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,343

    Можеш да отидеш кога сакаш и да запалиш свеќа, ама ако не се лажам црквите зимно време ги затвараат околу 17 часот (во летно време малку повеќе се отворени).
    Можеш и надвор да ја запалиш, исто значење има (обично кога се очекува голема гужва за празници изнесуваат повеќе такви надвор за да можат сите да запалат).

    За ова работа лично имам прашано поп и ми одговорил дека е паганска работа и суеверие. Чак што више се применува само во некои делови на Мк а не секаде. Ама ете луѓето го практикуваат па и муслиманите го прават истото
     
    najubava2010 likes this.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,428
    Likes Received:
    17,803
    Gender:
    Female
    Курбанот како жртва останал од владеењето на османлиите, тоа е муслимански обичај, Алах им вели да принесат жртва за своите гревови, да јадат од месото и да ја поделат жртвата со бедните и сиромасите. Нашиот народ како да го презел тој обичај убеден дека ако не принесе жртва за Господ дека ќе биде жртвуван некој од семејството, на пример при темели на куќа. Тоа е погрешно, Господ ја дал последната крвна жртва за нас и ако ние одиме спроти неговите зборови со принесување на жртва ние ја правиме безвредна неговата жртва и не го почитуваме. Можеби случајно некогаш при ставање на темел некој не принел жртва и може пак случајно погинал некој во тоа семејство и тие веруваат дека тоа е од непринесување жртва, тоа уверување се шири низ народот и станува општо прифатено. Нај трагично е кога жртва се принесува во црква, како свето место преку кое комуницираме со Господ а тоа не го забранува свештенството во црквата. Јас не почитувам попови, тоа ми е мафија со секоја чест на исклучоци, го почитувам Господ како наш создател (под ова создател подразбирам нешто поинакво од останатите верници, за тоа потоа ). Не значи дека мораш да отидеш во црква за да го пронајдеш својот Бог, можеш да го пронајдеш било каде, отварајќи му ја вратата од своето срце. Црквата е само место каде се собираат сите верници на едно место и заедно го слават Бог.

    Во црква некогаш палам свеќи за сите од семејството по една, некогаш само три (здравје, среќа, љубов, или можеби како симбол на светото тројство). Сакам да почекам покрај свеќите да гледам додека горат и често ми се случува да се блокирам и да не можам да кажам молитва во тој момент иако многу работи ми лежат на душа но ете не можам да зборувам во себе. Молитвата не мора да се каже со зборови, доволно е да ја имаш во душата и да чувствуваш каење за своите гревови, Господ телепатски ги слуша нашите молитви.
    Околу цената на свеќите, пак ќе кажам дека и тоа не мириса баш добро и тука мислам дека има нечесни работи, мафија и сл. особено летно време во Охрид на пример кога одиме во црква свеќите тука што се 5 денари таму се 30 денари итн. Страшно, тогаш купувам обично една и ја наменувам за сите.
    Ashling не знам автомобилот дали е на некој поп, но и јас имам видено таков пред црква и да биде работата пострашна излезе попот да си ја препаркира за два метра разлика, гарант со намера да го видат каква машина со затемнети стакла има.
     
    najubava2010 and slavica999 like this.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,579
    Што и да е ова со свеќиве мене ми е сосема непотребно.
    И општо повеќето обичаи ми се непотребни.
    Нели треба да веруваме само во Господ и да не правиме гревови,а свеќа да гори подолго/пократко е поинтлес.
    Друго нешто, нели црквата треба да им помага на сиромашните и на секој што ќе побара помош?
    Епа, јас познавам семејство кое останаа без покрив над главата зошто живееле на државен имот. Прво каде што се обратија беше црквата,а црквата им ги затвори вратите. Па од пријатели, од познаници се снаоѓаа некако за јадење и спиење,а беа со две мали дечиња.
    Сега се средија, но пред тоа?
    Нели парите што им ги даваме на икони,за свеќи треба да одат за нив?
    Револтирана сум и не ја сакам црквата и сите тие обичаи.. зошто ми стануваат одвратни.
    Тие што треба да се најголеми верници, се најголеми преваранти.
    Згора на се.. сега работат со фиксни цени.
    Порано кога поп ти пее лебче се знае, кој колку има. Сега фиксна цена, 300 денари!
    Да не правам муабет за брак,крштевка и погреб.
    И кој ги вози парите?
    Па мерцедесот на попот нормално.
     
    hermosa likes this.
  9. Simona91

    Simona91 Истакнат член

    Joined:
    Jan 21, 2010
    Messages:
    35
    Likes Received:
    6
    Дали има некаква врска која свеќа ќе ја запалиш најпрвин, дали за починатите или за живите? Јас обично прво палам за живите а потоа за починатите, но последниов пат кога бев во црвка жената што беше позади мене ми рече дека не е убаво така дека треба прво за мртвите да палам а потоа за живите ....
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Ова е најпогрешната работа која се прави. Господ е против убивање, а не напротив овде се убива за да му се пренесе жртва. Се сложувам дека е паганска, измислена работа. Која логика да заколам невино јаре и демек Господ задоволен и среќен е сега!? |(
    Потполно се сложувам за ова!
    И навистина е жалосно.
    Никогаш не сме чуле Црквата да му помогне некому, освен да му затвори врата. (Што не е случај со некои Католички Цркви, каде реално им се поамага на сиромашните, а во Црквите оставаат пари, кој колку има).
    Работаат со фискални сметки, како трговци. Имаш тарифа за венчавка, погреб, крштевка. Ако немаш пари, ќе ти остане детето некрстено.
    Имаше на тв, неодамна, најскапите коли во државава ги возеле владиците и поповите.
    Сепак, човек не треба да ја губи верата во Бога! Оставете ги поповите, за жал такви се опишани уште од народните приказни, ја искривуваат верата, одат на штета, а не на добро за народот.

    Знам дека прво се пали за живите, за здравје, среќа, а на крај за умрените, т.е. на крај да се насменат и тие.
    Сепак, ако некогаш запалиш поинаку, нема ништо лошо да ти се случи!! Господ нема одгоре да речеЧ леле како запали оваа, ајде една казна......итн... Остави ја бабата, жените колку што знаат, толку и се суеверни и знаат да те стават на `мислење` за најобична работа.
     
  11. song

    song Истакнат член

    Joined:
    Jan 8, 2012
    Messages:
    123
    Likes Received:
    46
    ?
    Може да добијам одговор ? :)
     
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,275
    Свеќа можеш да си запалиш кога што сакаш. Нема определено време за тоа, дали би било наутро или навечер :) .
    Додека за плањето на свеќите, дали во црква или надвор и тоа не претставува проблем. Шанданите (местата со песок, за палење на свеќи) се изнесуваат надвор со цел да не се оштетува фрескоживописот во црквата, но и севкупно целата црква. Сепак се знае зошто се пали свеќа и Господ ја знае секоја наша мисла, дали би било тоа во црквата или надвор ;) . Важна е нашата искрена молитва, нашето покајание и љубов.
     
    Page, song and Lepaaa like this.
  13. song

    song Истакнат член

    Joined:
    Jan 8, 2012
    Messages:
    123
    Likes Received:
    46
    Уште едно прашање. :)
    Не чини ли да се остави незапалена свеќа ?
    И колкава улога игра тоа колку ќе гори свеќата? или нема врска битна е намерата ? :)

    *Инаку да се дообјаснам,денеска бев во црквата во мојата населба.Патот е доста долг за одење пеш околу 1 километар и плус пола е угорница. :!: И конечно стигнав па да запалам свеќа(свеќа си носев од дома,моите купуваат од пазар свеќи за во црква ама кога е отворена црквата од таму си купуваме
    црквата е отворена само за позначајните празници како велигден,бадник,божиќ и сл.
    ,и пред црквата има штандови за палење свеќи отидов и палам несака упаљачот да запали,пробав уште еднаш па уште еднаш..Многу се изнервирав ми идеше да оп*ујам све живо и диво се :devil: !! Ова не ми се случува прв пат,упаљачот го проверив дома и имаше плин ама изгледа од времето што подивнува не пали се запнало не пали :devil: многу се изнервирав и ја ставив свеќата во песокот мислам ја закопав до пола кажав два три збора во себе се прекрстив и си заминав.Ова многу ме нервира немате претстава колку а требаше да запалам свеќа,се имам враќано до дома па назад до црква само за да запалам свеќа и тоа од вакви причини заради упаљачот т.е. времето :@ ..!! Сега да прашам грев ли е така да се остави незапалена? Стварно ми е жал ама преку глава ми беше.. :sweat:
     
  14. perlaa

    perlaa Популарен член

    Joined:
    Dec 2, 2011
    Messages:
    1,223
    Likes Received:
    788
    Јас на секое поагање во црква си палам свеќа. Не знам дали тоа нешто значи или пак не ама јас тоа го правам на секое одење во црква.
     
  15. Page

    Page Истакнат член

    Joined:
    Jan 2, 2012
    Messages:
    149
    Likes Received:
    359
    Зад палењето на свеќата се крие длабока симболика. Светиот Симеон Солунски (+1429) ни кажува дека свеќата која ја палиме ги има овие значења:

    - Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок. - Исто така и мекоста на душата, врз која можеме да напишеме било што. - Уште и Божјата Благодат, зашто восокот доаѓа од мирисни цветови. - Обожувањето, кое треба да го достигнеме, зашто таа се пали со оган и го храни. - И светлината Христова, која ја гори и осветлува темнината. - На крај, љубовта и мирот, особини на секој Христијанин, зашто, додека гори, таа со својата светлина го просветува и утешува човекот кој е во темнина.
    -----------------------------------------------------

    Палејќи свеќа треба да се сеќаваме дека треба да живееме во светлината која сме ја добиле со нашето крштевање. Затоа крштевањето уште се нарекува и просветување. Затоа, за време на крштевањето држиме запалена свеќа. Оваа светлина е огнот на Светиот Дух и таа се пали во нашата душа секогаш кога учествуваме во Светата Литургија и се причестуваме. На крајот на секоја Света Литургија пееме: «Видовме вистинска светлина, Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на неразделната Троица ѝ се поклонуваме, зашто Таа нè спаси нас.» Свеќите се еден вид наш принос на Бога од материјалните добра, кои Он ни ги дава (Твои од Твоите, Тебе Ти принесуваме) и ја означуваат мекоста на нашата душа, но и соединувачката сила на Светиот Дух, зашто се произведуваат, по правило, од чист восок, направен од пчела, која собира полен од најразлични цветови за да го произведе.
     
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Joined:
    Jan 29, 2012
    Messages:
    4,184
    Likes Received:
    3,051
    Page прекрасен одговор, секоја чест.

    Јас најмалце еднаш неделно одам во црква и палам свеќи, 1 за Господ, 1 за мене за здравје, 1 за моето семејство и една палам долу за да почива во мир дедо ми.
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,428
    Likes Received:
    17,803
    Gender:
    Female
    Свеќите од венчавање, се догоруваат еднаш пред младенци и трет пат на младенци, така? Или грешка сум? :?:
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,930
    Likes Received:
    4,703
    Gender:
    Male
    Во некои места се палат точно 40 дена по венчавката. Во Скопје сум видел дека се носат в црква и се палат на свети 40 мученици...
    Како и да е во книгите црковни нигде не пишува, кога и како се палат овие свеќи. :) Па за да не се нарушува локалниот обичај, најдобро да си се праша во градот(маалото) во кое живеат зетот и невестата. :)
     
    Abeja likes this.
  19. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Joined:
    Aug 28, 2012
    Messages:
    1,085
    Likes Received:
    556
    Бидејќи јас одам еднаш во недела во црква, секогаш палам свеќа.
    За мртви, за живи... и да, секогаш палам и една за Тоше П. :)
     
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Joined:
    May 14, 2012
    Messages:
    5,862
    Likes Received:
    32,484
    Gender:
    Female
    На секое одење во црква си палам свеќи. Една за мене за моето здравје, останатите три за мајка ми, татко ми и брат ми. И уште една долу за тетка ми да почива во мир.