Палење на свеќи во црква

Дискусија во 'Религија' започната од Makide, 24 декември 2011.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    дали има опредлен ден кога не се пали свеќа вцрква,негде имам слушнато дека во понеделник не чинело да се пали а и не знам зошто така? Сакам да појдам и да запалам свеќа за тетками да почива во мир бидејќи ја сонував пред некоја ден дали има врска кога да отидам?
     
  2. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    13.277
    Пол:
    Женски
    Нема врска. Можеш било кој ден да отидеш и да си запалиш свеќа за здравје или за починатите :)
     
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Одам црква на секои 2-3 недели и си палам свеќа за здравје па за останатите членови на семејството, па доле палам свеќа за тетка ми.
    Кога ќе излезам од црквата немате поим колку олеснато се чувствувам.Едноставно духовно се ослободувам и имам едно прекрасно чувство.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.056
    Пол:
    Женски
    Купувам било каква свеќа, потенка и помала или подебела и поголема, сеедно, па најчесто палам за здравје, поретко за мртвите. Не ми е важно кој ден е. Одам кога ќе почувствувам потреба за тоа или кога минувам покрај црква а имам повеќе време и не се брзам за некаде.
     
  5. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Свеќи си палам онака ради реда повеќе личи на шајки качење него на свеќи :D ама кога имам некоја желба асално си палам:$
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.828
    Пол:
    Женски
    Секое одење си палам свеќи во Црква,некогаш за сите од семејството поединечно а некогаш само една за цела куќа,исто неизбежно ми е да запалам и за баба ми која е покојна.
     
    На 2212 и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. detelinka123

    detelinka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    78
    бев кај една постара жена што гледа на кафе и ми рече почесто да одам во црква и да палам три свеќи и третата да ја запалам и да ја оставам обратно, со пламенот надоле ... е сега не ја разбрав зашто три и зашто третата надоле ... да не знае некој да ми објасни?
     
  8. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Одењето кај гледачки на кафе и одењето во црква се две сосем спротивни работи кои се исклучуваат една со друга!
    Одбери, или црква или бајачки, гатачки и предвидувачи на иднината.
     
    На cresa-jagoda, sonuvana, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. detelinka123

    detelinka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    78

    прашањето ми беше дали некој може да ми го каже значењето на третата свеќа :?:
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.056
    Пол:
    Женски
    @detelinka123 Јас не го знам значењето но очигледно дека е нешто изопачено и не е на арно. Во црква се палат свеќи за здравје, за мир, за спокојство и за покој на мртвите и не треба да се оставаат наопаку... не си играј со такви работи, сериозно.
     
    На cresa-jagoda и sonuvana им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    9.230
    Пол:
    Машки
    Пред Томас Едисон да ја измисли електричната сијалица и Никола Тесла да открие начин за далечинско пренесување на струјата, сите домови, цркви и секакви простории навечер се осветлувале со огнени светилници (тогашни свеќи). Свеќите имале единствено улога да осветлуваат затемнета просторија.
    Дури подоцна некои луѓе (од крв и месо) измислиле некаква поинаква улога/значење на свеќите, демек тие се палеле за здравје, среќа, бериќет, за живи, за мртви итн. Господ гледа горе кој пали свеќа и како ја пали и баш на тој/таа му дава здравје, среќа, бериќет :) Да не се лажеме, свеќите се продаваат за финансиски доход во црквите. Тоа е класичен бизнис, како и календарчињата, бројаниците, крстчињата, светите води, икончињата итн. Тоа е религиозната тезга на Македонските простори.

    Жената што ти гледала на кафе си измислила или пак научила некој друг обичај, друго значење на свеќите. И ова е измислено од луѓе, како и претходното.
    Муабетот ми е дека и ти можеш да си измислиш некој свој уникатен обичај, значење или улога на свеќите. Ако си доволно влијателна, можеш да го наметнеш тој обичај и на другите и еден ден да викаат луѓето е вака треба, вака е правилно - како ти што си правела :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Палејќи свеќа, испраќаме љубов.

    Ако пламенот го свртиме наопаку,ја негираме истата, испраќаме омраза.

    Во една црква пред извесно време стоеше молба упатена кон " верниците", да ги палат свеќите правилно.
    Очигледно гатачките имаат моќ да манипулираат и да ја користат маката човекова.

    Опасно е да се испрќа омраза, не е ни малку наивен овој ритуал.
     
    На carangigia, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Машки
    Свеќата е само симбол на Божјата светлина и ништо повеќе. Ниту за мртви, ниту за здравје, тоа се само лаги, ниту за жртва, ниту за дар. Жртвата беше Христос, а нашата бескрвна жртва колку ние го почитуваме, љубиме, познаваме (запознаваме) и го посветуваме животот на Христос, правејќи го она што тој го правел или би го направил во одредена ситуација.