Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палма де Мајорка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Rubiii, 25 август 2011.

  1. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    ако мозе да ми казе некој дали од мајорка прават тури со бродцинја до Марбелја ,Ибиза....
     
  2. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Брат ми и женската беа тука на одмор, јас не сум била.
    Местото е прееекрасно, нема кој не бил задоволен, не за џабе е толку популарно..се надевам ќе го посетам и јас еден ден, заедно со Барселона. Ах, еден од соновите ми е да одам во Шпанија *sigh* :D
     
  3. Anna21

    Anna21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Девојки ако некоја од вас или повеќето девојки сака да отпатува за Барцелона летово а нема со кого онда пишете ми... јас сум била многу пати во барселона скоро низ многу плажи и навистина е прекрасно , сакам летово да одам но со ново друштво :D ако имате нешто во план за барселона тука сум хехехе :D:D:D а и знам многу добро шпански така да нема проблем. :)
     
  4. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Бев на двенеделно крстарење,и секој ден застанувавме на различни места. Една од дестинациите беше и Палма де Мајорка. Мене искрено многу ми се допадна. Не бевме долго,бевме само околу 5-6 саати,и немавме време се да исшетаме,ама поголемиот дел од островот го видовме и јас бев презадоволна. Продавници,стари градби,улици за шетање... има што да се види,и има многу туристи. Времето беше супер,поготово за прошетка по марината така да,направивме една добра прошетка. Јас планирам пак да одам во иднина :)
     
  5. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Кажете ми некое убаво место на островов со убава плажа, по можност да не ее прежуркачко како Мегалуф, а да не е па премногу мирно.
     
  6. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Изгледа ја сум единствена што не ми се свиѓа Палма де Мајорка. Јас не би ја препорачала, ништо посебно, ама затоа топло ви ја препорачувам Малага, верувам дека нема да ве разочара.
     
  7. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Јас па сакам Валенсиа да одиме ама нема понуди за таму, освен таму да си бараме :^) да не бил некој таму?
     
  8. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Би сакала да го посетам местово.
     
  9. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Што понуди има по агенцииве за Мајорка за летово ако знаете?? Има ли евтини летови од Мајорка до Ибиза?
     
  10. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    И мене ме интерсира пакет понуда сместување со превоз ....не најдов во ниту една агенција за Палма
     
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    http://www.aurora.com.mk/palma-de-majorka-2/ еве ти од наша агенција,а ако пишеш на гугл летовање палма де мајорка со латиница букви ке ти излезат понуди од српски агенции еден куп секако и од оваа агенција ако уплатиш,летот ти е од Белград.И ние планиравме да одиме затоа знам :),ама ке видиме што ке излезе.
     
    Последна измена: 4 јуни 2015
  12. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Со автобус до белград ќе се оди?Влегува тоа во цена или не знаеш ни ти?
     
  13. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    @jloves мислам не.Лани од аурора за Сицилија уплативме и они не префрлија во српска агенција со која соработуваат odeon world travel(најверојатно и сега така ке биде) летот од Белград беше и сами си организиравме за автобус.
     
  14. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил скоро на Мајорка?Ние одлучивме таму да одиме па ме интересира цените како се во кафичи ресторани и сл.Лежаките разбрав дека се околу16евра,а дали има кафичи на плажа со нивни лежалки па да даваат слободни со нарачка?
     
  15. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.217
    Пол:
    Женски
    Преку која агенција сте биле/би оделе на Мајорка?
     
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Знам дека прашуваш за агенција, ама да ти дадам и друга опција. А и воедно на сите што се заинтересирани.
    Летоска бев во Барселона со Визер летав, а преку airbnb најдов сместување. Во авион сретнав 3 девојки кои одеа за Барселона, а потоа оттаму со авион со Ryanair за Палма де Мајорка. Си резервирале авион два-три месеци пред одење, за смешни цени. 70 евра повратен до Барселона, и 50 евра повратен до Мајорка. Сместување преку airbnb лесно се наоѓа, издаваат соби, цели станови, какво и да сакаш сместување, ќе најдеш, од луксузни станови, до поефтини варијанти на делење стан со сопствениците.
     
    На ph.orhideja и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160

    Здраво bebaa,

    Ние планираме оваа година да одеме на одмор во Мајорка, па ме интересира дали бевте лани и ако да дали бевте на сопствена режија или агенциски?Каде е најдобро да бидеш сместен, кои се најубави плажи?

    Однапред благодарам
     
  18. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    бевме преку аурора,па они не префрлија во одеон травел,српска агенција што соработуваат.До Белград сами си организиравме,од Белград со авион.Во Can pastilia во хотел Roc Leo бевме сместени,сакавме во еден друг хотел,ама немаше место во последен момент уплативме.Плажата пред хотелот убава чиста широка,на 2мин од хотелот, ама водата ништо посебно.Сите плажи се на градот нема хотел со плажа така да сегде се плака лежалка.На таа плажа беше ако не се лажам 16евра и горе доле тие се цените.две лежалки и чадор.Најубава плажа ми беше на другиот дел од островот Playa del Muro,во Alcudia таму и лежалките веа поефтини а и водата е мнооофу поубава.Ако сте со деца би ви препорачала овде оти е и помирно и поплитко.Исто убава е и estrenc така нешто беше.Бевме на излет до Ибица со брод и се лупнавме на една плажа најпозната била дискотеката Бора Бора била таму.Плажава катастрофа,мршник со кондоми и пикавци а 20евра 2лежаки и чадор.Има многу пијани англичани и германци низ Мајорка,Can pastilija i Alcudia се помирни е сега пешки можеш од ,Сan Pastilija do El Arenal да отидеш и таму е мнооогу побучно навечер со пијаници.Незнам што барате,журки или мирен одмор.Бевме на некои ексурзии во градчето Валдемоса,Драгон пештерата,Porto solier и таму е убава плажата исто,ако сте во можност посетете ги овие места убаво е.Од Can Pastilia до градот Palma имаше превоз и тоа блиску до хотелот наш околу две евра беше автобусот не ме факај за збор точно заборавив ама ефтин беше многу превозот.Во тој град и има аквариум многу голем со разни риби,живинки и ајкули,би ви го препорачала.Храната не беше мн скапа,барем сендвичите на плажа што ги јадевме,бевме полупансион така да на вечера не бевме надвор.Пиво беше 3евра па нагоре.Ако ми текне нешто друго ке ти пишам.
     
    Последна измена: 21 април 2016
    На paleska3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Како е за одмор на Палма де Мајорка?
    Дали е скапо сместувањето во приватен смештај?
    Дали е скапо онака за одмор? Јадење, пиење, шетање низ островот со рент а кар и тн?
    Од каде има директни линии до Палма и која цена се картите?
     
  20. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.160
    Ти благодарам многу @bebaa за исцрпниот одговор. Ние сме дечко и девојка но не бараме некој одмор со журки туку само да се истражува повеќе и да се видат што е можно повеќе плажи. Вие имавте изнајмено рент а кар или одевте со автобус?И колку кошта превозот, дали е скап? Бевте ли на Cala d'or и Cala Millor плажите?И дали сте задоволни од островот или се очекува премногу од ова место затоа што е премногу познато?