Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палма де Мајорка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Rubiii, 25 август 2011.

  1. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Ние бевме сместени на југозападниот дел, во Магалуф најмногу познат по ноќниот живот. :D
    Се наоѓа во општината Калвиа, плажите се долги, песочни. Цена на две лежалки и чадор беше околу 15 евра.
    Ручек јадевме во рестораните на плажа, пица од 16 до 20 е, сендвичи околу 10е, стек 25-30е, десерти од 7 до 10 е, кафе 2.50е, коктели 11евра.
    Во хотелот имавме полупансион, храната беше разновидна и добро подготвена. Голем надворешен базен, имаше шоу навечер покрај базенот, уште еден помал базен со доста интересни лежалки околу него, вториот повеќе за сликање :) Може да се користи се во хотелот, освен внатрешниот базен и спа, кои идеа со доплата.
    Во хотелот имаше штанд од фирма која нудеше огромен број на активности и екскурзии, за сечиј вкус и за разлика од оние кои агенцијата ги понуди (бевме преку српска агенција), секако цената беше поевтина.
    Превозот доста организиран, евтин, постојката беше 2 минути од нашиот хотел лесно може да се снајдеш и убаво можеш да се прошеташ по островот и без да ренташ кола или скутер, затоа воопшто не изнајмивме автомобил (тргнавме од овде со намера да рентаме).
    Најпозната дискотека во местото и на островот е BCM, се наоѓаше до нашиот хотел, околу 30е влез. Ние бевме во ек на сезона , имаше многу гужва пред дискотеката, па се откажавме. :(
    Локалите навечер се преполни претежно со Англичани, имам впечаток дека најмногу од туристите беа од Англија.
    За тие што идат со деца има еден интересен Катманду Парк, може да се прогугла, доста интересен.
    Од страна на плажи, најголем впечаток ми остави Es Trenc, до неа мора да се пешачи, лежалки нема за изнајмување, има само еден шанк за пијалоци, ама затоа ја има најубавата боја и бела песок, и можам слободно да кажам дека може да се вброи во една од најубавите плажи што ги имам видено.
    Градот Палма ми се допадна многу, и посакував место еден цел ден, барем два да имав низ градот.
    But i will be back.. ]:)
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Здраво девојки,
    Оваа година решив да одиме на одмор на островот Палма де Мајорка на средината на Јуни. Купивме карти, и ни остана да одлучиме каде да се сместиме. Бидејќи ќе бидеме 7 ноки, мислев 5 ноќи некаде со убава плажа, и место за шеткање навечер и 2 ноќи во Палма( за да го прошетаме градот и аквариумот).

    Одиме со сопругот и со нашето скоро 2 годишно синче, па секоја препорака би била од огромна корист, за место, хотел, рент а кар...итн.. Ако има некој па што бил и во скоро премногу ќе ми значи мислењето.
     
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.098
    Допаѓања:
    5.836
    Preporaka za Aljudija i okolinata nie lani bevmw godinava pak sme pak tamu sredina na Juni, za renta car kw si najdete na lice mwsto tamy
     
  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    2.607
    Со вереникот размислуваме да одиме крај на авбуст/почеток на септември. Каде би препорачале да одиме?
    Дали сте задоволни од некоја агенција или е подобро сами да си организираме преку букинг? Доколку одиме со сопствена режија ако може да ми дадете насока за авионските летови
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Од Скопје со Аустриан за почеток на септември некаде беа околу 200 евра повратна
    Подобро е сами да си резервирате, со букинг нема грешка..

    А за каде да одите, зависи што сакате, што очекувате..
     
    На senjorita-v и ana-sweet им се допаѓа ова.
  6. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    2.607
    Убави песочни плажи и интересни места за излегување:)