Денес ми стигнаа сил.нараквици, морав да ти ги сликнам. Овие еднобојниве (како лилакова) се ептен преубави, мекан силикон исти како оригинал, со шарениве нараквици се осеќа разлика во материјалот, вероватно поради принтаното, ама мене не ми пречи, се лесни секако. Ми се допаѓаат. Спојлер [\SPOILER]
Дечки каде може да се купи во МК Apple Watch 5? За братучед ми прашувам. Во Сетек, Нептун го немаат. Евентуално по мобилариве, Ледиком/Мобеликс, но колку се во ред таму? За телефони купени од Ледиком не сум слушала баш позитивни искуства.
Можеби во IStyle продавницата, во Сити Мол ја има... Јас од Ледиком секогаш купувам, досега сум немала проблеми, ама не од Епл, па не знам.
Не. Рекоа дека не знаат. На мм не му се чекаше па зема Гармин. Се поврзува исто со ајфон. Ако му е битно. Јас ќе си чекам. Ако дојдам до инфо ќе ти пишам.
Со здравје да си се служи, и Гармин се супер. Ти благодарам, и јас ќе те известам ако дознаам дека некаде има.
Стигна! Испратен на 20.08 стаса вчера. Во пакетот беше саатот со каишка, каишка плус, фолија за екранот и кабелче за полнење. Линк од селерот: https://a.aliexpress.com/_mKBXdET @Annath
Сега проверив. Има нешто. Јас денес пак прашав во Ајстајл. Ми рекоа дека немаат лиценца и не знаат како ќе биде. Ако сакам да земам од некоја мобилара, ама тие биле на црно увезени. Треба да прашам како оди со гаранции кај нив.
Не сум сигурна искрено, ама мислам дека немаат гаранција. Сепак провери за секој случај, ако се одлучиш да земеш. Спојлер: мобилара Туку, ако веќе земаш од мобилара, јас би ти рекла подобро Мобеликс отколку Ледиком. Спомнав мислам и погоре, другарка има земено телефон од Ледиком, имаше проблеми со батеријата. Можеби нема врска едно со друго, ама чисто да знаеш како информација.
Кај нас во Анхоч знам го има и евентуално во официјалната продавница во Скопје ма да ја немаше 5ката кога гледав. Супер си функционира, батеријата утре две недели како е полнет и е на 30%. При вежбање ти мери срцев ритам, калории, веќе и како аларм си го користам, само за бањање го вадам.
Може ли да ми препорачате ваков часовник, навистина не се разбирам бидејќи не е за мене, за подарок на блиска личност е. Цената не ми е важна
https://www.facebook.com/1682135795427160/posts/2416017665372299/ Порачувал некој од тука? Како е можно да се вакви цените? Xiaomi Mi 4 е 300 денари..