Јас би ти препорачала да си купиш оригинал од лиценцирана продавница како Анхоч, Нептун, Сетек, или од официјалната продавница на Xiaomi во ГТЦ. Mi band 4 мислам дека некаде го гледав за околу 1500 денари ако не грешам. Или ако ти се чека, би можела да го нарачаш од официјалната страна на Алиекспрес само што треба да пазиш дали е навистина официјалната страна. Таму се нудат за уште пониски цени. Една негативна страна е што нема гаранција додека пак ако го земеш од лиценцирана продавница добиваш една година гаранција. Разбирам дека и 1500 денари за некого се многу, но мој совет е да почекаш додека да собереш пари па тогаш да си го земеш. Вакви копии често се неквалитетни особено во поглед на батеријата.
Дали знаете каде можам да најдам заштитно стакло за Mi Band 5? Не ми се чека месец дена од АлиЕкспрес
https://intercomp.com.mt/product/ga...ium-bezel-with-orchid-case-and-silicone-band/ Некој/а да не има ваков модел да ми каже дали има јаки вибрации на алармот за спиење? Ми треба да ме буди наутро бидејќи цврсто спијам.
Отвори на youtube review за часовников, и ќе покажат како вибрира сигурно, и ќе имаш претстава колку се јаки вибрациите.
Маж ми има Гармин, само друг модел. Инстинкт беше мислам моделот. Кога му е раката околу мојата и јас го осеќам дека вибрира. Види во некој изложбен салон, пробај. Најсигурно.
Зависи. Јас сум спанка, ама сум многу задоволна од саатот (Самсунг) за будење. Вибрациите не може да не ги осетиш и да не те пробудат. И плус е што кога треба да станам не ги разбудам сите околу мене како порано со алармот на телефонот.
Ако си го пробала и не ти врши работа за будење, немам друга препорука. Те читнав погоре дека бараш. Додека сум на темава, сакам да се искажам околу овие смарт саатовите. Имено, задоволна сум од мојот и сеуште го користам, арно ама никогаш повеќе не би купила смарт часовник или да го апгрејдирам овој за понов модел. Овие гаџети, кои се наменети за да ти го олеснат живот, всушност знаат да ти го закомплицираат повеќе. Почнувајќи од тоа дека мора да го полниш редовно, зависно од саатот, ама секој се полни на 2-3-4 дена да речеме, ако се користи за социјални мрежи, сигурно треба почесто. И некогаш ми доаѓа преку глава, полни телефон, лаптоп, саат, таблет, слушалки, аман! Ко во ропство се чуствувам Друго, саатот не го користам за социјални мрежи, функциите кои ги користам сега ми се мерење чекори и време. А да, и будилник. За тоа ми е супер. Сите други опции веќе не ги користам. Заклучокот, многу скапа работа, која ми дојде како ќеиф, се "изиграв" и веќе не ми е интересно. За мерење фитнес активности, ако ми треба во иднина , би земала некоја најефтина нараквица за таа цел. Едноставно ниту животен стил ми е таков, ниту живеам во некој урбан, брз, премодерен свет да ми требаат функциите кои ги нуди. Класика саат, што менуваш батерија на две години ќе ми е сосема доволен. А за пари што ги дадов за овој можев да земам некој ултра добар часовник кој не е смарт и кој нема да биде "аут оф фешн" технологија за 6 месеци.
Не,не го пробав. Ме мрзеше прееска да се објаснам. Имено,многу цврсто спијам и ми треба нешто да ме буди. Имам познаници кои носат но викаат не се јаки вибрациите како на телефон туку онака минимални како за часовник. Јас имам мал смарт без опции за на рака,и пробав со тој но џабе пак се успивам наутро. Речиси не го ни осеќам, мислев ако земам поскап ќе е подобро,но луѓе што ги носат кажуваат дека не е тоа тоа.
Има да се подеси јачина на вибрација, мојот е на Light, па ми е ок. Спојлер Да можам би ти го позајмила саат за една вечер , најдобро би било, да знаеш што да очекуваш. Јас мислам би ти било доволно, ама па можеби и не.
Паметниот часовник на Apple е дел од палетата производи на компанијата од 2015. година. Во последните пет години стана еден од омилените додатоци на корисниците. Ако и вие размислувате за купување, ќе ви помогнеме да се одлучите дали уредот би се вклопил во вашиот живот. Паметните часовници се интересен сегмент во индустријата на изработка на часовници. Некои се колнат во нив, а некои и натаму се држат до класичните часовници. Секако, промената не беше секогаш лесна. За да ви го олесниме донесувањето на одлуката, издвоивме три работи кои би можеле да ви бидат важни. Apple Watch оди рака под рака со здравјето и вежбањето. Самиот iPhone не е доволен. Основната и клучна функција е сензорот за следење на отчукувањето на срцето и вградениот EKG сензор (Series 4 и Series 5). Овие два алата можат да ви помогнат да го следите здравјето на срцето и на време да бидете свесни за можните проблеми. Без оглед на се, Apple Watch е и стилски додаток. Кога ќе ја пронајдете бојата која најмногу ви одговара, лесно ќе ги пронајдете соодветните додатоци, како ремените и полначите. Да не го споменуваме и богатиот избор на лицата на часовникот, зависно од вашието расположени и стил.
Која е разлика од овие серииве на Ејпл? И кој е најдобро да се купи сега? Последната серија отпаѓа,речимо нешто пред неа. @ЕденЧлен @Billy Idol
^ И мене ова ме интересира, и дали можам да си купам на ејпл часовник од мкд? Видов еднаш дека го има на Mobelix, серија 6, ама дали е оригинален?
Па, сега како што гледам има 3 часовници во продажба. Последната, серија 6, SE верзијата, и серија 3. Серија 6 е најновиот саат, со најбрзиот чип, S6, и друго што е битно, а го немаат другите два е always on display. SE е некако најдобра куповина од сите 3. Ги има скоро сите опции како S6, само што користи процесор S5. И е малку по тенок, по прикладен на рака. Серија 3 е веќе застарена верзија. Има помал екран, чип постар, S3, сензор за срце постар, не можеш преку него да се јавуваш и добиваш пораки мислам, не можеш да го конектираш без ајфон итн. итн. Значи, тој ептен ако сакаш за малку пари да го купиш. Ја би одел на SE. Има се што е потребно, и пониска цена има. 280$ мислам му беше. Баш онака солидни опции нуди, и секако како моден додаток е баш убав и модерен. Серија 6, единствено ако ептен ти фали always on display, да ти е уклучен цело време, и да сакаш премиум уред. @QweenSM , да. Оригинален е, и има интернационална Епл гаранција, која не ти ја врзува за Мобеликс, бар така е за телефони. Безбедни се за земање на Епл производи, без гајле.