Почекај мислење и од @ЕденЧлен , он повеќе ги разбира Епл уредите. Ама вака ако гледаш, по мене SE највеќе се исплати. Сепак, саат се купува како моден додаток и пари не се жалат. Па кој ти лежи најдобро во рака, тој зимај го.
Околу 890 ден. зедов најобичен (не е ист, но приближно) како на страна 3 (врти наназад), крајот на летото. Секаде ќе најдеш под/до 1000 ден.
Дали можеби знае некој зошто се различни цените во Anhoch со Xiaomi продавницата? Доста се поевтини во Anhoch па не знам дали таму да одам да си купам или во Xiaomi. Конкретно за овој производ се работи: https://anhoch.com/product/59926926...FfSVHF68yWybcIwtKprbHjGxLZmarfg7u92bO9km6SyiB https://www.mi-store.mk/product/mi-band-6/
Не сум запознарна воопшто со тоа кои опции може да ги имаат смарт часовниците. Може ли некој да ми објасни какви опции имаат и ако може препорака за некој до 2000ден.?
За тие пари подобро земи си Xiaomi Mi band 6 или Huawei band 4. Паметен часовник за тие пари добар нема да најдеш. А оние што се добри од по 5-6000 денари немаат некои којзнае какви опции повеќе од нараквициве. Јас ја имам Ми бенд 5 и овие опции ги има: Час, стоперица, мери калории, мери чекори и километри, има различни модови за различни спортови како трчање, брзо одење, велосипедизам, планинарење итн. итн. и одлична ми е за следење на дневната активност, спортување и вежбање. Има исто така можност и да ти стигнуваат смс пораки и други нотификации од социјални мрежи, ама не можеш да одговориш на нив. Има можност да пуштиш музика на телефонот и да ја контролираш. Ти мери притисок, SP0² што не сфаќам што всушност мери, пулс на срце... Не мери ова најточно, не може да се базираш на овие сензори, ама добро е овака за приближно да знаеш. И ти регулира спиење, колку имаш здрав сон, ти дава некои здрави навики и потсетници ако седиш долго време, се поврзува со апп на мобилен каде може да ги следиш сите овие податоци.
Сакам smart часовник, навистина немам искуство, сакам да е елегантен, а да ми мери чекори, да можам да видам кога некој ме бара на тел. ако не е покрај мене, планирам да го носам и на работа, не само за физичка активност, за samsung телефон, не iphone
https://www.anhoch.com/product/599268984/garmin-smartwatch-lily-white-gold Само не можеш да одговараш на пораки директно на него.
Незнаев каде да го поставам прашањево па еве тука можеби знаете некои часовник што е за рака или нешто друго да може да ставам песни и преку слушалки да слушам музика кога ќе трчам бидејќи телефонот ми троши премногу брзо батерија и затоа сакам да си купам нешто друго што би можела да слушам музика преку слушалки
@Billy Idol ќе те означам тебе гледам појке се разбираш кажи ми дали знајш која апликација беше за детскиве паметни часовници за да имам контакт неможам никако да се сетам
Многу ги има овакви модели, премногу... Не може овака никој да знае. Единствено по моделот на часовникот да се побара на гугл ако може да се најде... Сличен проблем имав со оваков noname часовник, се убивме од барање, спуштавме некои рандом апликации и не успеавме.