1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Панкери и рокери

Дискусија во 'Мода и стил' започната од KejtiKaulitz, 9 август 2010.

  1. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Паа јас сум повеќе во стилот rock-scene (како емо) и во Велес нема многу девојчиња што се облекуваат така во тој стил..
    И многу ми смета што пола Велес се рапери и машки и девојчиња :worried: Тек сега почнуваат да се оформуваат други стилови..

    И што мислите вие за овој стил .. нешто препораки,коментари бла бла :)
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Епа ако ти си Емо, тогаш тоа нема допирна точка со рок и панк - да се разбереме начисто. Тоа е само некој меѓу„стил“, привремен (опстанува само кај тинејџерите).
    И ако ти сакаш да се облекуваш така.. тогаш облекувај се.
     
    На Danilela и Wild.Child им се допаѓа ова.
  3. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    Тоа ми е само облеката ... сепак најчесто носам црно,црно бело , црно црвено сепак кога се носат во риги тоа е некоја одлика на емо стилот, тоа ми го наметнаа другарите и сега кога ќе ме прашаат така кажувам ... инаку слушам панк/рок највеќе .. емофците се повеќе по Screamo ...
     
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Знам за тоа во Велес, ако те видат со поразличен стил од нивниот те гледаат ко да си паднат од Марс, ама што им обрнуваш внимание, можеби ни тебе не ти се допаѓа нивниот ‘‘раперски‘‘ стил, секој со свој вкус. И не значи дека ако слушаш панк и рок, дека мора да се облекуваш така, облекувај си се како се чувствуваш и како сакаш. А се си мислам дека имаше една тема за субкултури. :^)
     
  5. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    А па незнам :) А и секако не се замарам за тоа што другите мислат за мене, битно ми е да си бидам тоа што сум а не тоа што другите сакаат да бидам.
    А знаеш ли колку е јако чуството да си поразличен од другите, некој ден и други почнуваат да се облекувваат како тебе, ти си им како инспирација .. така да мора некој да почне да биде различен во градов

    Peace :P
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Нема врска тоа Ангелче.
    Во Велес сите се знаеме и тоа што те гледале како да си паднала од Марс е затоа што прв пат те гледаат, нова си и не те знаат. :)
    Ама кажи колку е интересно поминуваш и сите се вртат "која е оваа, сигурно не е велешанка."
    :lol:
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Чудна работа... ако си фан на Токио Хотел те молам не мешај стилови - не го реди овој бенд во исти кош на некои легендарни рок и панк групи.

    И да, Ангелче е во право дека има тема за субкултурите...
     
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    Многу е јако ..
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Рокерите ми се многу јаки типови и типки. Го почитувам нивниот стил воедно и нивното облекување затоа што навистина имаат добри прачиња облека. Ретко кој се осудува да излезе на улица така облечен.

    И јас би се вброила во нивната група како некој што слуша нивни тип музика, ама не се носам така :| .
     
    На bastet и Angiie им се допаѓа ова.
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Панкот и рокот не се стил на облекување, туку начин на живот.
    Можам и најголемиот турбо фолкер да го извадам од „тезга“ (многу, премногу го мразам зборов |( ) и да му облечам Конверс или Мартинки, црвени фармерки или кожни пантолони, маичка со „Секс пистолс“ или пак со „Г'Н'Р“, но ниту најмалку тоа нема да го направи панкер или рокер.
    Жално е што кај нас тоа се смета како моден тренд. :(
    Башка што емото нема врска ниту со панк ниту со рок, иако и двата типови музика се произлезени од рокот, но емо музиката е нешто многу поново. Ако гледаме од таа страна, а до колку се земе во предвид облекувањето, сите три стила немаат врска еден со друг.
    Позери ги има со лопата да ги ринеш...

    А околу „храброста“ да излезеш на улица така облечен, јас често одам во црно. Значи фармерка темна, дукс црн, маичка црна (или пак со бенд), кожни алки, старки, пирсови на уши, марама, но ретко кој ме погледнал „криво“, т.е. можеби и гледаат, ама искрено не ми текнало да се завртам наоколу. :lol: Освен често мали деца знаат да ми дадат некој чуден поглед :^) , ама ајде, мали се. :D И искрено, воопшто не се чувствувам како да сум не знам што, значи скроз ми е нормално. Ствар на вкус е.
    Нека ми се смеат бидејќи сум различна, јас им се смеам бидејќи се сите исти. ;)
    Додека пак ги почитувам оние кои слушаат, а не се носат така. Доколку облечам маичка со група ја носам бидејќи истата група ја почитувам, ценам и слушам. Во никој случај со тоа не сакам да излезам „фаца“ со тоа. Кога излегуваме се облекувам како што треба според пригодата, сигурно нели нема на свадба да отидам така, нешто што не оди - не оди. Ниту пак на 40+ нема да се гушам во црно од глава до пети, наредена со кожни алки.
     
    На EN1, Lexa, spellbound и 6 други им се допаѓа ова.
  11. marija9944

    marija9944 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека треба да се облекуваме како што ти сакаме, а не во зависност од тоа што некој кажал или музиката што ја слушаме. Јас лично слушам рок/метал/алтернатив и сл. ама мислам дека кога ќе ме видиш ти наликувам на девојка која ја слуша Кејти Пери и Лејди Гага, освен мојата кожна алка (која ми е подарок и не ја вадам од мене). А порано бев нешто како што го опишуваш ти ... но тоа беше во 8 одд. и сватив дека тоа е семо фаза и е глупаво, па сега искрено кога ќе видам некој таков ми иде да го истепам, затоа што стварно е глупо (+ се посеќам на мене), и тоа еден ден и самата ќе го сватиш :D
     
  12. chocolate-girl2

    chocolate-girl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Црното преовладува кај мене...исто така и розевото..сеа незнам како да речам али рок највише слушам..инаку за стилот немам ама баш ништо против..
     
  13. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Прво и прво ЕМО НЕ Е ДО ОБЛЕКАТА разберете веќе еднаш!!! :@ Емо е како се чувствуваш. Long story. Побарај на интернет и убаво види што ти е емо што ти е scene и да си разграничиш. Зошто ако си емо не мора да изгледаш како емо. Тоа доаѓа од внатре!
    Ок, втора работа веќе ти кажаа панк и рок нема ништо со емо. Јас слушам панк па никој од прв поглед нема да забележи. ислам дека луѓето кои само се облекуваат така за да привлечат внимание а не дека слушаат таква музика или живеат таков живот се изгубени луѓе без никакви цели.
    А и нема врска, и што ако сите се вртат по тебе ако си поинаква? Тие треба да се срамат што се сите исти ;)
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213

    Потполно се согласувам со тебе :)

    Emo е кратенка од анг. збор emotional=емоционално, така да не мора да значи ако слушаш емо, панк, метал, рок... музика дека треба да се облекуваш така, како и повеќето што сте напишеле и се согласувам со тоа е дека се си доаѓа одвнатре. Ние луѓето имаме емоции и чувства, од крв и месо сме, а не сега "емо сум, слушам емо музика итн."..па ако не слуша некој емо не значи дека нема емоции, се нервирам многу кога некој навредува стил на пр.: "еј види го емоно хахах, плачковци бла бла" кога ќе слушнам ми се :puke: :@ И луѓето што преферираат емо стил се ЛУЃЕ кои ја сакаат таа музика или пак некои поединци што намерно се облекуваат така колку да бидат забележани, е тоа е се веќе глупости. И кај мене 80% владее црната боја што ја носам, па гајле ми е што другите зборат, а не се сум ограничена во музиката, иако слушам гитари, виолини, клавири...:)
     
  15. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Не сакам панкери и рокери. Ми даваат чувство на нехигиена и миење заби на три дена =)
     
  16. Angiie

    Angiie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    50
    Тоа нема никаква врска ;)
    Ти си иста со нив, само тие поинаку се облекуваат, тоа со хигиената за мене (без навреда) е глупост.
     
    На antonelala, OmniaVanitas и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  17. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    Miss.Waldorf со твојо коментар заклучувам дека си ти уствари стварно не изживеана. Како можеш така да кажеш, шмизлите можат на панкерите и рокерите вода да и носат
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Рок и све е возможно.Го обожавам стилов а и музиката ме релаксира :rock: :rock: :rock:
     

    Прикачени фајлови:

  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И јас го обожавам рок-стилот,а и музиката ! Се облекувам во сите бои,најчесто во црно и бело.Носам и маички од бендови кои стварно ги слушам и почитувам.А и панкот го сакам,па можете да ме видите и во Ramones маичка :D
     
  20. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Порано имав рап стил , потоа се променив :D