Конечно нешто добро и современо од македонската продукција. Филм за андерграундот на Скопје, за начинот на живот на дел од панкерите. Филмот на Блажевски е црна комедија за панкери на 40-ина години и без перспектива кои живеат на маргините на општеството во транзицијата. Нивното рутинско секојдневие е нарушено од неочекувана понуда - да го обноват својот панк-бенд кој бил култен пред 17 години и тоа на еден мултикултурен хепенинг во Дебар, кој треба да прикаже релаксирани меѓуетнички односи во Македонија. Раскажува приказна за обидот повторно да се соберат некогашните членови на групата кои се раселиле по републиките на некогашна Југославија.Мене лично многу ми се допадна, зашто ми е близок лично мене, зашто го сакам панкот и пораката што ја носи. Одлична глума и на актерите, тоа се луѓе кои лично во својот реален живот го имаат искусено панкот, и тоа совршено се вклопи во филмот. И зар може да очекуваме нешто подобро? Тоа е македонската сурова реалност, панкот денес е на дното на македонското општество и не е многу активно, за жал.Но има македонски бендови кои оставија многу добар звук како Дефект, New Politic state, Nexus, Loshi deca, VEP Druzinata, The Dojka, Flux, No name nation но ова е веќе тема за музика Нашиот панк филм не може да се спореди со лондонската уметност на панкот и лондонските филмови од типот на SLC Punk!, This is London но ко за македонска продукција може да помине со одлична оценка!
Филмот е предобар, само што го изгледав. Туку да прашам ја кој како се вика во филмов: Јордан Симонов Камка Тоциновски Тони Михајловски Џевдет Јашари Кирил Поп Христов
Го гледав пред некое време филмов,и можам да кажам дека е одличен.Представена е суровата реалност во филмов.Покажани се работите,онака како во реалноста и покажано е дека не е се така розово.За секој случај мој тип е филмов дефинитивно.Глумата на пакнерите е одлична посебно на Тони Михајловски. А што се однесува до Дани,искрено можам да кажам дека го уништува филмов.Разбирам можеби е ставена во филмов бидејќи симболизира демек панкерка,ама при толку добри глумици кај е најдоа неа.Сепак нивна работа си е
Идеологијата на панкот и животот ,посебно на нашиве панкери не се поклопува воопшто со она што беше прикажано во филмот.Многу невино ги претставиле ликовите и панкерскиот живот . Не коментирам за денешниве помодарци кои глумат панкери зборам за панкерите у вистинска смисла генерации и генерации уназад .Кога Господ уште шетал по земјава . Но нејсе ,сакале нешто да направат и успеале до некаде ,за глумата само пофални зборови топ си беа сите , освен Дани со нејзината појава што го усра цел филм . Од каде она тука боже мили , ,колку антипатична појава и небитна во филмот ама ај ... не би да коментирам за нејзе ,не е нималку вредна да трошам зборови . Сума сумариум - не е лошо филмчето но можеле и далеку подобар да го направат .
Филмов е феноменален!!! Баш го доловиле тој панкерски живот! А овие Мирса и Љак, мисалм ги гледам татко ми и другар му, кој секогаш ми раскажуват како пред 20 и кусур години го преживувале тој панкерски живот.. Супер глума све, само кој кур Дани ја ставуле таму бре? Акцентот на анлискиот, абе ајде се познава дека Македонче збори, исто кога јас си “причав“ на СрБски еднаш (брукна невидена) ок не е тоа темата, туку како другите и мене ми беше онаа фаца ват д фак? коа ја видов.. Од толку добри глумци, баш нејзе ли? Ама ајде, држе вода до некаде и нејзината глума! Само го има некаде текстот на “Депонија“? https://www.youtube.com/watch?v=_7Lyqy4cHz4
Го имам гледано пред година-две. Одличен. Најмногу во глава ми останаа некои реченици и музиката. ,,Два света сме знам али тоа е јебига.''-oсобено оваа. И да,дека панкот сакале-не сакале умира полека. Слушај ја полека и ќе ги разбереш сите зборови. Не е изложен по нет текстот.
Интересен филм само што мислам дека ќе беше подобар со помлади глумци. Не дека немаме помлади глумци, располагаме сигурно, само што не се сеуште прочуени и истакнати.