Оваа сезона во мода се панталоните во боја.. дали сакате да носите црни или пак панталони во најразлични бои.. како ги комбинирате боите.. ? Спојлер ако има ваква тема слободно нека биде избришана
Црното си е класика,но со оглед на тоа дека доаѓааат потопли денови нормално е да се носат повесели бои.Немам ништо против панталоните во боја,но не би облекла жолти или зелени.Ми се допаѓаат црвени (такви имам),а планирам да си купам и плави.Пред се гледам да бидат боја која што ќе можам да ја носам во повеќе комбинации
Ау многу сакам фармерки во боја, посебно за лето...Имам само темно зелени, а сакам и црвени, крем и плави....Со се можат да се комбинираат и даваат по забележителен изглед
Јас си имам неколку бои, а исто така и фармерки во различни нијанси. Тамам за оваа сезона како планирани ми дојдоа. А комбинацијата зависи од бојата, кројот, пригодата, неможе да се каже генерална комбинација. Најчесто комбинацијата на боите ми зависи од расположението и идејата што во моментот ми иде.
Многуу ми се интересни,а и баш сеа се у мода.Имам црвени,плави,розеви,црни(ако се рачунаат) иии толку
Имам пинк , сини и дреч зелени. Многу кеф ми прават и ми се едни од најоткачените парчиња на гардероба.
Фармерки во боја Ми се ближи роденденденот... па мислев да си купам фармерки во боја со некоја пролетна кошулка Што мислете за изборот!?
Мх,мх. Едноставно обожавам фармерки во боја, ја прават секоја комбинација поинтересна со самото тоа што внесуваат малку шаренило во неа. Инаку сега за сега поседувам светли дреч зелени фармерки, едни тиркизни да ги кажам јесда повеќе маваат на плаво, црни, виолетови, еден пар сомотски со некоја боја измеѓу крем и кафеава и едни незнам од некој чуден материјал, мешавина од волна, памук, полиестер - темно кафеави. Ама земајќи го предвид фактот дека црните и виолетовите воопшто не си ги сакам дека не ми стојат убаво не ги носам, најмногу од сите ги носам дреч зелените, овие последните и сомотските. Така да во скоро време се надевам дека ќе се подновам со некој нов пар панталони во некоја дреч плава боја, црвена или крем.