Убави се, ми се допаѓаат. Само жолтите и зелените не ми се некако убави, премногу ми се дреч. Ама затоа би сакала да си купам црвени и нијанса на сино како тие погоре . А може да се комбинираат на пример со бело или сиво, па може и со црно.
Убави се стварно панталони во боја, освен жолтите некако не ми се допаѓаат. Инаку за сега имам само сиви панталони, но би сакала да си купам црвени и така така некои сини
Мене пак не ми се допаѓаат. Некако ту мач ми е, иако сите ми велат дека на мене ставам премонотони бои и треба да внесам малку боичка и да раздрмам со светли, темни и поинтензивни бои затоа што сепак сум бела и нјуд нијансите ме прават уште побледа. Ама шта чу, таква сум јас, обожавам неутрални, пастелни бои. Од овие џиџимиџаркиве ми се допаѓаат пак оние "помирните" бои како минт, праска, беж, крем. Црвени, зелени, портокалови - не доаѓа во предвид! Некако не се пронаоѓам и не си се допаѓам како изгледам во толку интензивни бои, меѓутоа еве овие тегетните, темно плави, какви и да се, ми фаќаат око.
Јас имам црвени и си ги купив уште во февруари. Мислам дека беа од NewYorker 600-700 ден. Си ги носам уште и си комбинирам со маички и џемпери ...
Ги сакам, сакам шарено, ама пак овие почна секоја девојка низ град да го носи. И затоа не ги носам, инаку имам шарени уште од пред година-две, кога не беа во мода.
Имам само црвени, еве вакви: Не сум баш љубител на дреч бои, но овие ми се допаднаа. Би зела и жолти,но некоја побледа нијанса.
Е јас имам два пара,Рожницопукачки драч плави и темно црвени. И многу си ги сакам. Мене ми одговараат со скоро се. Ко обична фармерка. Ама претпочитам пообичен горен дел ако доле бојата е многу дреч.
Имам зелени, обожавам светли бои, и поради тоа таа боја ја одбрав, весела боја, токму за во лето и одговара на секоја останата боја
Сега кај мене цел град се ко униформирани со тие. Мислам интересно изгледа, весело е. Јас си имам само темнозелени, сега за сега
Ги сакам многу панталоните во боја и сега за сега имам црвени виолетови и кафеави.Обично нагоре ги комбинирам со некои посветли блузи или маици.
Јас имам зелени панталони , и кремасти , останатото е фармерка , сега планирам да си купам некои нови
зелени,сини,црни,бели,сиви,розеви,виолетови мислам дека ми се доволни овие останатото е све фармерско..
јас имам крем , кафеави , обична фармерка и циклама . Сега сакам да си купам зелени , жолти и сини ама шорцеви .
Јас си имам само зеленкасти фармерки во боја, ама јас сакам да си ги нарекувам минт боја Спојлер Пуста желба!