Носам и едно и друго, но во панталони дефинитивно се чувствувам подобро. Фустани носам на зима со дебели непрозирни хулахопки, и се разбира на лето. Во овој период кога е ни топло ни ладно не носам фустани/здолништа од едноставна причина што мразам тенки хулахопки. За посвечени прилики задолжително сум во фустан затоа што не ми се допаѓа она-тој во костим, јас во костим.
Фустан дефинитивно. И така цело време сум во панталони кога сум на факултет и за дневни излегувања и слично, па дури и да ги носам навечер не не Од вечерните излегувања 98% сум облечена во фустан или сукња, панталони ептен кога морам, ако е екстремно ладно или ако наложува местото и намерата на излегувањето
Во фустанчиња се чувствувам поубаво. Но,за на факултет не можам да ги носам и му доаѓа дека најголем дел од времето сум во фармерки,но затоа за излегување низ град ( и дневни и вечерни излегувања ) сум секогаш со фустан/че, ги имам премногу на број и секакви, за секоја прилика. Ги носам најчесто со старки,бидејќи најголем дел ми се понеформални,таков ми е стилот и така ми е најубаво. Да се прашувам јас не би носела фармерки никогаш, но факултет си е факултет. Здравје Боже кога ќе завршам, нема да излезам од фустани.
Панталони Ама носам и фустанчиња,мада ептен кога е некоја свечена пригода,пошто незгодно се осеќам у нив,како до половина да сум облечена,а од половина надоле само по гаќи
Јас сум човек што постојано би одел во фустанчиња, фустани кратки за навечер, лелеави за преку ден, долги за лето, во комбинација со чизми, со балетанки, со штикли, секако ги комбинирам и им се радувам. Панталони ради реда носам, и многу се нервирам крени-падни, па не си комотен кога ќе се наведнеш, па комбинирај ги со маичка/кошулка, а и не ми се нешто женствени. Фустан си е фустан!
Многу повеќе сакам да носам фустанчиња. Панталони носам често бидејќи морам,а во лето обожавам да носам кратки панталончиња во кои се чувствувам удобно.Но сепак гледам да не ги изоставувам фустаните.
Панталони дефинитивно. Сукња може некогаш да се случи да облечам, да ја искомбинирам со нешто....Ама фустан, јок, можам на прсти да избројам кога сум носела (исклучиво за свадби и други свечени пригоди ) Некако многу покомотно се чувствувам во панталони, или најточно кажано, во фармерки. Најкомотни ми се, но за жал на работа ретко можам ги носам А во сукња или фустан, уф, ќе пукнам. Се осеќам многу укочена и уштиркана, не сум јас „јас“ во сукња или фустан
Јас има периоди кога само фустанчиња и сукњи носам, а има периоди кога со месеци носам само панталони. Зависи како ќе ми се погоди...
Вака за секој ден бирам некои панталони што ми стојат убаво,ама многу многу често носам и фустани. Се зависи каде одам и како сум расположена.
Пола пола, иако во последно време особено оваа зима, мислам дека панталона еднаш дали облеков. Колку и да беше грч ладна зимава, јас си ја поминав најлагано во чизми и фустани. Мислам дека нема поубаво и поедноставно нешто за комбинирање од фустан. Фустан, кондура, чизмица што и да е, и шибаш. А не вака, панталони па мисли му ја кое сако со нив, или што одозгора, или што одоздола...а оваа зима бев мрзлива за комбинирање. За среќа на попусти си изнакупив од оние casual зимски волнени опуштени фустани, термо хулахопки и ја поминав зимата многу лесно и едноставно. А во лето фустан ми е незаменливо нешто, особено од оние широките, стави му каиш, потфати го, опни марама, пушти да паѓа преку едно рамо и идеш. Сакам панталони, најмногу ги сакам оние шалвара стил во лето, евентуално во последно време многу често носам тесни, тенки панталончиња, ама ко фустан нема друго. Плус во лето полесно е за луфтирање
зимно време дефинитивно панталони....дури по прв пат во мојот живот ова зимо отидов во свечени панталони на свадба од што ми беше ладно (што обично нели женскиве за убавина и студ трпиме) А пролет,лето,есен...се зависи 50/50