Панталони. Само на посвечени пригоди фустан носам, добро де се дешава некогаш и преку лето да се излажамза шетња да облечам.
Обожавам панталони и фармерки. Неможам да носам фустанчиња, мислам можам но само на излегување иако и тогаш преферирам да облечам некои тесни фармерки и убава тесна маичка и штикли. Некако не сум толку многу 'girly', така што фустанчињата би ги заменила само за по свечени пригоди како свадби веридби и вечерни излегувања.
Панталони/фармерки дефинитивно. Не е дека сум машкуданка ама неможам да носам фустани ич, некако не се осеќам пријатно во нив и плус си ги мрзам нозеве, не сакам да ги откривам, не ми се убави кога ќе облечам фустан а со фармерки ми се допаѓаат повеќе. И некако не ми стојат на фигурата. А на пример шорц можам да носам, ама ако е пократок, не ми смета дотолку. Панталони, некако послободно се чувствувам во нив.
Фустан. Причина плус зошто ми е мило што сум женско. Од фустан до фустан има голема разлика, а јас да можам би носела футанчиња постојано. Сакам да носам и преку ден во некоја полежерна комбинација, и навечер во некоја посекси, евентуално поелегантна комбинација. Во фармерки сум премногу ретко, обично кога немам инспирација што да облечам.
И јас дигам два прста за фустан Краток и тесен most of the time. Носам за вечерни излегувања, а во летно време постојано, речиси за секаде. Многу си ги сакам и тие летните фустанчиња, за на плажа нема нешто поубаво. И уште да дува топол ветар по малку, убавини Лесни се и за комбинирање, па и да не ставаш џиџи-миџи убаво изгледа. А панталони за излегување носам премногу ретко.
обожувам фармерки, тренерки...и билокакви други панталони. искрено, во нив се чувствувам многу по комотно. Не сакам здолништа и фустани
Подеднакво обожавам и носам, пантолони и фустани. Но, кога ќе дојде време за да се подновам со нешто тоа е фустанче. Најудобно се чувствувам кога носам фустан, за разлика од повеќето кои поудобно се чувствуваат во пантолони.
Летно време само фустанчиња ретко да сум во панталони или шорцеви. А во ладните периоди од годината во панталони.
Јас повеќе носам панталони отколку фустани,но фустаните повеќе ги сакам.Ми изгледаат поудобни и поженствени од панталоните.
Ги обожавам фустчнињата....речиси цело лето го поминувам во нив........а на зима се подразбира дека повеќе се практикуваат панталони меѓутоа сепак секој си има свој избор и стил
Па... тешко прашање Може и едното и другото. Ги носам и двете работи, така да, тешко ми е да се одлучам