фустанчиња би носела само за вечерно излегување, а на лето скоро секогаш за на плажа излегување и т.н , а пантолони ретко за излегување
Многу сакам сукњи и фустанчиња. Штета што кај нас треба да имаш прилика за да облечиш нешто такво. Во спротивно само те зјапаат, ѓо гола нога покажуваш...
Имам многу фустани, голем дел - необлечени за жал, најчесто заради недостаток на прилики. Или пак фактот што многу ми е полесно да облечам панталони со маичка или кошулка. И најчесто патувам со автобус, па многу поудобно ми делуваат панталони. Иако обожавам фустани! Искомбинирани на секакви начини, дали на штикла или на старки, на чизми, на било што - женствени се, а и позабележителни
Порано носев повеќе фустанчиња, но некако ги одвикнав и многу ретко може да се случи да облечам. Само во специјална прилика Поудобно ми е некако во панталони и затоа нив ги преферирам
Зависи од ситуацијата.На пример за дневна шема почесто панталони (иако летно време може и некое така летно фустанче), а за излевање практикувам фустани иако знам да испаднам и со панталони.Но се осеќам подобро во панталони и посигурно.
Па пред се зависи од конституцијата на телото. Обично оние што имаат добро тело, добри прави нозе преферираат фустанчиња и сукни а оние другите секако пантолони. Јас сум од оние кои преферираат сукнички, бидејки тоа ми е некако по женствено, и по секси. Јас сум особа која секогаш сака да се чуствуа секси и посакувано, па дури и кога сум дома. Ако ми верувате јас и дома сакам да сум убаво облечена, неможам како некои по дома да носам што и да е дури и дома сум секогаш со сукнички, или широки долги но тенки фустани. Посебно се чувствувам секси кога сум о долг фустан без долна облека.
Не е дека не ми стојат фустани ама не носам често.Не ми е комотно доволно,најчесто сум со панталони и некоја кул маичка или кошула,високи штикли и терам
Претходно купував само панталони, фармерки, фустан купував само кога морав за некоја пригода. Сега последно време почнав сукни, фустани да си купувам педноставни за секој ден, или за вечерно излегување, почнав да миксам
Панталони за секојдневни работи, а фустани за излегување А и панталоните не се лоша идеја за излегување
Па зависи од приликата... Сега по ова ладново ми е незгодно да излезам по фустан,незнам зошто!И си носам панталони... А инаку за излегување кога е потопло нонстоп сум по фустанче,сукња..
И фустан и панталони се носам ама за школо секогаш панталончиња и кога е многу е ладно преферирам панталони a преку лето фустанче оф корс