Ниту едното, ниту другото. Јас фармерки носам. Пантолони имам само еден пар, но дома ги носам. Фустани имам два, едниот по дома си го носам, другиот сеуште не сум го облекла ни дома.
До пред две години ќе одговорев панталони, но сега фустан. Ги обожавам и преку зимо и преку лето. Наједноставни се за комбинирање, најпријатни за носење ма мераци.
Јас сум од тие кои имаат и долги и прави нозе, а сепак преферираат панталони. Обожавам секаков тип на панталони - фармерки, класични, лелеави и широки, тесни, со различни должини. Единствено не ги сакам оние кратките прилепени затоа што не ми се поклопуваат со стилот на облекување. Не дека не носам фустани, но едноставно не ги сакам толку колку што ги сакам овие другиве. Плус, повеќе преферирам макси здолништа или ретро-здолништа со должина до глуждовите или нешто под колената, кратко не обожавам воопшто.
повејќе сакам фустани ама зависи за каква пригода се работи така и се облекувам ако е за излегување фустан се разбира