1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Панцероти

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 20 март 2011.

  1. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Дали сте голем обожавател на панцероти,па би можеле да споделите некое рецепче тука,видов дека нема ваква тема и ја отворив 8)
     
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Ги имам правено 2 пати.
    Првиот пат ми излегоа како што треба, сите се изедоа не остана ни една.
    Вторпат ги правам КАМЕН... изгледа не ми беше кренато тестото, а јас ги бутнав да се печат :lol:

    Еве по овој рецепт од Храна и вино ги правев...

    Панцероти

    За подготовка на панцеротите потребни ви се следниве производи:
    - 500 гр. брашно
    - 3 јајца
    - 300 гр. Кашкавал
    - шеќер
    - 250 гр. шунка
    - сол
    - 1 свеж квасец
    - 2 дл. Млеко
    - масло за јадење

    Потребно време за подготовка на ПАНЦЕРОТИТЕ е 50- тина минути.

    Го земаме млекото И го ставаме во едно тенџере. Тенџерето го ставаме на оган да се загрее млекото.

    Во еден поголем длабок сад го рониме квасецот. Потоа кршиме едно јајце И го додаваме во садот. Додаваме една лажица сол И една лажица шеќер. Во садот додаваме И 100 мл. масло за јадење. Загреаното млеко го тргаме од огнот И го додаваме во садот. Потоа во садот го додаваме брашното И со раце започнуваме да месиме.Добиеното тесто го оставаме да нарасне 30-на минути.

    На даската за сечење кашкавалот го сечкаме на помали коцки. Парчињата кашкавал ги ставаме во еден длабок сад. Потоа на мали парчиња ја сечкаме И шунката па И неа ја додаваме во садот со кашкавалот. Кршиме едно јајце па И него го додаваме во садот. Со вилушка се убаво промешуваме.

    На работната маса тестото уште малку го месиме И формираме ролат. Ролатот го сечеме на парчиња, а од парчињата формираме топки. Работната маса ја набрашнуваме И со сукалка топката ја развлекуваме во кора со големина на чинија. Потоа врз кората ставаме од претходно подготвениот фил од кашкавал, шунка И јајца. Кората ја преклопуваме на половина, а краевите ги виткаме со што добиваме панцерота. Истата постапка ја повторуваме со секоја топка тесто додека не ги направиме сите панцероти. Панцеротите ги редиме на тава врз која имаме ставаено хартија.

    На оган ставаме едно тенџере со масло да се загрее. Кога маслото е загреано панцеротите ги ставаме во тенџерето да се пржат. За време на пржењето панцеротите ги превртуваме за да бидат убаво испржени од сите страни.
    Испржените панцероти ги вадиме од тенџерето И ги ставаме на овал. Потоа панцеротите ги ставаме на чинија за сервирање. Потоа чинијата ја гарнираме со 2 топки павлака, врз кои ставаме гранче магдонос.

    Со панцеротите ви предлагаме да се напиете бело вино.

    Добар апетит.
     
    На eli25 и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  3. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    ќе пробам да ги направам па ќе ви кажам како ми испаднале :hai:
     
  4. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Обожавам панцероти,ке пробам деновиве да го направам рецептот па ако ми испадне добро ќе ве викнам да пробате :lol:
     
  5. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Обожавам панцероти
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Панцеротите кај мене дома се печат инаку :) прв пат слушам за пржење (поздрава варијанта дефинитивно :D може пошто јас се избирам така за печење или варење :D).
    Ги правиме нешто како калцоне -затворена пица, само што одозгора премачкани со јајце и сусам и сосема малку маргарин.
    Инаку тестото исто како и за пица. Внатре се што имаме дома од маслинки, кашкавал, салама, сиренце, кечап.. оригано.
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    22.232
    Пол:
    Женски
    Како може пржените панцероти да се поздрава варијанта од печените? Кај пржените има многу масло, а кај печените се става само по малку маргарин. Инаку, мајка му на дечко ми ги прави најубавите панцероти на цел свет! Ги обожавам! Секогаш кога одам кај нив на гости, ги прави. Тестото е како тоа за пица, а внатре става печурки, салама, сирење, кашкавал, кечап. Одозгора малку сусам и готови се за јадење :)
     
    На mama*rose му/ѝ се допаѓа ова.