1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папата Јована (Дона Вулфолк Крос)

Дискусија во 'Книги' започната од Gordana10, 4 април 2011.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга,која се базира на историски податоци,но некаде се спомнува дека всушност се работи за легенда.Карактеристично за истата, а и интересно е што тие историски податоци се избришани,но според моја претпоставка не се избришани, бидејки од некаде се дознаени информации за да се напише истата.Дејствието се одвива во Италија, Ватикан, поточно 9 век, период во кој папството во Рим е тоа кое што ја имало власта во свои раце, а посебно интересно е тоа што една жена ќе го превари папството и ќе стане првиот женски папа во историјата, па поради тоа во Ватиканската библиотека сите податоци во врска со нејзиното постоење се избришани, значи има податоци за папите од 8 и 10 век, а прескокнат е 9 век.

    Јована е по потекло од Ингелхајм,Германија,потекнува од семејство кое е религиозно.Премногу интелигентна девојка,образована,меѓутоа поради татко и,кој не и дозволува да се образува,чуствувала одбивност спрема него.Наместо нејзиниот брат,преправена во маж, таа оди во манастирот Фулда,Германија,извесен период останува таму, откако подоцна заминува во Рим, како близок човек на папата, поради своето образование,интелигентност е наименувана за папа.Нејзината измама кон папствто ќе биде откриена од самата нејзина бременост.

    Дали сте ја прочитале книгата? Кои се вашите впечатоци за истата? :)
     
    На shushu, DeRose, m03 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Не ја имам прочитано книгата, но бев на премиерата на филмот во Битола. Некаде есента се одржуваше германски филмски фестивал. Филмот навистина треба да се погледне. Мене искрено ме фасцинира. Всушност филмот е направен според книгата. На крај не е прикажано како Јована умира и дали воопшто умира на денот кога треба да се породи, а тоа е на Велигден. Незнам дали во книгата се споменува дека таа му помогна на една мајка и на нејзините деца со тоа што ја ќе ја излечи, а потоа по многу години Јована се среќава со нив т.е. со едното дете кој сега веќе е возрасен маж, женет и има ќерка. Е таа негова ќерка Јована додека престојуваше кај него, ја подучуваше. На крај тоа девојче кога ќе порасне станува исто како неа Римски-Папа.
    Книгата како што кажав не ја имам прочитано, но сега добив инспирација :D
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Браво Горде за темава. Ја обожавам книгава, за еден ден ја прочитав, не можев на ништо друго да мислам :) Си останува едно од моите омилени дела, а Јована пример за восхит :bow:
    Оттаму прв пат го прочитав славното Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Колку се нервирав на моменти додека ја читав книгата. Занеме сите какви биле нашите женси права во минатото, на ова тема има безброј книги, филмови, свашта....ама како е доловено во оваа книга е врв. Сцената кога таа е малечка и сака да учи да чита, а татко и и забранува, па се крие, па кога ќе ја фатат добива ќотек - ми е врежана во глава. Јас лично многу се внесов во книгата, иако некои ја сметаат за површна, без длабочина, јас не се согласувам. Ме погодуваше секоја сцена, начинот на кој тоа е раскажано е идеален.
    Можеби е сместена во фикција, но јас не гледам така на целава приказна. Може и не е историска приказна зашто нема докази за постоење на конкретнава приказна, го 90% од случувањата верувам дека постоеле. Може не на една личност, но сите тие измачувања жените ги трпеле. Биле казнувани за работи што не зависеле од нив, и неможат да ги сменат. А се затоа што мажите се сметале за супериорни
    Книгава е полна со емоции. Неможеш да ја читаш и да бидеш рамнодушен
     
    На LennaF му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Јас на крајот се изнаплакав. Колку неправедно, колку неправдини доживеа... Јас не сум слушнала некој да ја прочитал книгава и да рекол дека е површна. Некој така да рече или ја прочитал на две на три, или нема чувства.
     
    На dhdhdh и Neytiri им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Рејнбоу исто и јас ја обожавам книгава,едноставно ми е врежана во глава :D како филм да гледав :D додека читав.Точно е дека има филм за неа, германско производство, го гледав на интернет, само во врска со филмот ќе кажам дека не е се прикажано, барем таков впечаток ми остави.Повторно Ватикан крие некои работи, иако доста обемна е Ватиканската библиотека, земајки го во предвид фактот што има книги и од секаде и од различни периоди, како и тоа дека има дел од Александриската библиотека, дела кои што се превземени по спалувањето на Александриската библиотека, па можам да претпоставам дека нешто е збришано, токму како за овие податоци за постоењето на Јована.Сепак се со цел да не се открие нешто или како во случајов да не се открие нејзината измама.Малку и прочепкав на веб сајтот на Ватикан, па очигледно е збришан тој период.Само ете колку и да е избришано,пак нешто им излегло од контрола :D и се дознало некако.
    Инаку за Јована како личност,достојна за восхит и во однос на тоа кога живеела, докажала дека не можат само мажите да се образуваат, но и имала многу храброст и мудрост за да го постигне тоа што го постигнала.
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Папата Јована е книга која ми буди восхит кога и да се сетам на неа.
    Колку само се задлабочував како да бев присутна кога нејзиното братче Метју ја подучуваше да чита, па неговата смрт, па казната... И колку е само за восхит желбата на малечкото девојче за учење и стекнување нови знаења.
    И ме погоди тоа што толку беше силна како личност, толку се бореше секогаш за доброто на другите, а не успеа да доживее некоја поголема среќа на љубовен план, иако љубовта и беше возвратена, сепак таа и Геролд останаа разделени, па и неговата смрт, :x , меѓутоа ете остана нивното детенце како плод на нивната љубов, :) .
    И не ми е ни малку важно дали таа навистина постоела и дали ова е вистинскиот нејзин животен пат, важна е пораката дека постоеле жени кои се спротивставувале и бореле на ограничувањата кои им биле наметнати, а тоа е сигурно. Благодарение на нивната борба, после векови нештата се променети и сега ние нивните идни поколенија пишуваме и дискутираме за тоа, а тоа е многу!
     
    На DeRose и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Веќе подолго време ми стои на листата, ама не сум ја земала да ја прочитам. Веќе не чекам, следна книга што ќе ја читам дефинитивно ќе биде оваа, иако знам се што ќе се случи, ми ја раскажаа цела (а многу мразам кога ќе ми раскажат книга пред да ја прочитам).
     
  9. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Многу убава книга ама и филмот не е лош но секако дека книгата е далеку подобра
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Прекрасна книга, книга која се чита просто во еден здив. книга која ја препорачувам на секој кога ќе ме прашаат што да читам? Мистичноста и храброста се одлика на делото. Папата Јована личност на која и се восхитувам... Факт е дека историјата постои и за неа се пишува, и сметам дека голем дел од книгата е вистинит како и постоењето на Јована и на крај обелоденувањето на сите личности за кој се мислеле дека се жени. Ме полазија морници на крај.. Го имам веднаш после читањето на книгата гледано и филмот меѓутоа многу е скратено и некако површно опишано а јас сум од тие кој сакам да забегам со мислите да си направам моја слика за се околу, читајќи да се најдам во Ватикан.... така да филмот не ми остави најдобар впечаток сепак прочитајте ја книгата пред да го гледате филмот.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Не верувам дека било кој раскажувач може да ти ја пренесе содржината темелно. Сите сме ја прочитале и сите ја доживуваме поинаку. Емоции после секој прочитан збор, треперење, па дури и солзи...а зад сето тоа гордост и дрскост, среќа и тага, победа и пораз.
     
  12. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Прекрасна книга, ме остави без здив и без сон.
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Една од моите омилени книги. Можам да кажам и дека гордо е на првото место. :)
    Секој збор, секоја реченица е толку убаво проткаена со описи, чувства... ја прочитав во еден здив.
    Колку само бев револтирана во некои моменти, плачев, се радував... едноставно ги голтав зборовите ненаситно. Па и секоја глава како завршуваше - непредвидливо, предизвикувачко да продолжиш да читаш понатаму. Ја имам прочитано повеќе пати, и секој пат ја доживувам на некој нов поинаков и подлабок начин.
    Јована стана мој идеал. Вистинска жена - можеби не најубава и совршена однадвор, но за мене таа отсекогаш ќе биде поим за совршенство. :inlove: :inlove:
    А Геролд... се надевам дека постои човек како него. :)
     
    На Celest и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. LennaF

    LennaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    филмот е во ред но книга си е книга.... Јована треба да биде пример за сите нас. Да имаме барем половина од нејзината сила и амбиција светот би бил .... неверојатен...
     
  15. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Навистина доро дело кое ни праќа порака како да бидеме истрајни во натешките моменти од животот, постојано да учиме и умешноста (Јована стана папа без да знаат дека е жена, но на крајот ............) да не ви ја откривам содржината бидејќи нема да ви биде интересна ако ја немате прочитано, но би ви ја препорачала бидејќи е инзвонредно дело и нема да ве остави да здивнете се додека не ја прочитате во еден здив.
     
    На LennaF му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Ја купив кога искочи ,беше 1000ден додека сега во матица ја видов и за 250ден :x ама тоа е...инаку книгата ме воодушеви и премногу ми се допадна..многу моќна книга,навистина..Доказ дека ако се сака-се се може,само огромна желба и истрајност
     
  17. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Многу, многу моќна книга!!! Една од моите омилени, го гледав и филмот и бидејќи бев толку многу воодушевена од книгата, искрено со страв го пуштив, затоа што многу често се случува да филмот е целосно промашување и далеку од квалитетот на книгата, но можам да кажам дека овој филм, беше колку-толку достоен, можело и подобро, но во секој случај не може да е подобро од книгата. Папата Јована е симбол на истрајноста, упорноста, доказ дека ништо не е невозможно, потребен е само голем труд и упорност и пред се' задржување на човековите вредности.
     
  18. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Книгава ми е една од омилените. Уште го немам гледано филмот, но штом велите дека е добар ќе го погледнам :)
     
  19. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Премногу податоци ме заморуват некако
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Влегов во темава со цел да прашам од која издавачка куќа е. Морам да ја имам. А на саемов не ја најдов. Значи матица сигурно? а скоро време си ја видела? пред или после саемов? чудно зашто ја немаа