1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папата Јована (Дона Вулфолк Крос)

Дискусија во 'Книги' започната од Gordana10, 4 април 2011.

  1. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Немам зборови за книгава. Навистина е преубава. Една од моите најомилени книги, може да го и заземе првото место.
    Кога ја читав се восхитував на истрајноста, упорноста, храброста и интелигенцијата на Јована. Многупати се наежив читајќи. За крајот да не зборувам. :x
    Книгава ме научи на некои работи во животот. Тоа што не те убива - те прави посилен. И дека учењето и упорноста навистина вредат. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Ја дочитав. И уште еднаш ќе повторам дека навистина си се чудам самата на себе зошто по ѓаволите ја избегнував книгава ?? Дефинитивно ја ставам во најомилени. Не верувам дека има некој кој ја прочитал, а да остане рамнодушен. Извонредна е !! Се восхитувам на нејзиниот лик и дело и верувам дека постоела. Дури и да не постоела не е битно. Нејзината порака, брилијантниот ум, чувствата, силата, верата, добрите дела кои ги правеше дури и кога нејзиниот роден брат се сврти против неа, дури и кога си го ризикуваше животот, тоа е битно !! Прекрасна !! Нешто што МОРА да се прочита. Стилот на Дона не е досаден, напротив. Така да и оние кои не сакаат историски романи, слободно можат да ја прочитаат и ќе им се допадне.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Маестрална книга....со задоволство би ја читала пак, се чита во еден здив и просто се соживуваш со приказната максимално...те фака револт,страв,паника,тага,гордост,радост и сите тие чувства одново и одново по незнам кој пат.... :up:
     
  4. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    бас пред некој ден ја до4итав и мозам да казам дека ми даде голем мотив да се борам во зивтот и верувам дека постоела јована и таа е мојот идол
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Конечно ќе ја добијам деновиве, целоооо време ја барав во библиотека, ама не се вртат многу многу вакви книги. Ретко да ја начекаш.

    Очекувам да биде УАУ, ако не биде тешко вас. :D Се зафркавам, одамна ја меркам и нема да ја испуштам додека не ја прочитам до крај. Ако ме снема од фемина, таму сум, кај Јована. ;)
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Кај сестра ми беше :wasntme: . Да кажеше ќе ти ја дадев, па кога ќе ја прочиташе ќе ја вратевме. :)
     
  7. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Една од најдобрите книги што ги имам прочитано, не можев да се одделам од неа кога ја читав.
     
  8. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Искрено пак би ја читала,прекрасна книга изобилува со впечатливи слики,и ми остави многу голем впечаток.Ликот на Папата Јована е уникатен,прекрасни особини ја красат оваа хероина.
     
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    многу добра книга....напишана на јазик разбирлив за сите (добро сватлива), и книга која не се заборава :)
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Утре ми ја дава една другарка, конечно! :D

    И пренеси поздрав на сестра ти, штом читате, дајте со договор ќе ги враќаме и зимаме книгите. :D
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Кога ми ја донесе мајка ми книгава за да ја прочитав и реков не ли можеше поголема некоја да ми најдеш а не со 600 страни, а требаше за 1 недела ја врати :lol:
    Али мислам дека за помалку оф два дена ја прочитав. Земав да ја читам, дури мислам дека заборавив да јадам и спијам :)
    Воодушевена сум од приказната, не бев запознаена со тие приказни од Ватикан, ах сеуште ми е неостварена желбата за посета на тоа место. Но книгава е прекрасна. Секој треба да ја прочита, зашто вреди. Неможе да се објасни и раскаже книгава, секој треба да ја доживее на свој начин и да и се воодушеви на храброста и упорноста на Јована.
     
    На stella83 и Neytiri им се допаѓа ова.
  12. ubava01

    ubava01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    ја прочитав книгата и можам да кажам дека е една од најдобрите што сум ја прочитала
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Книгава ми е одамна прочитана и ми има оставено голем впечаток. Многу е интересна и пред се е возбудливо како една млада девојка се справува со сите тие тешкотии и предрасуди за жените во тоа време...
    Крајот е тажен, но сепак нејзината најголема желба е остварена.
    Последните страници од книгата кои ги одделуваат фактите од фантазијата се најинтересни и оставаат простор за сомнеж и размислување дали сето ова е само приказна... (Според мене да :) )
    Иако она што сака да го порача авторката е силна порака до човештвото и сеуште присутната дискриминација... Тука е и желбата за успех и како силнната верба и сигурноста дека е тоа она што вистински го сакаш заедно со упорноста без разлика кои и да се пречките ќе направи да успееш во се. :)
     
  14. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Ја има по градските библиотеки ? :)
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Да,барем кај нас во Битола ја има. :)
     
  16. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Јас ја имам дома(моја е) ,но сеуште ја немам прочитано.но сега ќе ја читам :)
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Интересно е што не била само Јована првиот женски папа, туку имало сигурно и други кои исто така биле избришани од официјалната хроника на папите, а чим биле избришани сигурно не им се допаѓала нивната интелигенција, храброст, мудрост...дека биле подобри од мажите, но не ми е јасно зошто само мажи можат да бидат во папството во Рим :?: :?: од што толку ли се плашат :?: :?:
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    ^^^Да тоа на крајот со фактите (демек) ми беше најинтересно. Си пишува таму, во тоа време па сигурно и откако датираат првите податоци за папствата и религијата воопшто како е третирана жената (Посебно е опишана нивната улога и предрасудите кон нив во оваа книга)... Се се сведува и започнува со теоријата: Ева да не го изела јаболкото... :lol: Ваквите предрасуди денес се уште има ама во помодерна верзија: Професии кои не се за жената :fubar: (А ова со папството е вековна традиција, па замисли некој да предложи поинаку :lol: :tmi: )
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Вековна традиција, да, ама некои промени да направија :D а не едно те исто :rofl: би било интересно кога би имало сега женски папа :D но начинот на кој тие ја одржуваат таа вековна традиција исто би можеле жени да ја одржуваат, дури подобро од мажите.
     
  20. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Добро сега во Библијата во Стариот завет пишува дека жени не смеат да вршат свештеничка функција, сега пак и тоа би било непочит кон религијата што ја проповедаат тие самите