1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папата Јована (Дона Вулфолк Крос)

Дискусија во 'Книги' започната од Gordana10, 4 април 2011.

  1. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Јас не сум многу,многу љубител на историски книги и неколку пати ја среќавав на полиците во библиотека и само ќе ја подржам и пак ја оставав :) се до еден ден кога тетката библиотекарка буквално не ми ја тутна во раце,за конечно да се освестам дека треба да ја прочитам.
    Задолжителна за секоја жена! Можеби оние кои се чувствуваат послаби во однос на мажите, ќе стекнат самодоверба откако ќе ја прочитаат, бидејќи станува збор за жена, која живее во период кога жените им се подредени на мажите, немаат право на школување и дури раѓањето на женско дете е крајно непосакувано,а Јована ќе успее да се вивне високо над сите,преку многу преипетија во кои ќе биде загрозувана нејзината личност и во кои таа во ниту еден момент нема да се поколеба дека е на патот на вистинскиот успех.Преубава приказна,со тажен крај за една толку храбра жена,во едно опасно време...
     
    На PharmA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Одлична книга, додека ја читаш ти се појавува чувство на гордост затоа што си женско! :)
     
  3. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Папата Јована ( Дона Вулфолк Крос)

    Прекрасна книга што никого неможе да го остави рамнодушен .. Го гледав и филмот кој е одличен , но има многу делови кои се испуштени што е и нормално ... Малку се разочарав од ликовите..... Воопшто не претпоставував дека ке бидат такви, Геролд посебно :)
     
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Ја завршив сега и уште сум под импресии :o ! Ми се допадна ептен, всушност ме потикна да размислам за тоа колку полошо било некогаш да се биде жена отколку сега! Полошо или пострашно или пак потешко,не знам! Но и тогаш ги имало храбри (како Јована) смели, интелигентни, борбени, успешни, ваљда не имало секогаш и секаде ;) ... не успеал никој да ги потисне со својот авторитет и да ги замолчи!

    Дали е само легенда, дали е приказна или е дел од историјата кој вешто се прикрива...тоа никој точно не го знае! А и не е важно, кој како сака нека си го прифати, вистина или не сепак книгата е полна со поучност, интриги, љубов, страст,мудрост,неизвесност и важна е за секоја жена!
    Важна е пораката од книгата, интересен е начинот на кој е раскажано, уште понезаборавен е крајот на книгата... ама тоа не е за раскажување, тоа е за читање бидејќи само така ќе се доживее книгата и настаните во неа! Вреди да се чита :up: !
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Их каква волја. Па и добро е што ја искористи.

    Најмногу ми беше жал кога нејзиниот татко ја тераше да ја уништи книгата од учителот. Сцените со Геролд ми беа, исто така мн. жални. На моменти навистина сакав да побегне со него и да се откаже. Ќе беше разумно ако го направеше тоа кога беше бремена. Нејзината тврдоглавост и решителност на крајот ја уништија.
    И се восхитувам. Успеја да ги помине сите препреки и неправди. И потоа некој ќе ми кажува дека од книгите не се уче ами само од искуството во животот. И какви способности имаше за полемика...

    Скептична сум во врска со тоа дали оваа приказна е вистината. Дали Папата Јована навистина постоела. Како можеле да не ја познаат според изгледот и гласот. Тие сигурно ја предавале.

    Секоја чест на авторот. И требало многу фантазија и знаење за да ја напише книгата.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Е да, но знаејки делумно за папството во Рим, периодично, значи не само за 9 век, можам да кажам дека и делумно не се почитувало од нивна страна тоа што е напишано во Библијата, значи не било онака како што се претставувало, а веројатно и сега е така којзнае,иако книгава е дел од тоа пробивање во начинот на владеење на папството, значи покрај останати податоци, а во неа доста добро е претставена таа спротивна страна или да речам, другото толкување на тоа што било запишано во Библијата.Во сооднос на претходново што го напишав, не би рекла дека строго го почитуваат христијанството, па затоа и не би требало да се истакнува нешто што не е веродостојно, затоа што сепак како и оваа книга, сигурно има и други кои што го укажуваат сето ова и ќе го сменат изгледот на тоа да речам вековно мислење за папството.
     
  7. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Книгава ја почитав пред две недели и сеуште сум под импресии. Тоа и ме натера да пробуричкам по нет и да проверам дали постои некоја информација за Јована и да, постои за жал, дека е легенда. Легенда која потекнува дури во 13 век, а според книгата таа е во 9 век. И не е само една легенда...се смета дека легендата потекнува од Папата Јован 8 кој бил доста фемизиран ( да не кажам геј) кој бил папа од 872-882 (Папа Јована била папа само 2 години според книгата), потоа легендата за нејзината бременост дека била трудна од некој кардинал што значи некој во Ватикан знаел дека таа е жена ( во книгата е Геролд), потоа дека родила син и дека таа умрела при пораѓај, но синот останал жив, станал бискуп на некоја си покраина во тоа време и дека ги пренел нејзините мошти во црквата кај што бил бискуп ( во книгата таа раѓа мртвороденче).....Докази не постојат за неа, за жал, но мене ако некој ме прашува, јас ке кажам дека постоела. Во денешно време гледаме по филмовиве, колку е лесно да се избрише човек од систем дека не постои воопшто, па камоли во тоа време кога се се запишувало на папирус и било прелесно да се уништи, посебно ако се во прашање само 2 години, но тоа е мое мислење...
    Што се однесува до филмот, не сум го гледала, но го гледав трејлерот на јутјуб и некои сцени, и можам да ви кажам....да не се разочарувате за Геролд (мене ми се бендисува глумецот, му стојат такви улоги играше и во Господар на прстените-Фарамир), такви типови како него во тоа време биле премија невидена покрај сите тие полукелави,дебели мажи :lol: ...Еден Геролд сега покрај мене :* во ова студено доба како ке ми дојде...како грејно тело :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да дознаеме дали постоела или не, дали е вистина или не, се’ додека не излезат пишани или материјални докази. Инаку за изгледот и гласот - уште на почетокот се кажува дека Јована личела на татко си - а родот на татко и бил неубав, широки раменици, набиен врат, груби црти на лицето... само косата и била на мајка и и тоа ја правела женствена, а нели косата ја ишишала, градите ги стегала со партали, така да... :)
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Едноставно ја голташ книгава.Така е кога некои луѓе се допрени од прстот на судбината,и секоја препрека која изгледа невозможна,тие ја поминуваат без проблем...искрено би сакала да ја имам нејзината воља за пробивање низ светот.Поука може да се извлече и да се примени ,се разбира ако и вие сте допрени од прстот на судбината.А да ќе заборавев,сакав да кажам тое е љубов која со времето не бледнее,и кога физичкиот изглед не е најважен (за чудо овојпат мажот е попретставителен од жената)што е многу необично не?
     
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Летово ја читав. Една од најдобрите книги што ги имам прочитано. Преубаво е опишан средновековниот живот и местото на жената во општеството.
     
  11. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Книгава ја имам прочитане пред околу 2 години,а можеби и повеќе не сум сигурна.
    Прекрасна книга,поинаква од сите други.Книга која што не ме остави рамнодушна,книга што останува во меморијата и не се заборава.
    Јас бев фасцинирана од самата приказна,за Јована и за сите тие заплети,случки,пресврти.
    Одлична книга :!:
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Книгава ја прочитав пред еден месец, ме остави без зборови... Додека читав живеев во светот на Јована, беше волшебно. Читав без здив ,до последна страна, толку прекрасна книга ... Само ни на крај памет неможев да претпоставам дека така ќе заврши, дури и си плачев :$
    Сакам книги за кои подоцна можам да дискутирам, да размислувам, да истражувам....
     
  13. Wooden

    Wooden Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    38
    Една од поубавите книги што ги имам прочитано.. можеби и најубавата!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
    Книгата ја прочитав пред 3-4 години...Толку убаво доловено и напишано што буквално добиваш впечаток како да си таму.Ја обожавам и сеуште што е на листата на моите омилени книги!
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Во чие издание е книгава? За да знам каде да ја барам, сакам да си ја купам гледам ја фалите :).
     
  16. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Колку само болка, тага и крвопролевање можат да соберат страниците на една книга, за приказна која се родила како легенда од средниот век. Средновековието само по себе е мрачно, изобилува со терор од било кој аспект на современото гледиште, што во суштина и не многу се разликува од денешната искорумпираност на народот. Единствената потпора и предност која ни овозможува да имаме поразлична судбина од современиците на Папата Јована пред оние кои вечно трагаат за престолот како синоним на моќта, е знаењето и рационалното користење на разумот - работи кои во тоа време биле потиснувани од безусловните приврзаници на Црквата кои единствено и само се потпирале на Светото Писмо.

    И тоа би било добро се додека истото се користело на начин кој го поттикнува развојот на вистинските човечки вредности, ослободувајќи го од неговите бескрупулозни инстинкти. Ако погледнеме малку подлабоко, меѓу редовите на оваа приказна, ќе видиме дека Историјата и не нешто посебно се променила низ вековите. Некои работи никогаш не се менуваат, само се менува обликот што е чувствителен на луѓето, вечни трагачи по знаењето кои благодарејќи на своите високи интелектуални способности успеале да се издигнат над своите современици и со своите доблести и дела да остават печат во своето време.

    Еден од таквите примери е и Папата Јована, реалност или легенда, сепак име кое го привлекло вниманието на современиот свет - авторот кој пак поврзувајќи ја историјата со својата креативност ни овозможил, барем на момент да уживаме во храброста и големината на една девојка додека го читаме ова дело.

    Извадоци:

    - Пупката на розата расте во темнина. Не знае ништо за сонцето, па сепак, од мракот што ја опкружува, додека најпосле не ги урне сите препреки, се стреми да излезе надвор ширејќи ги своите венечни ливчиња на светлината. Јас го сакам. Мислата беше толку зачудувачка колку што беше и ненадејна.

    - Дали ќе биде среќен? Јована искрено се надеваше на тоа. Некако и’ се чинеше дека човек што е осуден секогаш да се стреми кон нешто што не може да го има, за себе ги избира најстрмните и најтешките патеки. Таа ќе се моли за него, како и за сите други тажни и ранети души што мораат да патуваат сами.

    - Рим. Најголемите светски умови се собираа во тој стар град. Неговите цркви чуваа невидени богатства, неговите библиотеки – мудрост собирана со векови. Меѓу светите гробови на апостол Јован, таа сигурно ќе го најде тоа што го бараше. Во Рим ќе ја открие својата судбина.

    - Чудно е како работи срцето. Човекот може со години да живее навикнат на загубата, помирен со неа, а потоа, во еден момент на невнимателно размислување, болката ќе исплива на површината, остра и свежа, како скорашна рана.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Никако да не ве премисливо тоа што книгава е 630 страни ! поради оваа причина ја меткав 2-3 години но кога конечно се решив да ја фатам да ја читам не ја испуштив од рака ! Неверојатна приказна која ептен ве мотивира . Што се сака се може :)
     
  18. grdoto.pajce

    grdoto.pajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    8
    оваа книга и мене многу ми се допадна,а го имам гледано и филмот
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Книгата, па филмот. Сакам да верувам дека е вистински историски лик и потајно длабоко во мене нешто силно верува. Книгава ми ја дигна самодовребата на нивоУ, претходно си патев малку од слаба самодоверба но токму книгава ме охрабри да одам напред, по тоа што го сакам. Да не бидам прва, но да настојувам да бидам пред сите. Животот е еден, кога-тогаш ќе го изгубиме, па за што и да се работи никогаш не се знае дали ќе успееш додека не пробаш. Немаме што да изгубиме, нели ? :)
     
  20. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    За мене, како не така голем верник и голем борец за женските права, книгава ме остави занемена и ми е во топ 10. И верувам дека е приказната вистинска, дека навистина постоела во тоа време жена која успеала да ги „изигра“ мажите :bow: :muscle:
    Секоја чест како за Јована, така и за писателката :clap: