1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Папата Јована (Дона Вулфолк Крос)

Дискусија во 'Книги' започната од Gordana10, 4 април 2011.

  1. Jowe

    Jowe Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ја имам читано и едноставно ја обожавам :D
     
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Книга која дефинитивно е меѓу најдобрите кои сум ги прочитала! На крајот останав со подзината уста.
    И да, верувам дека постоела бидејќи во тоа време е нормално да бидат закривани таквите нетипични работи кои не и биле во корист на власта. Само ме интересира што се случило со детето. :?:
    Сега ќе го гледам и филмот. :)
     
  3. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас не верувам дека постоела. Идејата за папата Јована потекнува од стара сатирична анегдота на Римјаните кога се уште биле многубожци со која ги исмејувале христијаните. Се шегувале дека тие на чело на нивната црква т.е. на раководна позиција имаат жена, како недостоен чин. Подоцна тоа станало интересна тема за средновековните легенди кои преминувале во анти-папски приказни и слично.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Само што ја купив (од на штанд, нова 350 ден.) :dance: Конечно, бидејќи многупати сум ја барала и никако не сум ја нашла. Не ќе можам одма да почнам да ја читам (веќе 2 се во тек), па затоа импресии подоцна :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Ми ја имаат доста фалено книгава, но никако не можам да ја најдам во библиотека. Но што ја видам, веднаш ја земам!
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Имам уште 200 страни за читање.. намерно ја одовлекувам, не сакам да заврши!
     
  7. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    102
    Ова е топ книга која им ја препорачувам на сите луѓе кои бараат книга.
    Без разлика на тоа каков жанр на книги читате, слободно впуштете се во оваа книга, ќе ви се допадне.
    Како филм е, нема шанси да не ве заинтересира.
    Стилот е лесен, приказната и дејствијата се слеваат и убаво се сите работи поврзани.
    Се чита брзо, а не е плитка.
     
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.970
    Прекрасна книга, не се остава до последната страница. Ја препорачувам на сите Феминки...
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.711
    Пол:
    Женски
    Оваа книга уште кога читнав за неа накратко ми побуди заинтересираност и зададе задача:Оваа книга Симоно ќе ја читаш!Мора..и да сакав да ја купам минатата година на саемот за книги,ама ете не сум ја купила...и така не стигнав за време на летниот распуст да ја читнам бидејќи тогаш прочитав 10 книги,па ете одвај издржав и дојде зимскиот распуст и ја зедов од градската библиотека да ја читам Папата Јована....Секој ден по 100тина страници си читкав..фактички за кратко време ја прочитав бидејќи секоја страница носеше во себе се’ повозбудливи доживувања...кога дојде финалниот дел...леле не сакав да се разделам од книгата....толку интересно раскажано,шо си помислив оваа жена можи навистина постоела,па и ден денес Вија Сакра е забранет за поминување....ја прочитав Папата Јована и ја вратив книгата во библиотеката..Потоа,после 2-3 дена го гледав филмот Папата Јована во верзија според овој роман од Дона Вулфолк Крос...И филмот беше како цреша на шлагот на тортата..Прекрасно нешто од книга,па јас и така обожавам книги со историска тематика и оваа посебно ми се допадна со голем интерес си ја читкав...
    Феминки,оваа книга е неверојатна!Ви ја препорачувам на сите,јас не се покајав што ја прочитав,јас едноставно:left withоut any comment to say! :bow:
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Вчера ја завршив книгава и се изнаплачив. Ова е книга полна со емоции, која не ве остава рамнодушен и ви дава голема поука.
    Уште на полетокот ме фасцинираше, нејзината борба да уче тајно без никој да ја знае, кога татко и ја претепа, сум читала и плачела... Оваа книга е една од најубавите книги и ми стое на врвот на листата. Онемена бев од почеток па се до крај.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Дефинитивно книга која не се споредува со ниту една друга. Полна со емоции, љубов, волја полна за учење и љубопитност. Нема доволно зборови со кои би го опишала јас ова дело. Едноставно здивот да ти застане. Мој предлог кон сите е дека секоја жена треба да го прочита ова дело. Браво за авторот на делото.
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Ја читав, можеби пред 10 години, а можеби и порано. Сеуше ја памтам, како вчера да сум ја читала, и ми остави многу впечаток. Топло ја препорачувам оваа книга :l:
     
  13. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Некој во пдф да ја има ?
     
  14. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Конечно книгава дојде во мои раце.Јас се восхитувам на ликот на Јована.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Книгава е една од најдобрите што сум ги прочитала. Чиста 10ка. :clap: Ако некој ја нема прочитано, мора! :D
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е дочитана, ја оставив на половина под сплет на околности (што ретко ми се случува со книги). Интересна беше, ама до каде што стигнав не ме фасцинираше. Можеби ќе променам мислење некогаш кога ќе ја завршам.
     
  17. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Феминки, дали некоја од вас знае каде би можела да ја купам книгава и која цена е? Ја имам прочитано уште како мала ама при селење ја изгубив и баш би сакала повторно да ја имам :)
     
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Во Матица ја имаше, цената варира зависно од попусти од 300 до 600 ден.
     
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    Филмот само го имам гледано, дали како и во сите други случаи книгата е по добра од филмот?
     
  20. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Филмот не го имам гледано, но книгава е врхунац. Маестрално дело, не се остава додека не се прочита до крај.
     
    На ane.bella и GirlRose им се допаѓа ова.