Се ближи зимата, па како времето станува посвежо носењето на папучи по дома е навистина неизбежно. Практикувате ли да носите папучи? Важно ли ви е колку се квалитетни или било какви ги задоволуваат вашите потреби? Јас носам папучи обавезно, а сега во новиов дом обавезно морам да ги носам затоа што голем дел од станот ни е со плочки, а останатото е ламинат, па подот е поприлично ладен. Планирав да си купам квалитетни папучи, па еве имам нови од Аdam's Shoes. Ќе видиме како ќе се покажат, на повисока гума се, а одозгоре се прекриени со многу пријатен текстил.
Си носам јас ефтинки 150-200 денари од пазар , понекогаш ги земам и од мајка ми оние што ги има со крзно и кожа незнам како да ги опишам, а ептен во зима кога е ладно знам да си облечам и волнени плетени чорапи, ни ги плетела некоја баба.
Обавезно зима носам папучки, без нив не можам да се замислам, имам неколку пара и тоа од оние детските што би рекла, имам кучиња, кравички и лавчиња и другите 2 пара ми се обични со шарички. Инаку јас од вчера почнав да си ги носам пошто станот ни е со плочки и е малку ладничко деновиве па без нив некако не се седи
не ми се згодни папуците незнам зошто, ама топлинки обожавам и најдобро ми е во нив... а посебно тие децките, шарени
Имам едни зајци дома, во прво или второ ми ги донесоа за роденден и уште си ги носам по дома, дефинитвно најкорисен поклон. За други нејќам да слушнам.
Обавезно си носам папучи, Number 1 аксесорис за по дома Сега имам едни розовки од Џамбо. Таму има интересни моделчиња, квалитетот не им е нешто нај нај но и цената не е висока.
си имам мајмунчиња- оние како топлинки што се. Не ги давам! Не ги менувам! Ем топло, ем слатки, ем додека шетам низ дома кучето мое си има занимација се фрла врз низ, ги лае, ги напаѓа
летно време ги вадиме теписите и носиме апостолки по дома , за да не одиме на паркет . А зимно време носиме оние обични папучи . Порано кај баба ми имаше и лајнарки за до веце , ама сега кога сме во наша куќа тоа ни под разно
Дај кажете каде има некои поквалитетни, по можност внатре крзнени папучи? Онака баш топли за во зима, да не сакаш да ги иставиш од на нозе ??
За мене папуча е неизбежен детал кога сум дома. Навиката веројатно ми е стекната од детство, кога живеев во куќа со релативно ладни подови. И не е само топлината, туку и удобноста во газењето - многу подобро е за нозете да се носат папучи, од колку да се оди бос, ако папучата е квалитетна се разбира. Од папучите не се делам! Сега баш констатирав дека време е да си купам нови, овие што ги носам сигурно се 2 години стари. А многу си ги сакам, кожни се, медицински, маџента како цветчето на фемина
Бидејки 19 години живеев во куќа со поприлично ладни подови навика ми стана носењето на папучи или во екстремни случаеви калчинки. Сега кај Петко подот е поприлично топол, но пуста навика, неможам без папучи, да не ми се вареа нозете јас и преку лето би ги носела. Лани, свекрва ми ми купи едни убави виолетови папучи, но дека светло виолетови морав на секои 2-3 недели да ги перам, многу се валкаа и гадно изгледаа. Сега се пензионирани, во шупа заедно со чизмите, но за ова зимо планирам да си купам од оние ко мечки/кучки/мачки што се, кај мајка ми имам едни кучиња, сега ми требаат нови за овде. Само од тие многу тешко квалитетни да начека човек, мајка ми неколку пара ми купуваше и на крајот од сезоната веќе беа уништени, а овие моментално актуелните оваа зима ќе им биде 3 и најверојатно ќе ја истераат. Се надевам дека сега кога ќе купувам ќе начекам некои убави и поквалитетни.
Без разлика зимо или лето јас нон стоп носам влечки ама се знеа лето некој летни а зимо обавезно земам некој подебели и секако 1 број поголеми
Имам исти вакви со тоа што моите прасиња имаат круна на главата Си ги купив лани од Џамбо и ги изнаносев. Удобни се и навистина се топли. Не можам да замислам да одам без папучи, па дури и во лето. Кога е потопло, си носам едни црвени папучки
Од каде може да си купам топлинки или папучи со крзно, онакви како UGG boots?? Сакам еден пар за мене и 1 за мајка ми (и ги скинав несакајќи, мада беа стари ама сега имам грижа на совест )
Задолжителен елемент се кај нас по дома, секој си има свои и се носат 24/7, посебно периодов кога е ладничко. На лето, поретко - ако имам добиено може да ме видите и со волнен џемпер на +40 степени, ништо чудно! Како мала имав топлинки како овие и ми беа ужасно страшни, ама помодарка уште од мала - другарките имаа, морав и јас! Спојлер Сега имам персиски мачиња - бушави и топли и не би ги менувала за ништо. Добри се, втора година по ред ги носам, ама се' си мислам дека фактот што се мачиња не ми дозволува да се понашам ко багер во нозете, да не си ги расипам.
Обавезно носам папучи кога е ладно што значи на есен и зима. Кога ќе се стопли времето само ќе ги исперам и спремни се за на зима
Од септември па до јуни секогаш сум со влечки по дома едно нешто се за тие како мене секогаш што се со студени раце и нозе
Ако нешто дома имаме, тоа се папучи. Ги имаме за извоз... Сериозно, имаме многу видови и големини на папучи, кои порано припаѓаа некому, сега служат за гости. Секој си има свои и цела зима ги носиме. На лето не. Подовите ни се ламинантни и со плочки, па за зима студи и убаво е да се носат, ама лето е претопло за нив и си одиме боси.
Имаме навика да носиме папучи за по дома затоа што често кога некој јаде и е на брзање неможе да собере трошките а тоа и на маса и на подот па се разнесуваат натаму наваму па дур да дојде дома некој друг се тоа да среди да не газиме на трошки до душа избегнуваме да газиме на местата каде што има трошки ама неможе целосно да се избега а и на некој нешто ќе му се истури па дур да се собере исто како во горенаведениот пример ,абе зафатени луѓе сме ние хаха А патем и кога некој става дрво во печката и често паѓа пепел па и тоа треба да се избрише итн..Сакам да кажам од вакви ситуации произлезе нашата навика за носење папучи инаку имаме патос и воопшто не е ладно зимно време да се оди бос нема потреба од папучи од тој аспект.Инаку баш денес си купив кломпи за по дома,овие другиве папучи од носење се згмечуваат абе со земја се рамнат,не сме ние за такви.
Ја се заљубив у тие Slipper Boots. Као плетени чизмички за по дома,слични на УГ-от до негде во формата,само се многу по симпатични. Имам проблем со циркулација на стопалата.Абе секогаш ми се лед,дури и у лето на плажа кога се сунчам. А овие ептен топлички се.Папучки неможам да мкнам мака ми е. Ги има у Акцесорајз али многу скапи бе, штикла ќе си купам за тие пари. Ми текна дека у Пикокс може да ги има,ќе си проверам. Ако не Грција му е мајката ,h&m ги има,па на крај краева дури и во Акцесорајз таму да ги купам поефтини се гарант.