Бидејки од мала живеам во стан немам таква навика да носам папучи, дури и се чудам на мајка ми и зимно и летно време носи иако дома никогаш немаме немаме темература под 25 степени . Сигурно од мала е навикната
Често знам да си ги соблечам папучите и да си ги качам нозете на кревет или на стол, ама внука ми (која патем има година и пол) е убедена дека по дома МОРА да се носат папучи, па секогаш упорно ме облекува
Секогаш носам, ги обожавам. Имам ладни стапала и не можам да се замислам без топлинки. Дури и во лето носам чорапи. Си ги купувам обично од Џамбо, а последен пат земав од Ваикики.
Папучи задолжително, за во зима топлинки со крзно, а за останатиот период од годината класични плишани папучи.
Зимно време обавезно со папучи. Летно време чат пат. Ама тогаш летни папучи. Имам посебни папучи за внатре, а други за тераса. Трети за во купатило.
И јас имам посебни за во купатило, заборавив да пишам, добро ме потсети. Посебно си ги користам за после бањање, бели-фротир и често си ги перам во машина.
Zdravo Obozavam da nosam papuci.E sega imam videno edni papuci so dalmitence na koi mu se krevaat usite koga se dvizat. Kade mozam da gi najdam?Mnogu bea ubavi.
Папучи повеке сакам, навикната сум да носам а топлинки не можам да носам никако што знам не се осекам убаво во нив
Папучи машки интересни, знае некој кај да најдам по Скопје? Не оние стандард турските, сакам нешто помодерно.
каде можам да најдам папучи за дома, да се по нормална цена и квалитет!!!!! луѓе најобични папучи во трговски 900 ден и повеќе а тие по 200/300 ден по стружанка и слични продав. ептен се крш