Има у Пикокс Мисице по 800 денари беа отприлика. Јас си земав вакви лилјакови од џамбо 500че беа, е сега не прекрасни како од акцесорис кои се точно 3 пати поскапи од овие моиве , но можам да кажам дека многу многу топлат. Лани ги имав прасенцата со круна од џамбо Ана каренина погоре ги посочи, но сепак слаб квалитет имаа одоздола па им ставав дополнителна кожичка, беа само картон и постава иако топлеа од страна. Додека чизмиве се дебели внатре, гумени одздола и дебели доста. Е сеа не се волнени како оние од акцесорис, ама и во Пикок не беа волна само дебели беа. Јас ги земав дека и лилјакова ми е собата од ѕид, прекривач до теписон па да си одговарам у пикокс не ми одговараа боите Се на се, живеам во куќа каде е смрзнувачка и мора да носам папучи имам дома значи од прасиња, до чизми, имам од баба топлинки, имам чорапа-папуча, класични папучи и само од јуни до септември не ги носам. Ах да и обавезно плус носам дебели термо чорапи. Сакам топли ноженцата да ми се
Одсекогаш си имам проблеми со ладните стапала. Можам да кажам дека решението го најдов во топлинките на Димко Митрев. Малку се скапечки, ама вредат за секој денар... сега цената не ми текнува баш ама се максимум 1000 ден. Јас цел живот носам такви, ова зимо ќе си купам нови(стариве ми се више 5-6 год.).
А кај има такви топлинки во облик на мечиња, прасиња, крави ?? Сакам и јас да си купам, ептен симпатични ми изгледаат. Се надевам не се со некоја астрономска цена.
Не се многу скапи до 300-350 денари се, јас си купив пред 4 години но не ми издржаа ни една сезона. Моите беа зајчиња
Како огромен љубител на зимата и (скоро) се што ни носи, морав да се уклучам во муабетов... Бидејќи и јас патам од синдром на ладни стапала, сум пробала повеќе варијанти за греење (од обувките за по дома)... како една од најубавите можам да ја наведам варијантата калчуни = топлина на стапалата пропратена со долготрајност и прекрасна носталгија по детството...
Јас сум ти манијак за топлинки. Станувам сабајле, или влегувам дома и прво нив ги облекувам. Како вечито не загреан човек секогаш ги носам и кога одам на гости обавезно барам да ми дадат. Имам некои си 7-8 пара во разни бои, а најудобни ми се тие што се како балетанки од Џамбо. Кога бев мала ми купија едни ептен гломазни жолти со Џивџив и си ги обожавав, кога е ептен ладно носам едни предебели од кинеската продавница, имам и обични фротирски за после бањање, а некогаш и си носам едни плетени од баба ми. Таа си ги вика пупиња али многу топлат.
Ги мачкаш со коњска маст (црвена),ги пикаш у дебел чорап,па у уг и немаш мука цела зима,плус меки ти се џоа бебешко газе пошто нон стоп се спуруваат и од тоа мастта,можеш и вазелин да им ставиш,абе мед да лижеш! Е саамо така нема смрзнати стапалца!
Таман ко ќе се разлигави маста ,уживанција Он топик - ги мразам сите топлинки ,сафра и склет ме фаќа од нив! Единствено можам да ги носам (десетина минути) моите розови зајаци ,си ги купив од Турција и најмили ми се Стандардна влечка не доаѓа во предвид ,не знам да одам јас со такви пераи ,има глава да скршам на некој ќош ,пантофки - никој други освен зајаците ...
Јас последно око им фрлив на едни од Пирамидка со звездички не знам кај имаше постирано побарав какви беа убави!!! Инаку порано имав со кученца, ама поим немам кај ги оставив и ги загинав, и сега располагам со обична влечка за по дома со цветен дезен, и едни розеви со плаво, неодредена шара. Инаку не носам влечки во зима, мајками само ми вика облечи влечки дете, облечи влечки. Кога носам најчесто се лизгам низ паркет и по некоја минута ги соблекувам. Ме нервираат ептен значи, и никогаш не сум можела да се навикнам додека на тие кучињата можев да одам, дека затворена ногата.
Фирлес душо, тие ми се поклон од мајка ми, едни меки меки и како апостолки? Тие веројатно ги мислиш Најубави се! И најмеки бре. Ја сум ви луѓе прав папучар! Не дека сум нон стоп по папучи ама ги сакам многу и ги имам, а да ви кажам и почитувам особено во зима. Летно време шетам со апостолки обично или сосема боса. За гостите ги имам оние најобичните папучи од Икеа, во сите бои, за секој по нешто - изволте! Потоа имам едни волнени, прави папуча стил, тие се со тврда пластика одоздола па ептен ако треба у влез или по надвор да искочам, ги наметнувам ама не ги сакам многу. Имам едни кремасти - ко балетанчиња се, само не се за по надвор туку се папучи. Потоа имам поклон огромни папучи, топлинки кои изгледаат како фенси тигрести стапала со розеви лакирани нокти. Ги добив поклон од другарка за Божиќ Не знам дали можете да ги замислете, ама многу се кичесто прекрасни. И кога шетам со нив обожавам да играм твист по дома, затоа што изгледаат комично особено тоа розевкастите нокти. И најомилени ми се едни кои изгледаат нешто ко астронаутски чизмичиња, 20 сантими над глужд, розеви, со минијатурни Снупи фигурчиња и горе се врзуваат. Тие ми се од Х&М на времето кога продаваа вакви и многу се фора. Ги носам и летно време....изгледаат ко UGGs ама розева папуча стил, и си ги носам нормално со кратки пижамчиња или спаваќи Отприлика вакви ама потенки. А мајка ми сега си купила исти вакви за по дома само зелено-црни. Лудо женче ама ќе и ги крадам Е уште лајнарка немам, ама и таа ќе си ја набавам кај и да е за летно време.
Јас едноставно немам навика да носам папучи. Многупати ми се случило да си речам дека цел ден ќе носам папучи, ама нема шанси да ги носам повеќе од пет минути бидејќи каде и да седнам ги кревам нозете па морам да ги оставам папучите, а откако ќе станам не можам да ги бркам и да ги облекувам пак и ги оставам така. Ептен ме нервираат. Така што зиме, лете јас со боси нозе шеткам по дома. Плус колку пара папучи се изгубени кај мене дома. Секоја есен се купуваат нови папучи и до почетокот на зимата се изгубени па пак мора да се купат.
од плетените чорапи со волна нема поубаво имам едни такви и си ги сакам бидејќи се цело зимо уз мене.. по папучите не сум многу ама мора да се има нешто на нозете
најубави папучи на свет со сум ги купила и со ги имам и за кои не жалам ни пари ништо се dr.lugi од хрватска си ги купив а бе луге ги носам и зиме и лето, зима топлат лето ладат 100% памук страшна работа . Ги има и во мк ги имам видено во виола аптеките само цената незнам која е !! прекрасни се
Јас по дома си шетам боса. Така да.. папучи облакам 2-3 пати во месецот (само есен, зима). Ич немам навика за папучи, ама ич. Ме нервираат.. ќе легнам, треба да ги соблечам, па после пак облечи. х) Ќе ги зашуткам под кревет, па после иди барај ги. Па ај нови ќе облечам. Па ќе почнат да викаат дека сегде оставам папучи.. Вака ми е поарно.. Ама сакам вакви, иако незнам колку време ќе ги носам..
Јас сум си и лето и зима со папучи на нозете. Летото отворени некои или пообични апостолки, а во зима класични папучи или овие како балетанки што се. Најмногу носам дека сум се навикнала и шубе ми е боса или по чорапи да газам по тепих (колку и да чистиш увек нешто ќе се најде и да ти се залепи на нога),а после легнувам на прекривач,качувам нозе и некако ми е безвеза. Овака ми е подобро со папуча на нога, па со помирна совест ставам нозе на кревет