Носам секогаш и како Фиги развикувам по братучеда ми. Тука носам едни како балетанки виолетови, ги постирав во темата за чевли, не знаев дека имало специјална тема. А ако газам некаде каде што е водено знам да си облечам врз „балетанкиве“ и стандард папучи за по дома. Кога си одам дома носам какви ќе најдам, ама гледам да ми се поголеми, поудобно ми е така. Во лето носам папучки-јадранки.
носам постојано,последен пат си купив од џамбо 2 пара едните се црвенни затворени а другите отворени ,а најмногу ги носам оние на гезер што се најиздржливи се и за одржување во машина ги ставам да се перат и како нови испаѓаат,обожавам папучи и омилен подарок ми се кога и да добијам
Носам, кога ќе залади времево обавезно сум со папучи по дома. Имам повеќе пара папучи, си купив зимава неколку пара и само ги менувам или пак ќе ми дојдат другарки на гости и прво нешто со што ги услужувам се папучите Инаку си купив папучи и за кај дечко ми кога одам, си ги оставам таму барем си знам дека само јас ги носам тие папучи
Носам папучи, имам едни од пред 3години од Србија ги купив, и сеуште се мекички и топли,воопшто не се уништени.
Јас си носам нешто како во вид на висока чорапа со многуу дебел слој Ги купив од Џамбо љиљакови се со црни срциња Многу си ги сакам
Не поднесувам нешто на нога, нит чорапи нит папучи. Сакам нозете да ми бидат слободни. Ептен ретко носам. А и секогаш ги зашиткувам негде. Под кревет, маса, биро.. Или едни ќе почнам да носам, ќе ги заборавам кај сум ги оставила, па вадам други.. И ќе ми почне сестра ми да ми квака над глава, дека сегде ги оставам, ништо не враќам на место.. Таман работа, на секое легнување и станување, да им праам тури вади.
Ептен се слатки за у зимно време...Па како топлат.. Милина на душа..Може малце на налик се детски,ама мене не ми се..Шо знам?
На лето не носиме, ама на зима куќата преплавена е од влечки, секгаде расфрлени, мама ги подредила, овие ќе им ги дадеш за гости, плавите за машки, розевите за женски, мој се црвените со срценца, од тато се тие кожните, а другиов пар нека бидат за гости. Како турска серија да сме, арно викам ја, да ги продадеме кај Назирела. Јас не дека многу носам влечки или топлинки, мајка ми само ми вика да ги носам, ќе сум се преладела, тоа ни е најчесто расправија во зима, а мене најубаво ми е со чорапи да си цапам. Ама кога мора ја слушам мајка ми и дека ги губам влечките, стално и ги земам на мајка ми, а да заборавив мајка ми ни рече кога одиме во WC постојано влечки, се е од нозете, ќе се преладиме. Зимно време со влечките си имаме проблеми.
Мн се убави, а од кај ги зема и колку пари ако не е тајна Едит: И јас неможам без обувки на нозе по дома дали е лето или зима нон стоп си носам. Во лето секако некои така лесни апостолки по дома, а зимо папучи или топлинки и обавезно два пара чорапи
Спојлер Лани ги крадев на ќерка ми.Штом ќе начекав прилика да е на училиште или да не ги носи ,веднаш на мене.А убаво ми викаше таа,купи си за себе ќе ми ги крадеш
Неможам да поднесам на нозеве да имам нешто, сакам да ми бидат слободни стопалата и да ми дишат. Претежно сум боса по дома, било кое годишно време. Сакам така да газам, посебно летно време на ладен паркет, уф уф уф, предобро чувство. Но, каде и да сум - било кое време, доколку видам некои интересни за по дома, мои се веднаш. Многу пара имам, најчесто од Џамбо. Братучедка ми парадира постојано да не донесат некои нови, нешто како опсесија ми се или како колекција. Секакви имам, од прасиња и зајаци, со глави до цели животни, како балетанки, такви чизмички од Веро што се продаваат горе, секакви бре. Ги носам 1 до 2 дена, а потоа може и на покрив да ги најдеш. Најдов некои интересни сликички, ќе ги ставам во споилер. Спојлер
На една моја другарка мајкаи од Грција носи разна роба ии бев случајно кај другаками и ми ја покажуваше робата и ги видов ми се засвиѓаа и ги купив иначе 200 денари а мислам дека на попуст дека другарка