Ја неможам боса да одам никако морам да носам нешто на нозете, летно време носам апостолки, римјанки а зимно време или гофи или влечки, така боса нема шанси
И јас не можам да одам боса по дома. Навикната сум нон-стоп нешто да имам на нога - лето, зимо. Обично во лето (сега) носам апостолки. А во зима папучи.
Носам папучи само на зима. Сакам ногата да ми биде топла. Но,си имам навика да незнам кај да ги оставам моите,т.е ги губам.Па после да ги земам од мама И така.Битно на зима,папуча морат на мене да имам.
Кај мене нема шанси да се случи да нема собни папучи.Тоа никако.Ни во лето ни во зима.Имам да дадам и на сите гости што доаѓаат.На секое излегување од дома јас се враќам со по еден пар,и после како да се пожали некој.До сега којзнае колку имам изнакупено.
Си носам топлинки или папучи. А и во летно време си имам за низ дома летни апостолки. Не сакам да газам по ламинат боса.
Носам јас носам-шипки...ќе ги поносам 5 минути и ќе седнам некаде и кога ќе станам без нив ! Само фрлаат по мене со нив
си носам јас папучи зимно време не можам без папучи едноставно не сум навикната дури и да сум без чорапи папучи мора да носам.
Не можам да одам боса по дома, без влечки или папучи. Летно време носам апостолки, а сега зимата овие си ги носам:
Зашто зборот „КАЛЧИНКИ“ го нема во насловот?? Па тоа е најсекси топлинка што постои Ќе ви ги сликнам дома мојте, ама друг ден. Овие се од нет. Мојте се од бабата ми, пожешко стојат
Мене па никакви папучи не ми ја топлат ногата Па затоа носам само 5 минути и ке ги зафрлам некаде И калчуните имаат големо ДА од мене
Оу да. Низ дома секогаш сум со моите „фенси“ розови папучи. Навикната сум на нив и си ги носам постојано и зима а и во лето.
Калчунки ако ме мрзи да барам кај сум ги запикала папучите. Обично носам, ама многу заборавам кај ги оставам, па облекувам кои ќе ми се згодат при нозе хахах
Јас дома шетам боса, зима лето боса, ни папучи ни чорапи. Стално ме прекоруваат срамота било, некултурно било, ама мене ми е убаво така. А ако ѕвони ѕвончето трк по папучите