И во лето и во зима си носам папучки по дома , али едни како топлинки од кинеската ми привлекоа внимание и не ги вадам од нога. Ем ме топлат ем со кученцето мое се најдобри другарки (имаат ушиња и кучево мое се бори со нив )
Јас носам само на зима или на есен носам и влечки и топлинки. Досега носев вакви прасиња , а сега од дечко ми за поклон за нова година добив вакви и сум пресреќна бидејќи се прекрасни Ги обожавааам
јас не носам, боса сум лете зиме, не се осеќам удобно во нив мм носи и син ми има зелени бибички и секогаш му ги облечувам
Секогаш ги носам и лете и зиме...стапалата ми се многу студени,затоа,без нив не можам,а и некако како гнас да ми е со боси нозе да газам,не знам зошто...
Си носам стандардна папуча од пазарче со срциња, а иам и едни со кравички како чорапа што се од џамбо
Ги имам точно истите и сум презадоволна. Од секогаш сум била со мраз ладни нозе на зима, но годинава конечно се спасив. Многу топлат и ги препорачувам на сите со слаба циркулација како мене