Еве бе снајке не се држи за раче со партнерот штом нема потреба. Не стапувај во брак, нема потреба, доволно е што си се сакате. Не мораш да го посетуваш во болница, не мора ништо уствари. Ај еве откажи се од овие работи кога нема потреба од нив. Не оди на протест за воздух и онака нема ништо да се смени. Џабе одиш и се трескаш кога пак го гориме сето ѓубре од Европа, пак увезуваме сомнителни материјали, пак сечеме дрва за згради. Ништо не се сменува, урбанизацијата продолжува, нема потреба да протестираш. Ништо не мора во животот, се дури тоа не ви го скратат. Е кога ќе ти скратат нешто толку важно како брак, како што тебе ти е воздухот и ти ќе дремеш, тогаш имаш право да ја влечеш таа паралела. Дотогаш како што ти протестираш за воздух затоа што веруваш во промена, така и другите луѓе ќе си протестираат за ствари што нив им се битни.
Кате ај не споредувај воздух со брак, жити се. Без воздух не можеш да живееш, без брак и те како можеш. И не се држам за раче кога шетам со партнерот, ми ја поти раката, бре бре, што пропуштам. И како тоа не можеле некој да посетат во болница? Од кои логични причини? Него ај, баш ме интересира дали после парадава ќе можат брак да склучат. Кога сакаш да направиш промена, се прави протест, а не шетање на газиња и денсање со стриптиз штикли. Некој сериозно сакаш да те сфати, а ти сериозно не пристапуваш кон својот проблем. Реков, нека се одречат од тие цурскуски и порно мотиви, промената полека ќе си дојде. Дотогаш сликата која ја формираат самите, нема никогаш да донесе бенефит во нивна полза.
Не ми одговори. Како дрег повредва било кој? Очекував дека педофилија и зоофилија ќе спомниш. Сите хомофоби исти аргументи имате шо ми иди книга да вклопам со 1000 прашања и 1000 одговори оти смачено ми е. Али нема да прочитате оти после како ќе се контрате. Разликата е, кај хомосексуални особи имаш ДОЗВОЛА за полов однос. Со животни и деца НЕМАШ дозвола. Од таму е грешно на 100 нивоа. Ама тебе ти летна таму мозокот прво, загрижена сум за тебе. Тие две работи како и некрофилија нема да поминат н и к о г а ш ако не за друго, за моментот на дозвола пошто дете, животно и мртов човек не можи да дај дозвола.
Епа нека ги забранат браковите и за хетеросексуалците. Или сите - или никој. Тоа е рамноправност. Се' измеѓу е булшит. Ако имаш секс, тоа значи дека ќе посакаш и педофилија и зоофилија? Тебе така ти се случи? *Ја знаете ли разликата меѓу консензуална врска и насилство?
На мене не може да ми се случи ,сепак имам граници, за разлика од тебе, по муабетиве со ги правиш во форумот...
И јас имам граници. Зошто мислиш дека немам? Ја поддржувам ЛГБТ борбата и воедно се залагам за законско зголемување на возраста за консензуален секс во Македонија. Моментално од 14 години, државата вели дека си способен да дедеш согласност. Јас сметам, дека возраста треба да се зголеми на 16. И сега...? Кое ти е резонирањето?
Ова за годините ти е океј, ама извини никогаш нема да сфатам зашто ги подржувате ЛГБТ , и не сакам да навлегувам зошто сигурно ќе бидам банирана , овде друго мислење не се дозволува
Оти ми е жал. Оти јас си одбрав маж и никој не ми забрани да бидам со него, ни да се омажам за него, ни да имаме деца заедно. Сакам сите да бидиме исти. Шо ако се геј, или транс? Луѓе се и тие од крв и месо. Имаат мисли, желби и потреби, исто како нас. Мислам дека се делиме по глупи основи. Сексуална ориентација, пол, раса, нација, религија... а сите исто јадиме, пиеме, мочаме, сериме, спиеме.
Педофилите не се од крв , месо, немаат потреби, мочат, серат ,спијат....ама неможе нешто што не е нормално да стане... нема да се разбереме ,затоа тука ќе прекинеме
Педофилите повредуваат деца. Хомосексуалците не повредуваат никого, со тоа што се хомосексуалци. Тоа е разликата. Дали има жртва, или не? Ако двајца возрасни сакаат да бидат заедно, кои сме ние да им кажуваме дали треба, или не треба?
Најискрено сум загрижена за ( поќе од) индивидуи кои не го сфаќаат моментот на согласност. Денес не сфаќаат дека дете не смеј да дај согласност, животно не можи, и дека две возрасни индивидуи од било кој пол можат да дат согласност оти се возрасни, свесни. Утре нема да сфати оти "не значи не" и оти напорвање и досадвање се смета за сексуално вознемирување. Од ко ми падна ова на памет сериозно сум загрижена.
Прочитав некој ред од дебатава и не дочитав ама да истакнам факти некои: - Во светот постојат повеќе од 60 пола од кои медицински се признаени моментално 48 а ние уште тупиме за женско машко и геј -За разлика од ГЛУПОТО и НЕЕДУЦИРАНО мислење на поединци, педофилите,убијцитее и сите други со поремтување се луѓе кои имаат мозочно поремтување и нема врска со полот -Појавата на геј луѓе е како последица на пореметување на хоромзом и отворете биологија 5-6 одд прочитајте. - Безразлика на половата ориентација и префернција, и вид на протест постојат луѓе кои презентираат нудизам за кој јас лично и не сум против ако е нагласено на одредено место дека е дозволено во спортивно сум за казни. Не, не сум геј ама сум човек кој сака да шири љубов и да гледа како сите можат да бидат свои и слободни во една планета за сите ( јавните допири и остали ствари не ги подржува и кај геј и кај стрејт луѓето поради тоа што мислам дека за секоја работа си има место и време)
И пак да напоменеме, дека разликата е дали има жртва, или нема жртва. Така се прават закони, а не оти на Петко му се чинело оти треба сите да се ко него.