Парада на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 16 јуни 2021.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    4.053
    Допаѓања:
    15.460
    Пол:
    Машки
    Сексуалната определба не го дефинира само сексуалниот акт или сексуалните односи, односно кој со кого спие. Ако тебе и на многу други таму им оди паметот веднаш, тогаш да си ги преиспитате намерите... :lol:

    Гледам погоре се коментираше и за изгледот, како изгледале, шарени, голотии итн.

    Тие што беа со таков изглед, дали беа 10-15% од луѓето на парадата. Останатите присутни, а и неприсутни многу добро знаеме како изгледаат И СЕПАК, се мета на дискриминација, погрдни коментари, булинг и др видови на вербално и физичко насилство.

    Ете на социјалните мрежи, а и во живо, за индивидуи шо изгледаат "стереотипично" не изостануваат навреди, пцовки и што уште не во контекст на нивната сексуалност. А еве се однесуваат и изгледаат "најнормално". Нема голотии, нема "провоцирање", едноставно си го живеат животот и пак се мета.

    Да не коментирам дека едно време, а кај нас се уште, и "метросексуалците" се поистоветуваа со хомосексуалците само затоа што беа средени, со добра облека и целокупно среден изглед.

    Така да, не ќе да е само до голотијата и бојата шо се појавува еднаш годишно, туку до општиот став кон овие индивидуи во секојдневниот живот, работа и сл., ама најлесно е вака нешто да се каже, колку да се оправда личниот став.
     
    На awkey, Puellapulchra, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.811
    Допаѓања:
    93.530
    Пол:
    Женски
    Добро ценам што се потруди.
    Но пак нема едноставно објаснување, изгледот и изведувањето бесни глисти не го ни спомнав.
    Туку што и зошто сите треба да знаеме?!
    Дека постојат- знаеме.
    Зошто не е доволно ?
    Мора силно да се замараме дека постојат инаку ги дискриминираме?
    Еве едноставно објаснување?
    Или дека не се прифатени од сите?
    Не се, бидејки секоја индивидуа има право дали ке ги прифати или не.
    Што друго треба да знаеме?
    Еве чекам логичен одговор.
     
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    26.644
    Пол:
    Машки
    Искрено, ваквите прикриени коментари ми се многу пооодвратни од отворена хомофобија. Барем кај вториве знаеш со кого си имаш работа.

    Прво и основно, Скопје Прајд е веројатно најконзервативната и најмирната парада во Европа а ако не и во светот. Ако ти својот став го градиш врз основа на 10 зумирани фотки од портали чија единствена цел е токму тој ragebait за кој зборуваш, тоа е твој проблем. (Инаку, чисто да се разбереме, јас немам апсолутно ништо против ниту тие луѓе што кај тебе предизвикуваат „нагони на повраќање“).

    Второ, тој микро процент на луѓе што ти ги нарекуваш „провокатори“ сигурно постои, но во генералната слика е апсолутно незабележлив. Дали си воопшто свесна дека на парадата во Скопје има повеќе поддржувачи отколку ЛГБТ?

    Реалноста е дека над 90% од ЛГБТ луѓето во Македонија воопшто не излегуваат на парада. Дел од нив поради интернализирана хомофобија, а за останатите искрено се надевам дека ќе сфатиш зошто не смеат да се појават. Ако не, слободно кажи, ќе ти нацртам.

    Онаа твоја паушална статистика дека „80% се неамбициозни и промискуитетни“ не вреди ни да се коментира колку е смешна и извадена од ракав. А забелешката дека „константно се ставале во улога на жртва“ е врвот на иронијата... Замисли, луѓе кои се реални жртви на вербално (некогаш и физичко) насилство, дискриминација и маргинализација, се ставале во улога на жртва. Кој би рекол...

    И за крај од каде ти е тој генијален заклучок дека „никој не знае кои права се бараат“? Направи анкета на терен? Ги интервјуираше присутните еден по еден? Или едноставно тебе ти е полесно да веруваш во тоа за да си ја оправдаш сопствената одбивност? Барањата и недостатокот на правата се јасни, само треба некој да сака да прочита малку повеќе пред да почне да се згрозува на интернет.
     
    На awkey, Angie1432 и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  4. Marin♤♤♤

    Marin♤♤♤ Нов член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Едуцирај не ти за да не гугламе или незнаеш ?
     
  5. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.782
    Пол:
    Женски
    Ај пополека прво научи граматика што се учи во основно односно ʼʼНе знаеш” се пишува одвоено. Па после може доколку напредуваш ќе те научиме и да изгуглаш.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    5.890
    Пол:
    Машки
    Па не е парадата да покажат дека постојат и без тоа се знае..
    Ама секоја заедница има право на протест/марш и да бараат некои права ако сметаат дека им се потребни. Еве јас како припадник на нешто друго без тие да кажат дека им треба нешто, дека на некое поле се чувствуваат безправа, не би знаел дали им е потребно нешто и би мислел дека им е океј така како што е..

    И лица со попречености знаеме дека има, па имаат национален ден кога излегуваат на протестен марш и си кажуваат што треба да се подобри за нивната заедница.. Да не кажат дека има бандери на сред на патека за слепи никогаш мене не би ми паднало да кажам "ова ќе смета на слеп човек", затоа што мене не ми смета и немам некој близок кој е со таа попреченост за да ми каже..

    Исто и за 8ми март, знаеме дека жени постојат и дека уште не се третирани на исто ниво со нас мажите, што има потреба секоја година од марш ?
     
    На awkey, Angie1432 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.572
    Допаѓања:
    46.283
    Пол:
    Женски
    Ти маж ти како маж го претставуваш пред луѓето или другар? Правеше свадба? Или си живеете во спалната?
    Не знам ни што да се трудам да ти објаснам, демек не разбираш зошто бил слоганот тој што е.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.811
    Допаѓања:
    93.530
    Пол:
    Женски
    А кој ги спречува да си го наречат партнер место другар?
    Или да ги повикаат блиските во ресторан кога ке го озваничат односот?
    Никој.
    Значи сакаат сите да знаеме, што?
    Дека имаат партнер место другар.
    Ок
    И што мене ми е гајле за тоа ?
    Ако имаат зошто Протест пред Влада нека прават.
    Таму се носат одлуки.
    Ама таму не протестираат и не изведуваат паради воопшто.
    Туку замараат народ и перат парички за најголемата невладина фејк организација.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.381
    Допаѓања:
    40.260
    Пол:
    Женски
    Не си губи време, знаат они многу добро кои права и еднаквости се бараат, само им одговара да се прават на три ипол.
     
    На Medea., staycalm, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    18.043
    Ок е тоа што ти си кажала што мислиш и никој не те тера да си го смениш ставот ама нема потреба да се однесуваш како да треба секое твое мислење да се третира како апсолутна вистина и како никој да не смее да каже свое мислење. Сите што не ви климаат со глава за вас се такви, вакви и онакви. :puke:
     
    Последна измена од модератор: 24 јуни 2026
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.811
    Допаѓања:
    93.530
    Пол:
    Женски
    Законски права знаеме каде и како се бараат.
    Тие не ги бараат на начин како што се бараат.
    Факт
    Така да не мора да се замара никој со нив.
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.381
    Допаѓања:
    40.260
    Пол:
    Женски
    Вам реториката ви е КОИ ПРАВА, а не каде тие права треба да се бараат.
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.811
    Допаѓања:
    93.530
    Пол:
    Женски
    Прашањето беше
    Што треба сите да знаеме?
    Тоа е многу Глупа порака.
    Нема потреба ништо да знаеме.
    Нека бараат што им треба кај што треба и нека не замараат правејќи циркуси од себе.
    Затоа пто во оваа држава и на други луѓе им требаат ПРАВА па не прават циркузијади.
    Туку се борат таму кај што треба.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.381
    Допаѓања:
    40.260
    Пол:
    Женски
    Ок се согласувам за паролата, не ми се допадна ни мене, али паролата е најмалку битна во приказнава, прави дефокус од суштината.
     
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    26.644
    Пол:
    Машки
    Паролата "Сите нека знаат" е тотално on-point доколку јас ја сфаќам правилно, односно дека е време да престанеме да се криеме и дека секој има право слободно и без срам да покаже кој е и кого сака.

    Едит:
    Организаторите посочуваат дека годинашниот марш, кој се одржува под слоганот „Сите нека знаат“, е порака против игнорирањето на ЛГБТИК+ заедницата во јавниот живот и институционалниот молк кон нивните барања за поголема еднаквост и заштита на правата.

    „Сите нека знаат“е реакција против вековното, системско бришење и истиснување на ЛГБТИК+ животите од колективната историја, меморија, култура и јавен простор. На обидите нашето постоење да се релативизира, патологизира или претстави како нешто измислено и „увезено“ – гласно им велиме: тука сме, насекаде околу вас“, се вели во соопштението на Инстаграм профилот на Скопје Прајд.

    Нејсе, таман на место парола.
     
    На awkey, violetblue, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.381
    Допаѓања:
    40.260
    Пол:
    Женски
    Јас не би ишла со таков пристап али ете различни мислења
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    26.644
    Пол:
    Машки
    Го едитирав мислењето прочитај го додатокот, можеби ќе биде пологично зошто.

    Ама па истовремено разбирам зошто оваа парола би и бодела очи многу повеќе на онаа другата страна, чиј главен аргумент е да си "бидеме што сме во 4 ѕида".
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.811
    Допаѓања:
    93.530
    Пол:
    Женски
    Колку што читам, последен пат предлог за закон за истополови партнерства е спомнат 2022 год.
    Значи 4 год абер немаат од организацијата нешто да побараат.
    Единствено пто ќе организираат парада зоштп мора да ги оправдаат парите од најголемото лоби во светот и толку.

    Лелеле
    Им текнало парола на умниците кои се и на форумов и сега сите ние ќе се потресеме за тоа.
    Знаеме де дека постоите , покажувате и кого сакате, и дека сте тука и што сеа?
    Се додека не сфатите дека ве користат и со прст не мрдаат за ништо , читајте пароли вие.
    Инаку е демократија нели.
    Кој сака ќе ве прифати, кој не, ќе ве игнорира.
    Слободен избор.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2026
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    26.644
    Пол:
    Машки
    Ajде важи, ќе глумиме делулу сите дека живееме во утописко општество каде тие што не нѐ прифаќаат нѐ игнорираат.
     
    На awkey и Angie1432 им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.572
    Допаѓања:
    46.283
    Пол:
    Женски
    Ја само се надевам дека имате стрејт деца.
     
    На sparklie, awkey, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.