Точно. И иако сакаше со 1 удар да утепаш геј и демократски муви, многу е лош тој аргумент. Практично се е демократија кога гледаш така. Сите права и привилегии се добиени пошто некој кренал глас. Почнувајќи од тоа дали смееш да возиш камион како жена до тоа дали општесвено е прифатено да јадеш грав у петок. Така и на темава, битно е да се знае јавно дека геј луѓе постојат. Како инаку ќе доаѓа до прифаќање? Затоа има паради. Што се однесува на естетички избори, практикувајте го демократското право на игнорирање или искористи го твојот совет и барај ја правдината по институции.
Немаш толеранција да трпиш кога нешто не е црно или бело, порасни. Нема потреба сите да знаат. Ќе знаат личности кои ти се блиски т.е. кому ти одбираш да кажеш - дали блиски или неблиски. Вистинска самодоверба е тоа да си свој и автентичен кога ќе си го живееш животот најобично и одиш на работа, се дружиш, едноставно си живееш. Немаш потреба да излегуваш на паради и да ти е грижа за системска опресија (жртва мајндсет бтв). Никогаш нема секој до 1 да ја прифати ЛГБТ заедницата, и не мора, арогантно е да се бара тоа. Парадата никогаш, ама н и к о г а ш нема да го смени мислењето на хомофобични луѓе. Единствено нешто што им го менува мислењето е да градат вистински односи со геј луѓе кои пипаат трава и не се едуцираат на Твитер.
Согласен сум 100%. Апсолутно нема потреба сите да знаат дека имаш дечко и дека го сакаш и шеткаш со него, те молам престани да постираш сториња кај одите и се сликате заедно. Недај боже да се држиш за рака у јавност ИЛИИИ скрајадае да го бациш пред други. Односи ќе граделе со гејови шо пипале трава а истовремено гејовите требало да си ќутат дека се гејови. Лелеле
Не можеш да живееш автентично во земја каде што доминантното мислење е дека не треба да постоиш. Колку живеат така самоуверено тука? 10%? Навистина не знам дали не се разбираме, за Македонија зборуваме, не за Калифорнија, не за Шведска. Ако треба да внимаваш каде одиш за да не те претепа некој со твојот партнер - тоа е опресија. Ако треба да внимаваш да не си преочигледен/а дека не си стрејт - тоа е опресија. Не постои такво нешто како синдром на жртва кога како што реков, мнозинството мисли дека треба да умреш и твојата слобода на живеење е ограничена во повеќе од една сфера.
Одговорено е прашањево минимум 20 пати низ последниве страни, нема друга работа некој па ќе ти се повтара тебе таков мрзлив да скролнеш. Организација ко организација, перење пари, еден Уницеф пере пари па не Лгбт орг. Просечниот геј човек во Мкд нема ништо подобро после секоја една парада, никаков бенефит, напротив бива потсетен колку е омразен. Кој знае колку пари лапаат за да дигнат галама тие неколку дена, без да се преземе конкретна иницијатива, предлог закон и сл. Оние фриковите со голи муда да ми извините, треба да бидат експелирани од настанов, едноставно не знам нормален човек геј/стрејт да му е убава таа глетка, одвратно е и ствара одбивност дури и кај неутралните.
До прифаќање нема никогаш да дојде баш поради парадиве. Ќе дојде до прифаќање кога ќе имаш во фамилија или меѓу познаници или лични контакти. Едноставно ја знаеш личноста и прифаќаш, не го/ја дискриминираш. За тие што не ги познаваш, не им се ни замараш. Тоа е едноставно така, парадата не придонесува кон ништо.
Океј еве. Јас веќе со години не сум во Македонија, ама ќе си земам за право да зборувам, затоа што цела средна школа ја поминав во ЛГБ друштва, сум пишувала милион пати на форумов. Имавме многу добар community во мојот град, не конкретно ЛГБТ, туку алт друштва кои излегувавме на алт места, меѓу кои surprise, surprise, многу беа ЛГБТ. Пораснав во средина која е прифатлива, геј парови, твинкови и буч лезбејки ми се нешто најнормално. И затоа сметам дека животот си го кроиш така како што ти одговара, си ствараш своја заедница каде и да си. Не дека треба да се кријат, туку, секој може да си има свое парче безбеден простор и да си живее за себе и своите сакани, а не за другите кои не го прифаќаат. Точно дека не можат сите да се слободно држат за рака на улица, ама културата што не го овозможува тоа НЕМА да се смени со геј паради, ќе се смени спонтано со време и напредок на државата на секое поле.
Исто еден многу убав коментар под објавата на медуза за лузерски прајд. Разликата меѓу вистинско движење и срање у боја.
Читајќи ги страниве наназад, јас па се надевам дека децата не им се стрејт. Па да видиме кој каков родител е
Ич не ги мразам децата, им ги мразам ваквите родители. Факт е дека ако не си го прифатиш детето (па и геј) не треба да си родител воопшто.
Несакајќи бев во Сплит за време на кратката парада Сплит приде. Тоа немаше ни 100 луѓе. Интервентна полиција ги чуваше. Брзо минаа и се повлекоа во парк погоре, потоа никаде ги немаше низ град. Толку малку беа, да се чудиш, изгледа сериозно секнале парите на ЛГБти организацијава.
Да баш е исто. Сплит со околу 200 000 илјади жители. Плус најпосетен град со Дубровник заедно. Врие од туристи нема каде да се разминеш ама парадери нема. Геј парадата беше двајца без тројца Нема пари, нема заинтересирани да гњават туристи.
Да има во Тетово ваква парада, ќе се создадат поволни услови да се види колку непредадено оружје останало после војната.