Парадата не носи до ништо. Само одбивност ствара уште толку затоа што на парадите се глупираат во голема мера, ај тоа со голотии да не го споменам, ама општо не гледам ништо на тие паради кое би ме натерало да ги прифатам полесно. Овие не си го избркаа детето, ама не прифатија ич лесно.
Па еве мое видување. Не е проблемот сите да знаат, туку ШТО треба да знаат. Да пробам да елаборирам. Пред да елаборирам да повторам дека на парадиве одев лично до 2019, со план сум да продолжам од наредна година пак, како стрејт личност и поддржувач. Не треба мене и на останатите кои секако веќе поддржуваме нешто што искрено ми е веќе досадно да го објаснувам (а кои права ги немаат?) да ни се кажува и покажува и можеби затоа малку попрагматично гледам на нештата. Елем, за да има законски промени (најпрво и пред сè, вистински казни како губење на работни места и сериозни глоби за фирми доколку има дискриминација; право на брак за да можат тие две личности да ги уживаат социјалните права што ги уживаат хетеросексуалните парови; масовни кампањи од страна на државата за во секоја институција секоја Светле да ја научиме) неопходно е да се лобира - во партии. Се знае кој носи закони, се знае како се носат закони. И треба овој неписмен народ да се натера да гласа де за тие партии кои ќе го поддржат и актуелизираат ова прашање. Секундарно, а можеби и примарно, неопходно е да постојат сигурни куќи и државна стратегија за лица кои ќе одлучат да не се кријат, затоа што да, ако голата егзистенција им зависи, јасно е дека нема да сакаат "сите да знаат". Ако се отфрлени од семејство и поширока фамилија, ја губат таа сигурносна мрежа и тоа е многу сериозна ставка зошто воопшто и не се декларираат јавно, а не на парада да одат. Трето, што можеби е, а можеби и не е важно, размислувам тука "на глас" и оставам простор да бидам предомислена, можеби е подобро фокусот да се стави на поконцизни барања презентирани од лица со конвенционален изглед, со цел другиве да успеат да "преџвакаат" или да емпатизираат. Многумина немаат допир со лгбт лица и единствено што гледаат од нив се баш тие слики, а да бидеме искрени, и хетеросексуалци да се однесуваат исто ќе имаат неповолен фидбек. Не гледам јас нешто лошо во тоа, да не се разбереме погрешно, облекиве од погоре може да се видат на било кој настап на пејачки, ама затоа што конотацијата е различна и аршинот е различен. Сумирано, не знам дали правилна политика е "бодење во очи" или можеби разџвакување до тој степен да можат да разберат дека Петре хомосексуалецот е исто човек со исти потреби како Трпе стрејтот. Повторно, на глас размислувам, не тврдам дека е ова поправилен пристап. "Деца гледаат" е глуп аргумент, пошто деца гледаат и певаљки и обични пејачки со еднаква голотија и не гледам нешто некој да е насекиран. Мислам дека парадата ќе пројде многу подобро како отворен протест со политички, законски барања, отколку со барање за препознавање на заедницата како нормален дел од општеството. И Германците во ВСВ убиваа лгбт, не им се промени менталитетот оти се просветлија, туку затоа што законите се променија и менуваат, а останатите народни маси мораат да ги почитуваат нели, законите. Тука ќе вметнам и сериозна едукација на првенствено социјални служби, полиција и медицински персонал, кај сите три групи имам забележано потполна несериозност и дури лична хомофобија. За крај, традиционалната патриотка Брнабиќ има дете, лично свое, кое го расте во заедница со девојка и'. Чисто како пример за лицемерие, се трескаат овде од земја за деца ако посвоеле хомо парови, епа можат да ги имаат де, само вториот родител нигде не стои како родител, и така се обесправува најпрво детето (за кое нели сите се загрижени?), а после него родителот. Тлдр: парадата треба да стане протест со јазик разбирлив за луѓе кои имаат 0 експоужр на лгбт, со цел политичко лобирање и менување на законите.
Јас имам подобар предлог. Да им се даде убава територија да си основаат држава со сопствени закони, да не ги дискриминира никој и никој од страна да не ги гледа чудно или да им суди. Да си прават што сакаат и да не ме замараат мене и другите кои воопшто не не интересира за нив. бтв, постои закон за дискриминација. Ама во разговор со судии, адвокати ми е кажано дека е исклучително тешко да се докаже било каква дискриминација. Јас имав случај на работно место бев дискриминирана, ама не тужев.
Затоа што пак нема да им биде доволно. Пак ќе им фали нешто. Ќе сакаат сите 72 genders посебно да бидат спомнати, пак е дискриминација ако само хомосексуалните им се дадат права. Еве победија на Евровизија, не еднаш, не знам колку пати и уште сакаат и пак и само тие. Присутни се во секој филм/серија/ спот, имаат реклами, контроверзни натпревари овие трансџендерите. Ќе биде работата како албанците во мк, Грујо све им даде, малце им беше, Заев уште повеќе даде, еве ги пак им е малку, сакаа Албанец премиер на Македонија. Ало бре. Нема проблем, еве имаат кандидати и за претседатели и за градоначалници, ама малце им е. Во туѓа држава они главни. Низ Скопјево ретко слушам македонски јазик, пола Косово тука се лечат. На породување цимерките не знаеја два збора македонски, од Косово дошле во Чаир се породија и тие како мене ништо не платија. Ова малце дигресија, ама чисто за споредба. Сакам да кажам и се ова да се даде, пак ќе скокаат по паради и ќе бидат незадоволни. Листата ќе им стане бескрајна со тек на време. Јас стварно не ги следам, имаат некои трендови со овие genders (fluid, non binary итн.)
Еј брзиниве не можам да ти ги пофатам. Што имаат врска странски државјани (косовари) со македонски државјани кои исто како јас, ти плаќаат даноци во оваа држава? Кое твое право ќе се наруши со признавање на геј заедница како легитимна законска заедница? Зошто мислиш дека ти треба да имаш повеќе права на "територија" од било кого?
Па странски државјани им се даде преголеми права каде што не придонесуваат ништо. Поентата е дека и тоа не им е доволно. Исто ќе биде и со овие, ќе им се даде се и пак ќе се незадоволни. Странските државјани ми сметаат да. хомосексуалниве не ми сметаат додека си прават што сакаат, ама ми смета кога замараат. Ми смета кога се вадат на дискриминација како црнците у Америка.
Фала душо за предлогов, како што спомна @lovestoneddd, ако може територија со излез на море, али не черно како у Бугарска, со песочни плажи и кристално сина боја сакам, земјата по можност да биде островска, преферирам блага клима речиси цела година, со не толку жешки лета, мада со глобалново затоплување, тешко. Единствениот сообраќаен метеж да го ствараат галебите, и веќе ако живеат луѓе на тие територии, се надевам мажите ќе бидат со повисок ајкју и со поголеми пениси за разлика од тукашните. Се надевам ќе го разгледаат овој предлог од Влада.
Не се работи за тренд, отсекогаш си постојат овие идентитети, само што во поновата историја добиле име, а последниве години потворено се зборува за нив.
Ама јас ова баш го мислам. И мене да ми дозволи некој територија со истомисленици како мене нема да се замарам кој е премиер кој претседател. Се ќе биде топ за сите. Хомосексуалноста си постои да. За трансџендери не знам од кога датираат. Ама другиве 70-тина измишљотина се на новиот век.
Non binary или флуид треба да се забрани, а не да се бараат некакви права. за внатрешни доживувања и чувства, филозофски ставови да се бараат некакви права. Бидејќи тоа е сопствено внатрешно доживување, не се чувствува како жена, ниту како маж. Ако не си сигурен кој род си, Си има пол при раѓање и тоа е тоа.
Тек прочитај ги објаснувањата за сите 72 рода. Голем дел звучат како дијагнози. https://www.medicinenet.com/what_are_the_72_other_genders/article.htm