Мојот идентитет не смее да биде предмет на туѓа одлука или расправа. Моја работа е како ќе се чувствувам и идентификувам и дали ќе се изјаснам во јавност и какви сакам права ќе барам.
Срам да ти е, како можеш така да мислиш. Па самото твое постоење ги повредува кревките хетеросексуални егоа, камо ли да бараш права. Со закон да се забрани!
Од утре сум маче. Ама не цел ден. Некогаш ќе мјаукам, некогаш не. Каишче околу врат само кога ќе шетам низ мол. И права ќе си барам ! Ама ако ме соберат од Бардовци да не викате Боже свашта. Да објасните оти имам право и маче и куче да бидам, кога како се чувствувам оти и тоа нешто флуид е.
И се дијагнози. Родот ако зависел од расположението или луѓето со кои се дружи... Не се сериозни со дефиницииве.
чекај сеа ќе ни рипнат кои сме ние да делиме дијагнози. Дали сме случајно психолози/психијатри.. и така ..
Јас разбирам некој да е геј, ама да рече денеска сум куче, утре змеј, задутре бебе и така да се понаша е богами не разбирам. За тоа си постојат психијатри што треба да работат со вакви луѓе. Тоа не е нормално и не ме убедувајте дека е.
Геј и јас до некаде разбирам, иако не 100%. Ама овие 72-та рода не ги разбирам. Флуидни. Амбиџендери. Небинарни. Итн итн.
Ми се појави сликава и ми падна смешно ама и тажно, аналогно со нашиов народ. Во САД, 1 од 5 граѓани (20%) сакаат парадата да биде укината. Во Македонија пак, и покрај тоа што имаме една од најконзервативните паради - 4 од 5 граѓани (80%) сакаат да биде укината.
Јао со родовиве ама сте досадни. Што ве боли патка кој како што се осеќа? Родот е социјален конструкт, не е природен закон, не е во камен исклесано аман. Пол е биолошки факт, род не е. Дај научете прво што е што пред да паламудите и да пробувате со хехехенца да си ја оправдате неписменоста. . . . ^ Баш ради овие зборам дека гласноговорници на заедницата треба да бидат луѓе со конвенционален изглед, пошто овие мислат дека сите лгбт се драг кралици и тоа е некаква задолжителна униформа, кога 99% од лгбт не изгледаат никако поинаку од секој рандом Трајче и Стојна.
Па не живеат во шума, туку во социјална заедница сите заедно. Затоа збрката со 100 родови треба да запре. Родот е социјален конструкт. Историски било така, луѓето намениле некои улоги за да функционира подобро општеството,заедницата каде живееме. Полот е биолошки и научен факт, неспорен. Но ако бараме денес родот како општествен конструкт да е варијабилен согласно моментални чувства каква заедница добиваме?! Зошто сите ја сочинуваме истата. Бараат да се смени социјалната слика на друштвото ама предвидување на резултатот, нема и не може да има. Научни факти засега исто нема, Во Германија и др. држави донесоа закон деца нон бинари да се вклучат како такви во школо и тоа тотално без памет. Каде ќе ги сместиш на физичко? во која екипа? Физичките норми за машки и женски се различни. А според закониве небинарните и транс деца бираат во која екипа ке се приклучт Кој бенефит го имаат децата на 14 год од ова? Со задоволување желби на одредена групација несигурни луѓе правиме општествен проблем. И на крај Живот во кој ми е важно како целото општество ми се обраќа, како барам прифаќање од сите, општество што се менува во зависност од тоа како се чувствувам , не можеш да разбереш. Човек кој знае што е , без разлика како се чувствува, дали како тој, таа или вие, не се занимава со такви работи.
Па еве мене ме интересира, што фајде има општеството, а посебно жените, од родот? Точно, општествена категорија е, врз основа на која вековно ни се наметнуваат улоги и правила кои ништо немаат врска со нашиот пол и нашите предиспозиции. Па оттаму, јас не гледам зошто род воопшто треба да е важен било кому, за пол е важен и не го дискутирам. За делби по пол е друга дебата. Ама родот како таков, арно не гледам да ни носи, затоа не мислам дека е нешто што било каде треба да стои, независно од полот.
Со фашисти не преговарам, само си го барам тоа што ми следува. Ако фашистите не сакаат да го обезбедат, ќе има во иднина некои други власти кои ќе бидат во служба на граѓаните и на нивните права.