Денес требаше Германија за натпреварот со Унгарија да го обои со боите на виножитото стадионот во Минхен, ама УЕФА не дозволи. Тоа требаше да биде еден вид протест за ставовите на Унгарија кон ЛГБТ. И Ноер (голманот) сакаа да го казнат затоа што носеше трака со боите на виножито, наместо капитенската трака ама се предомислија.
Никогаш нема да подржам нешто што е против законите на природата. Покрај толку наметнувања на лгбт пропаганди, се прашувам зошто и животните не се чуствуваат себе си за лезб, геј и бла бла како лгбт луѓево ако се така родени? Него имаат инстикт да се парат машко-женско а не машко-машко или женско-женско. @WildMk еве ти како најголем подржувач и дел од "лгбт", те молам објасними го ова.
И кај некои животни има појава на хомосексуалност. Еве ти, како експерт за тоа што е 'природно', објасни ми зошто тебе лично ти смета двајца луѓе од ист пол да бидат во врска?
Имам лоши вести за тебе ако мислиш дека нема геј секс меѓу животни. Кога им се еби, на куче да речиме, на шо било ќе се качи. Има овци машки шо имат геј секс за да стимулират женки на парење. Има мајмуни шо имаат геј секс со тие кои му се "пријатели" за продлабочвање на то пријателство. Расчепкај темава, интересна е.
Пфф, како да не имало појава.. А за тоа зошто сум против, кажав погоре само кој како сфати. Разбудете се луѓе разбудете се, ај некој овдеки упорно ќе го форсира тоа пошто му плаќаат, зема пари за тоа ама вие другиве?
Да. Имам интерес за шо се природни појави во природата. Али поќе влијај дека често зборам со хомофоби шо тврдат дека нема хомо секс меѓу животни. Ко другар ти уште шо негира. То е причина зошто го знам ова. Клик на гугл е ќе му се докажи шо зборам ама тогаш аргументот нема да му држи вода. Зато врати: А ова не е аргумент. Само denial Edit. Да не се мачите. На македонски и то: http://enauka.mk/ima-li-homoseksualnost-kaj-zhivotnite/
Унгарија и Полска спасот на светот биле, прочитајте се оти стварно е смешно вака... Сфаќам и ставови и сé, ама покрш земји не можевте да најдете. Евентуално овие радикалниве исламски.
Не знам што сте зборувале назад низ темава ама едно ќе кажам.Секој има право да оди со кој сака. Еден е животот бе луѓе, како што не сакаме нас некој да ни се меша така и овие јадни души сакаат слобода да живеат.Па не сме во Северна Кореја да дишеме ,,ако ни дозволат,,. На стока можеш да и наредиш што да прави и да и забраниш нешто, а на човек не. Едноставно не е во природата на човекот да биде ограничуван, а е во природата да си одбере партнер спроти него. Доста со споредби со штекери и глупости ако ви се оди на парада одете, ако не ви се оди седете дома и љубете го тој до вас,ширете љубов. На парада би отишла, чисто како thumbs up за смелоста на луѓето кои се дел и моја морална поддршка.
Да кажам завршно, да не се натегаме. Океј разбирам, некако во 60-70те се дојде до ваква идеја, пропаганда и организација а која беше потребата незнам, очигледно одредени структурни глобални цели. Фактите кои ги изнесува лгбт заедницата дека луѓето се раѓаат со чуства спрема истиот пол се неточни. Тие чуства се раѓаат после, на вештачки начин преку пропаганди, предавања, пракси и бла бла за време на школувањето и пубертетот каде мозокот прима премногу информации во тие години. Јас како краен десничар, конзервативно, и религиозно воспитан, ќе бидам ПРОТИВ лгбт заедницата како и останатите конзервативни десничари, пример БОЕМОТ. Тие/Вие ќе одат на парада, ние ќе одиме на контра протест. Ако ја живееме демократијата, треба да се почитува секое мислење и потребата за искажување на револт. Моите ставови, мислења, неможи никој да ги промени бидеќи тие се длабоко навлезени во мојата душа, срце и разум, исто како ВАШИТЕ! Ако живееме рамноправност и еднаквост, тогаш прифате ги и другите кои различно- т.е имаат контра мислење од вашето. Доколку некој се почуствувал навреден (осв. лгбт), му се извинувам. Примерот со Полска и Унгарија го зедов затоа што таму десничарството е на највисока нога за разлика од другите по-либерални развратни политики и земји. Се надевам на разбирање. Бај и убав ден!
Кој учи за хомосексуалност жити сѐ? Пракси вика, лелеее. Ние на пракса по тоа што ни беше струката не одевме, не па за хомосексуалност.
Од кај знаеш? Колку пати беше геј до сега? Извини, ама дискриминирање не е мислење, безобразлук е. Зборуваш од позиција на моќ. Бел, хетеросексуален маж. Појма немаш како им е ни на жените, ни на ЛГБТ, ни на Ромите, ни на никој. Твоите 'мислења' се во најмала рака, нехумани.