Сексуалноста не се учи. Или се возбудуваш на нешто, или не. Трегнете од себе. Може ли пропаганда да те натера да ти се дига на мажи? Кога имаше прв пат симпатија? Како 'одбра' која ќе ти е симпатија? Како 'одбираш' во која ќе се заљубиш? Каква врска има педофилијата со хомосексуалноста? Кој е повреден во хомосексуална врска? Има жртви? И за педофилија, не ми зборувај... по милионити пат на форумов повторувам: Во Македонија, возраста за консензуален сексуален акт е 14 години! Веќе сме педофилска земја. Каде се вашите 'морални вредности' кога е оваа проблематика во прашање? Никого од вас не сум чула да се побуни за овој факт. Ама за двајца возрасни што имале врска, секој ден мора ла*на да се јадат. Хетеросексуалци сте и педофили сте. Ај зборувајте ми за моралност...
Како и во секоја тема наменета за ЛГБТ+ заедницата, така и овде се споменуваат педофилијата и зоофилијата. Прво, никој нормален не би ги поддржал овие работи затоа што детето и животното НЕ даваат согласност за сексуалниот акт, односно овде се работи за силување, што не е случај со ЛГБТ луѓето. Не дека нема хомосексуалци што се педофили, напротив. Второ, кога сме веќе кај педофилијата, ќе ја споменам девојката од Ресен што до 18 години родила три деца, од кое првото на 15, а со маж ѝ била во врска уште кога таа имала само 12 години, а тој 18-19. И погодете што? Мнозинството од конзервативниот народ со морални вредности го поддржа овој пар. Прочитајте ги коментарите и сѐ ќе ви стане јасно. Зошто? Затоа што таа била чесна за разлика од другите девојки што менувале дечковци. Зборувајте ми за педофилија! Кажав и повторно ќе кажам. Љубовта е љубов. Било да е меѓу маж и жена, било да е меѓу маж и маж, односно жена и жена. Како хетеро го кажувам ова. Тие мене не ми ја наметнуваат нивната сексуална ориентација, па зошто јас да им ја наметнувам? Сѐ е нормално сѐ додека не повредуваш никого. И не, не можеш од еднаш да станеш хомо-, би- или хетеросексуалец. Едноставно, никој не бира во кого ќе се заљуби. Никој не ве принудува да одите на парадата ако не сакате. Дали ќе одите или не, тоа е ваша работа. Но вие отидовте премногу далеку. Ги навредувате, споредувате хомосексуалност со педофилија, а едното и другото си немаат врска. Дискриминирате и сте надмени. Ако вашето мислење НЕ е почитувано, има и зошто да не биде. На темава пишале и други членови што не ја поддржуваат оваа заедница, без да навредат некого. ФМП.
Ова е дискутабилно, јас познавам луѓе што од љубопитност пробале нешто, а не се хомосексуалци, мислам дека има еден момент на тренд да се биде биде модерен, кул и дел од тој пакет е и ЛГБТ. Инаку, за мене слободна волја е илузија, ние мислиме дека самостојно одлучуваме за многу работи, ама во позадина има доста потсвесни процеси кои играат и тоа како голема улога.
Јас не знам зашто и се дава на таа младина толкава слобода. Како сме живееле пред 2.000 години така и сега. Тогаш е немало вакви работи, се знаеле вистински вредности. Сега се е изопачено, маж со маж божесачувај. Многу влијае на мене ете лично тоа што мојот комшија во кревет има односи со маж, ми го уништува и огорчува животот. Многу поразлично ќе беше тој да имаше односи во кревет со жена, се знае бре, затоа е мажот создаден, САМО ЗА СО ЖЕНА!!123!!!122
Слободата е едно, пропаганда е друго, слобода апсолутно треба да има секој да прави што сака со кој сака сѐ додека е обострано прифатено. Но, пропаганда мислам дека е бесмислена и од ЛГБТ и од тие против ЛГБТ. ЛГБТ апсолутно треба да се бори за своите права, но не и да наметнува своја пропаганда по училиштата, сексуалното образование треба да информира и учи на заштита и толку.
Која пропаганда? Да не ти дојдоа на врата да те убедуваат лезбејка да станеш? Со парадата си бараат права на тие кои веќе се дел од LGBTQ+, а не да ве претворат од стрејт во геј . А, за болдот, учат и за Хитлер децата па не се станале Хитлери колку што знам
Најголемиот Македонец, војсководецот, Александар Македонски со Хефестион кога се ебеле тоа било оти на телевизија и на интернет виделе, од помодарство. Виделе сигурно на Инстаграм, или на прајд некој отишле па затоа така. Или Аристотел така го учел, можно и до тоа да е. Потпаднале под влијание, тоа е...
Во секоја сфера има ЛГБТ пропаганда, дури на факултети низ светот има посебна ЛГБТ стипендија, тоа за тебе во ред е? Да се биде привилегиран врз основа на сексуална ориентација, а не на знаење? Тоа што е ако не пропаганда?
https://www.griffith.edu.au/student-support/student-equity-outreach/lgbtiq-support https://berklee.uloop.com/scholarships/lgbt-scholarships
Каде има за стипендијата? Браво за школото и инкулзивноста, што ти е толку погрешно не знам. Те молам чим се многу, барем 10 ми посочи за стварно да се подзамислам. Секако такви што даваат стипендија ако си ЛГБТ+
Вториот линк, пишува scholarships, има повеќе. А за инклузивноста, треба да е фактор сексуалната ориентација, да се добиваат поени на приемен? Нели се така дискриминирани стрејт луѓето? Исто како што сум против за малцинства на нашите факултети, алооооо се добиваат поени плус ако си Албанец, Турчин, Влав, шо и да е. Единствен фактор за примање на било кој факултет треба да биде знаењето.
Видете, колку сакајте негирајте, но мислењето на @Peanut Butter има поента, некои се "испробуваат" во тинејџерски години иако не се чувствуваат дека ги привлекува само истиот пол, но тоа е повеќе поради притисокот од околината да не ги означат како хомофоби. Ова не е само моја констатација туку и на доктори што се занимаваат со такви проблематики.
Не, да учи за безбеден секс, нормално ќе информира дека постои и стрејт и геј, но главниот фокус да биде ментална и практична подготовка за здрави сексуални односи.
На кој начин лгбт би наметнале нешто по училиштата? Всушност што наметнува сега, не само во училиштата?
Читај погоре, има ЛГБТ стипендии во другите земји, ете како наметнува, кај нас сѐ уште ништо, но натаму одиме. Да повторам, сум ЗА да се борат за своите права, но има разлика меѓу барање ПРАВА и ПРИВИЛЕГИИ.
Gej ili trans ili pripadnik na sekoe dr malcinstvo koj e dobar chovek, nema da dobie nikakvi privilegii, nitu pak prava vo skapanovo opshtestvo. Se znae koj e tuka povlasten I privilegiran, najnechesniot gamad. Dzabe se raspravate I si filozofirate za bilo shto vo ovaa drzhava kako trebalo da bide. Se izvinuvam za latinica, ne mozham da smenam vecherva.