Во твоите линкови ништо конкретно не најдов за привилегиите на лгбт заедницата. Кај нас парадата е баш борба за права, не знам зошто толку ви боде во очи.
Јас сум ЗА парадата, муабетот почна после мислењето на Вајлд која напиша дека сексуалноста не се учи, читај од таму, на тоа одговарав. А за линковите, има стипендии за ЛГБТ лица, што не е јасно? Ако си ЛГБТ платено ти е школување. Тоа е привилегија која не ја оправдувам, која е дел од пропаганда.
Муабетов дека пробувале хомо работи поради пир прешр ви е на ниво на дрога во сокчињата по дискотеките.
Не е толку едноставно. Последните години се случува масовна пропаганда преку американските серии каде што неминовно има тинејџери, дури и основци што се пропагираат како геј. Сите сме ги поминале тие години и знаеме колку е лесно да си обележан како заостанат и не-кул ако не правиш тоа што е ИН. Така почна со алкохолот, продолжи со дрога, сега на ред е ЛГБТ.
И јас за жал морам да се согласам со членката пред мене. Знам премногу лица што се изјаснија дека се припадници на ЛГБТ. И океј, good for them. Се додека после некое време се испостави дека секој втор ден менуваат сексуалност и целиот карактер го базираат врз тоа. Сите муабети се сведуваа за тоа и никако немаа константа во изјавите, еден ден сака едно нешто следниот ден друго. На прсти од една рака се бројат оние, може лошо ќе се изразам, вистинските припадници на ЛГБТ. И за нив би искочила на протестот, за тие што се заебаваат за внимание, не. А за жал вториве многу ги има.
Тоа што ти си досадна на забави, не е последица од никаков тренд. Луѓето пијат, се дрогираат и се хомосексуалци отсекогаш.
Да не беше осудувано да не си хетеросексуалец и цис, немаше ни да има 'пробување'. Тинејџерите сакаат да експериментираат, бунтовни се. Кога ќе бидат рамноправни ЛГБТ+ ич нема да е 'кул'. Затоа, не туку не враќајте назад. Стипендии има за угнетувани и маргинализирани заедници... како 'простете ни' момент. Не угнетувајте луѓе, не ги маргинализирајте, па нема после да има потреба да поправаме што се растурало.
Алкохол, дрога и хомосексуалност се единствени начини да се забавуваш? Тоа е тој ментален склоп, ако не се согласуваш со новите моди, одма си досаден. П.С. Ај те молам не етикетирај
И за тој 'простете ни' момент ќе извиси некој што е стрејт, тоа не е дискриминација? Не може да се поправа ако паралелно се растура нешто друго.
Мислам дека не разбираш што е пораката. Океј е да си стрејт, а сосем океј и да си дел од ЛГБТ+. Ја носиш темата во сосем друг правец, скроз оф топик си.
А како поинаку? За дискриминирани заедници, има повластици. Ако не ги дискриминирате, нема да има потреба од тие повластици.
Ја разбирам пораката, ти објасни ми како некој заслужува стипендија поради тоа што е геј, транс? Инаку, океј е да си и едно и друго. Дали сметаш дека сексуалната ориентација треба да е фактор за примање на факултет?
Еве јас ти објаснив, ти неќиш да слушаш. Дискриминирани се. Оти има повластици за самохрани родители (некаде)? Оти има социјално за сиромашни? До моментот со несубвенционирање, ќе стасаме кога сите ќе бидеме еднакви. Мене ако ме прашуваш, треба да им ги укинат субвенциите на земјоделците. Бизнисмени се.
Ако конкурираме на ист факултет каде што сексуалната ориентација е небитна и јас имам повеќе поени, дали е во ред да го примат некој што има упола поени, но се декларирал како дел од ЛГБТ? Притоа јас никаде не ја декларирам мојата сексуална припадност. Кој е дискриминиран во случајов?
Вајлд, малцинствата во нашата земја добиваат плус поени при запишување на факултет, за разлика од Македонците. Да нацртам, еден Турчин има 99 поени, исто и еден Македонец.Но, Турчинот добива 2 поени плус поради неговата национална и така тој е државна, а Македонецот во приватна квота. Правда е ова?
ЛГБТ - затоа за нив има стипендии, а за тебе не, оти си хетеросексуалец и по дифолт, сите врати ти се отворени. Еее... ама како стасавме до тоа, знаеш? Исто поради опресирање и поради тоа што ни се случи 2001ва, Рамковниот договор и менувањето на Уставот. Среќа ЛГБТ што не се милитантни. Оф-топик е муабетов... Најди друг аргумент.
Од кај знаат дека сум стрејт, никаде не се декларирам. Најдобро е да се одвојат некои атрибути како сексуална припадност, националност и раса, ама тогаш како ќе се исперат милиони на разни невладини, и како ќе се растураат општества и влади.