Затоа што самохрани родители имаат потешкотии да се издржуваат себеси и своите деца, затоа што сиромашните немаат за леб. Самохраните родители и сиромашни треба да добиваат стипендии поради неможноста да одат на факултет со лоши примања. ЛГБТ имаат да платат.
Па кон тоа се цели. Да станиме рамноправни. Се додека има такви кои некоја група на луѓе ја сметаат за 'граѓани од втор ред', ќе има вакви 'решенија'. Реков: Не дискриминирајте, прифатете ги сите и нема да има потреба од повластици. Затоа што ако има припадник на ЛГБТ и некој го дознае, сеуште можно е да летни од работа, или да го булиуваат вработените, па сам да си отиде. Тебе некој ти прај мајтапи оти си стрејт?
На факултет се бара просек од средно и (некаде) приемен испит. Кој од ЛГБТ е спречен да го причи ова и како? Истите врати се отворени и нема никаква смисла за привилегии. Исто со опресирање се стигнало и до ЛГБТ стипендии, тоа е политичка алатка за да се стигне на власт.
Ама како не разбираш дека не се истите врати отворени? Си слушнала некој да се забеава со хетеросексуалци?- Најпрост пример на дискриминација. Истото е. Морат да ни го туркаат в сурат, оти има такви како вас кои дискриминираат. Не знам на колку начини треба да повторам, за да разбериш.
Ама шо има тоа врска со добивање пари за студии бе Вајлд, еве ќе им го платиме студирањето и пак некој со нив ќе се заебава, не гледам како тоа е решение. Плус, треба да се помага на луѓе со финансиски потешкотии. А за другово, нека има ЛГБТ центар секој факултет, нека се справува со предрасудите, нека се бори за права, ама студентите кои се примаат треба да ЗАСЛУЖАТ со знаење.
Ми прај мајтапи оти не се слагам со ЛГБТ до таму е дојдено. А тој кутриот ќе глуми жртва цело време. Како тие рамковните. Уште се обесправени и дискриминирани. Или така им одговара одат по линија на помал отпор. Поентата ми е, секакво фаворизирање на овој или оној начин доведува до намалување на квалитетот на образование и подоцна на професијата.
Оти треба да се интегрираат сите групи во општеството. Оти така се гради здраво општество. Оти во општество каде има такви кои се опресирани, не може да функционира глатко, како во такво во кое сите би биле со еднакви права и можности. Оти е човечко право да имаме сите еднакви права и можности. Оти постои меѓународна конвенција за човекови права. Оти сите сме луѓе од крв и месо. Оти вие одлучувате да не делите на мал милион начини. Оти поделено општество тешко се менаџира. Оти маргинализирањето на одредени групи е показател на дисфункционалност на едно општество. Оти сложни калуѓери и во петок мрсат.
Секое дискриминирање, доведува до потреба од интегрирање, кога општеството ќе сака да премине во цивилизарно.
Давале стипендии за ЛГБТ бе, леле мори мајко мила, што читам. Прво вториот линк вика We can't find any matching listings, значи отворете и ќе видите. Намерно отворив и расчепкав да видам дали навистина најголемиот факултет за музика дава такво нешто, врска нема. Првиот линк е за факултет кој апсолутно не дава стипендии за ЛГБТ лица, туку нуди бесплатни сеанси со психолог, кажува дека во тој факултет нема простор за дискриминација и дека посакуваат да имаат студенти од сите групи, односно дека во тој факултет може да конкурираат и бегалци, возрасни луѓе кои сакаат да променат кариера, луѓе со посебни потреби и некои други групи. Што значи за во тој факултет може да конкурира секој, а добива секако тој што најмногу ги задоволува критериумите. Дека таму нема место за дискриминација. Али тоа ти прават два клика и недочитување, ќе го потиме курот овде за нешто за кое нема врска, абер немате што зборите, колку само да се лупета нешто, да се блуе отров и да се прикажат луѓето како злосторници со скриена агенда. И уште се чудите зошто се прави ова, еве ви 15 страни ви покажуваат. Не е ова Македоња па да вработуваат грујо, заев или ахмети, ова се сериозни факултети што го разбираат светот како место каде има билиони луѓе кои сите се различни. Ама ова ви е too much information за вашите хомофобични мозоци што кај и да е очекувам да најдете некој кромид вести дека лгбт луѓе први на месечина ќе ги пуштаат оти нели привилегија.
Е од дискриминација, до рамноправност, вака се стасува. Реков... од тие што дискриминираат зависи, не од дискриминираните. Не дискриминирајте.
СЕГА СЕ ДИСКРИМИНИРАНИ! Разбираш ти шо пишам, или не? Ти си замислуваш дека се еднакви со тебе и ова им е привилегија. Да се еднакви, па добијат плус, не треба, ама сега не се.
Овде се развива дебата и барем јас тоа со стипендиите го употребувам како хипотетички пример, што не значи дека во иднина не би вило така. Не навредувам никого, за разлика од тебе. Тоа што го прават Ахмети и Заев моментално не е ништо поразлично од останатите земји, можеби само на друго ниво. Ама тоа е веќе друга дискусија.
Смешки темава. @Peanut Butter а како ќе се утврдува кој е што? Ќе им веруваат на збор? Ги видов и двата линкови, ама нема ништо посебно за стипендиите