Ете си искарала две, три линкчиња каде е потребна 2.0 ГПА и карактеристики на лидер и да поддржуваш ЛГБТ, а не да си дел од истото
И, критериум е тоа за да добиеш стипендија? Исто како што требаше да гласаш за Грујо за да добиеш работа. Не е пропаганда? Не е уцена?
Ти им посочуваш што пишува во линковите тие што ги постирале овие пак со главата у ѕид. Тоа е секо, да спиеме, на овие деканите од факултетите да им јават дека не е точно тоа, пак ќе не убедуваат спротивно во темава Страшна работа е хомофобија. Ти ако не знаеш да разликуваш факултетска установа која дава право кај неа да К.О.Н.К.У.Р.И.Р.А.А.Т сите луѓе, плус правни совети за нај bullied група на луѓе од тоа некој бесплатни стипендии да дава, жал ми е не можам да ти помогнам. Леле хистерија од смеење ме фаќа, кој факултет нуди БЕСПЛАТНИ стипендии што ти е човек? Прво ова не се факултети, ова се заедници што се спремни да помогнат на некој одличен ученик да му ги платат трошоците околу факултетот. Тоа е исто како мене мајка ми и татко ми ако не сакаат да ми платат рата за да упишам семестар, доколку имам одличен просек, невладина да го направи тоа за мене. Овде можат да постигнат многу деца кои се страшно интелегентни, а нивните дома не ги поддржуваат да речеме. Кои црни факултети, читајте пред да постирате
До утре мижи си, многу факултети низ светот нудат стипендии за ЛГБТ, тоа што немаш аргумент зошто се потребни е друго.
Ти кога не знаеш да разликуваш ХИПОТЕТИЧКИ пример од реалност, јас не можам да ти помогнам. Нити ги спомнав тие линковите, нити знаев за нив, се надоврзав само на дискусијата врз хипотетички пример. А по кој критериум се бираат тие нај bullied групи, просветли ме? Мојот ограничен ум не може да го свари тоа.
Никако плукање по партиски вработувања после ова, ако се врати Грујо сите ВМРОвци да ги вработи оти пропатиле од Заев.
И како е тоа исто со ЛГБТ+? И Грујо и Заев истото го прават. А хетеросексуалците и ЛГБТ+ не се исти. Ко ќе дојдат на власт ЛГБТ+ и ќе си вработат само нивни луѓе, тогаш ќе прајме муабет. А знаеме дека ни се случило, ни ќе се случи.
Дискриминацијата одамна стана мејнстрим поим и се користи кога треба да се прави хаос, т.е. да се држи под контрола мнозинството и да се маргинализира.
Мнозинството се маргинализира? Аххх... така е кога си тргнуваш од позиција на моќ. Сите се' нешто сакаат 'да ти земат' Знајш како се вика то? Себичл'к
Кој ние? Ете и ти етикетираш. Имам другари хомосексуалци и ги почитувам. Во ниту еден момент не сум го сменила односот спрема нив. Ама тоа не значи дека се привилегирана група.
Не е, ниту споредбата е на место. Не одредува државата или факултетот квота за ЛГБТ+, туку некоја организација решила да спонзорира студирање според одредени критериуми. Не е како малцинските квоти кај нас, (на кои патем не им додаваат поени, туку еднаставно влегуваат додатно на редовната квота) туку би било како некоја ромска заедница кај нас да реши да финансира Роми со тој и тој просек и да промовираат поддршка за заедницата. Крај краева, сепак се приватни факултети. Ако решиле да промовираат диверзитет, сепак е нивно право за таква одлука.
Да бре, со златна лажичка ми даваат да сркам. Не им фали ништо, успешни се и сакани. А и јас ги сакам како личности, не зашто се геј. Еј, морам да си легнам инаку радо би продолжила со дискусијава. Најискрено, уживав во дебатава