Ај да си легнеме, оти не се разбираме очигледно. Јас едно ти зборам, ти нешто не ме разбираш. Еве најди официјална изјава на факултет, како пример кај нас Економски што е, значи на официјалната страница дека едно, две, три, пет места припаѓаат исклучително за квир луѓе, само оти се квир и ќе ја заклучиме дискусијава. Едно е тебе да ти даде факултетот стипендија заради сексуална ориентација, сосем друго е невладина да спонзорира пари за стипендија. Како што има стипендии за еден куп маргинализирани групи, значи за бегалци, за сиромашни, за луѓе афектирани од војни, не знам не ми ни текнува веќе. Јас утре ако соберам пари сакам еве да финансирам луѓе што не зборат македонски, за да платам професори да ги учат бесплатно. Не знам како да ти објаснам дека тоа не значи оти факултетот нив ги прима по автоматизам. Од друга страна многу факултети пример во ЕУ имаат места за луѓе од земји кои не се членки, од земји кои не се од овој континент и место за луѓе со инзворендни просеци. Другарка моја замина Шведска баш заради што имаше 9.3 просек и доаѓаше од кај нас. Тоа не значи дека на некој Швеѓанец му го зеде местото, туку дека факултетот се прошири за едно ново место. Словенија има политички договор со Македонија дека за електро (мислам дека беше електро) факултет прима секоја година по 2ца студенти. Ти како девојка (ваљда тоа си) од Македонија можеш да идеш и да учиш во престижни факултети баш заради тоа. Заради тоа што се отворени за секои луѓе.
Само геј би имал храброст да аплицира за таква стипендија (можеби ни тие). Не очекувај од хомофоб, за ниедни пари не би.
Абе ко шо прочитав во ова шо постираа, барањето е да си активен во борбата за ЛГБТ+ правата, не нужно да си припадник на таа заедница.
А пример ако има една стипендија а аплицираат десет души? Како ќе одлучат кој е најпедер? Ај за најкељав знам, тој што има најголема глава, ама за најпедер?
Тој шо има најмногу плакати лепено и најмногу пишувано на форуми и разни социјални мрежи. Сега јас ќе аплицирам и ќе бидам педер со диплома!
Малку мешаш брзини искрено. Каков Грујо, Заев, уцени. Дека виде уцена? Уште ги чекам многуте факултети?
Ама нека има стипендии, не е проблем. Секаде во светот има стипендии за маргинализирани заедници. Така се интегрираат тие заедници. Тешки да има повеќе стипендии и повеќе луѓе да учат и студираат. Со време, кога ќе се порамнат разликите, сите ќе бидеме во исто говно... и то ќе се вика “утопија'... или 'дистопија'. Witch ever comes first
Не сум за дискусијата во претходниве страни, да си кажам Дојдов да кажам само дека не гледам поента за присуство, сеедно ми е кој што е и мислам дека и онака "надвор од тастатурата" никој не се замара кој што прави и секој тера свој живот. А, да и името не ми е баш соодветно за парадата. Онака ми е се, меех
Нека има. Ама пак ќе ќарат опортунистите. Просечниот геј човек не. Да заклучиме, дека ако сам не се справиш со потешкотиите кои ги носи хомосексуалната ориентација, никој жив не ти помага.
За да си најпедер треба сите да ги заЕБИШ. Шо би рекол З.З. да ми прости ЛГБТ заедницата. Друго, за Скопје не знам, ама во Битола прв пат видов јавно заљубени девојчиња во толкаво гужвиште без страв и срам и баш ми е мило.
Може аплицираат за стипендија со визуелно CV. Се снимаат по паради, па по проценка се избира геј на годината кој потоа ја добива стипендијата и станува нешто како кум со задача да ја организира следната парада.
Пропаганда е во која се вклучени многу институции и организации кои дебело заработуваат од тоа. За мене, нема поента да се помага финансиски ЛГБТ на факултетите, факултет треба да бара исклучиво знаење, а да се помагаат сиромашните студенти. Ама да не се повторувам, само сакав да дообјаснам. И да не стипендира самиот факултет, организациите кои го прават тоа вршат пропаганда, а факултетите тоа го прифаќаат поради тоа што и сами имаат финансиски ќар од тие организации и од власта (ако е левичарска). Зошто? - Пропаганда. Логика-нема (политичка алатка). Разбирам да стипендираат екстра способни и талентирани луѓе, студенти со финансиски потешкотии, ама врз основа на сексуална ориентација, боја на кожа, националност, што и да е, не.
Точно е дека има луѓе кои уз пат ќе прават се' што можат, само ради личен бенефит. Ама не се сите такви. А и пораката е битна. Ако е веќе кажана, без разлика од кого, во иднина ќе ја најде својата примена кај вистинските луѓе. За се' треба време, а Македонија е назад барем 50 години, во однос на сексуалната револуција, ЛГБТ+ правата, правата на жените... итн, итн Пропагандата ја испраќа пораката, а поракате е: Прифатете ги сите, со сите нивни разлики. Прифатете. Ќе нема потреба од никаква пропаганда. Знајш каков ви е мубаетот...му маваш секој ден шамар на некој и после ако се побуни јавно, го обвинуваш оти 'ширел пропаганда' Од позиција на моќ зборуваш, не го заборавај тоа никогаш.
Секако дека има и луѓе кои пробале нешто со човек од ист пол поради љубопитност, меѓутоа ако нешто не те привлекува, нема да продолжиш со истото. И дај не ги правете луѓето понеспособни од тоа што се. Потпаѓале на влијанија. Бре, бре. И јас мислам дека пушење на цигари може да изгледа ептен кул. Јас од слимка во несвест паѓам. Доволно сум разумен да сфатам дека некои работи едноставно не се за мене, иако ми изгледаат кул. И сите се, ама вие одбирате некои оправданија за да си ја смирите фобијата од реалноста.