Точно така. Некои се определиле да бидат геј после пубертетот. Имам доста познаници кои во адолесценција сменија сексуална ориентација, но во тие луѓе се кријат длабоки психолошки проблеми што значи можда и не се баш геј. @WildMk успешно ми го изигнорира прашањето на почетокот, пошо те знам вака дека си поборник за сечии права и иницијатор за протести, беше ли на протестите со родителите за школствово? Онака лично многу ме интересира.
Струја ни поскапеа, горива, т.е све е поскапено, држава ни продадоа име сменија и никој не излезе да се побуни... Многу од вработените не земаат плата туку социјална помош од 15.000 ден. Ама никој не излезе сите ќутат.. На овие им е бар задоволство што ги еб*т во г*з, ама на обичниов народ не му е. Немам ништо против нив, секој нека си живее како му е по ќејф не ме интересира дома со кој спие, битно да е добар човек. Ама го претераа со тоа секаде да се прикажуваат напор се. Ме потсеќаат на Албанциве ( они секогаш обесправени). Скоро па никој веќе не се замара дали некој е геј или не, луѓето се повеќе ги прифаќаат во општеството.
Протестите на родителите не беа за ничии права, туку беа полни со десничари и конзервативни националисти, се вееја знамиња од Вергина и една од главните поенти беше параноја дека со сексуално образование децата ќе им ги направат геј, дигитализацијата малтене им беше параван. Баш би било контрадикторно и нелогично некој да оди и на такви протести и на прајд парада, не ти ја разбирам поентата.
Ааа... тој 'протест' @Kitten не отидов оти мислам дека треба да има сексуално образование во школите и оти мислам дека треба да се дигитализира наставата. Одиш на протест за идеја која ја поддржуваш, а не на протест каде има агенда која не ја поддржуваш. Излезете, побунете се. Кој чекате да ви организира? Ако има заинтересирани, ќе ви се придружат
@WildMk Па не излегуваат луѓево зошто се " педери" ( да ми извини лгбт заедницава) македончето има други приоритети....
Толку омраза, ширење негативна енергија, навреди и омаловажувања колку што имаат луѓево кај нас кон ЛГБТ заедницата, мислам дека не е нормално. Се надевам дека денес се ќе помине мирно и без проблеми, иако гледам дека ВМРО си ги пуштиле партиските ботови на најјако со цел да покажат како они се за семејства кои се создадени од маж и жена, со цел да присоберат уште некој глас пред локални избори на сметка на тоа. Мило ми е што СДСМ И СДММ застанаа на страна на правото на избор и покрај толку луѓе што се против.
Пак ли ќе мешате политика? Толку знаете колку родители излеговме без политичка позадина да си искажеме незадоволство што ќе ни ги ускратат ПРАВАТА на нормално школство на нашите деца. Ете тие права! За знамињата ич не ми чуе, важно знам дека до крај ќе се борам оваа тиранија да падне во вода. Сексуалното образование е далеку од сексуално образование! Толку си се информирала право да ти кажам., да беше проблемот само во педери и лезбејќи лесно ќе пројдевме. Не е замислено само сексуално образование за деца во пубертет туку СЕОПФАТНО сексуално образование кое ќе го бутнат во програмите уште од градинка. Проблемот е во тн. флуидност и дека не постои пол туку само род Не ја разбираш поентата оти не ја знаеш Вајлд, јас нејзе ја прашав. А така лиииии? Ти си таа што прокламираш низ темиве дека треба да сме сложни, дека треба сите да излегуваме на сите протести, да се поддржуваме едни со други како што прават французите, дека ние македончиња сме биле разединети бидејќи не знаеме да се поддржиме и онаму каде што немаме лична корист од тоа. Толку, поздрав Немав ништо против ЛГБТ, но после бутањево во образование на срањава со родова идеологија никогаш нема да добијат поддршка од мене.
Читајќи ги коментариве посебно на оти се вика парада на гордоста ми текна нешто . Одговорите на ова прашање се дека испаднале од таканаречена плакар ситуација, но во суштина сите во некој момент во животот се наоѓаме во таква ситуација или познаваме некој таков. Што се случува од како ќе помине овој ден? Дали имаат поголеми права, самодовреба, прифаќање и сл од претходниот ден? Дали мислите дека со оваа парада се менува нашиот балкански менталитет? Не можам стварно да разберам. Малку подлабоко ми оди ова размислување. Ок е да парадираш за бранење на твојата сексуална ориентација. Ама ок е и да си против тоа. Јас до сега не сум присутвувала на ваква парада, ама пред некоја година гледав на тв некои исечоци и искрено не ми се допадна. Јас сум повеќе да се бараат правата таму кај што треба не на улица, да им се овозможи брак, посвојување деца и сл. Ми изгледаше како вештачка правена работа да се види дека и ние нешто имаме, еве ние ги следиме светските стандарди и имаме парада на гордопста а од гордост Г нема. .Без конкретни нешта.
А ти поддржуваш се' што некој ќе предложи, или само она со кое се согласуваш? Имаш свој став, или не? Да се поддржуваме едни со други, значи да не ги осудуваме различните од нас; да не им браниме да се организираат и протестираат, да бараат промени, права... уатевр.
Ок, цело време читам ќе биле или биле тепани. Јас до сега немам чуено дека некој бил истепан дека е не знам геј. Зошто се преувеличува. Исмеван да ама истепан немам разбрано. Повеќе се тепани македноци оти е македонец и албанец оти е албанец.
Да, јас немам чуено. еве дај ми линк да прочитам некаде. Вајда нема да верувам во на сватот, сват па брат бил геј па го тепале.
Ти љубоморам на светот во кој живејш. Бившиот мој, со дечкото на другарка ми на Широк Сокак за рака се држеа. За МАЛКУ ќе јадеа ќотек. На сред широк сокак. И то овие за така шо се држеа. Ами тие шо се геј? Ами бркање од дома? Терапија да го излечиш оти бил геј? Линк Линк Линк Тек ако отворам да барам говор на омраза и закани онлајн шо се има.