Зборуваме за насилство на ЛГБТ центар, или за личност? Оти читам бил нападнат ценатарот и еден полицаец. Полицаецов бил геј ли?
За линкот на Вајлд, како шо парадата е говор против дискриминација и е повод да се збора на темава и со то носи порака, така и напаѓање на ЛГБТ центарот, носи порака.
Ауф... сум ги пропуштила овие. А колку само има што не пријавуваат, или што полицијата не ги регистрира како насилство од омраза.
Јас сум сигурна дека има и други. Овие први ми излегоја, а се брзам да барам поќе. Дел и не ни знаев, други барав.
Знам што е мубаетов. И вербален напад е напад. Има доза на нетрпеливост ама не до толку, ај сега да не се преправаме. Не се само они напаѓани. Стварно ме потсетува како албанците што се вечно обесправени и вие. Нај реално. Во парк мојот братучед беше нападнат оти бил со девојка му сред бел ден. Тие двајцата се гушкале се смееле и вие им пришле. Значи кој си бара рачка не му смета сексуалната ориентација. Ама да не се рпетерува биле напаѓани нон стоп.
Зафатена сум. Пингни ме после ручек ќе ти пратам и закани и се. Ама ова е доволно. Ненормален е навреда. Да велиш дека е зло е навреда. И на момент не вервам на загрижените за децата. Оти детето ако му е дел од лгбт+, први ќе го истепат, носат на терапија, избркат од дома. Те молам потсети ме вечер треба да сум слободна, оти ќе заборам. Свесна сум дека сум расеана, ќе побарам онлајн хејт спич и закани. Значи з а к а н и. И ќе ги пратам тука. Еве ако некој друг има слободен нека ме замени. Инаку бившио и дечково беше оти се "гнасни педери, неќиме тука такви". Можиш да негираш дека ова постои. Не го прај помалку вистина. Поткрепено и со линковите погоре.
Јас поради одредени причини, неможев да учествувам на парадата, ама затоа сестра ми беше. Читам премногу хејтачки коментари на социјалните мрежи (олку омраза помеѓу народ мислам дека никаде нема).. Гледав слики, мило ми е што имаше голем број на луѓе. Се надевам наредната година ќе бидам слободна за да одам на парадата.
Многу Ќерка ми и сите од нејзина генерација и помали, нема да знаат за време кога немало Парада на гордоста. Оние кои припаѓаат на ЛГБТ+ и излегоа на Парадата, повеќе нема да се чувствуваат толку сами и напуштени. Во мозоците на останатите... ретко
Факт е дека геј луѓето никогаш нема да бидат целосно прифатени од сите. На планетава има скоро 7 милијарди луѓе и на сите не можеш да им наметнеш исто да размислуваат. Иако веќе новиве генерации се повеќе ги прифаќаат и така ќе биде и во иднина.
Јас па мислев само една скала до легализација на бракови и посвојување деца, тоа да ти било за ќерка ти и нејзините другарчиња да се свесни за присуството на паради. Сигурно поише стрејт луѓе имало него геј, ама ај....