1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парада на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 16 јуни 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Која е потребата хетеросексуалците секој ден-по цел ден да шетаат по улици и да го форсираат 'тоа'?
    Сфаќате дека стварно не им е гајле на многу луѓе кој каков е и со кој го дели креветот, тоа е приватност на секој човек.
    Што сакаат, посебен третман?
     
    На fbaby, spacegirl92, Emotional123 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Лгбт+ луѓето: тепани, дискриминирани, убивани, форсирани да се кријат во лажни бракови. Да, сега е малку поблаго од ова ама не е помалку вистина. И покрај ова излегваат посилни, да ја укажат различноста, да и нивното држење за рака во парк е подеднакво океј како и моето со партнер, и твоето.

    Славица: значи не, оти ние немаме стрејт паради? Ние не се докажваме со кој се ебиме ко педерите.
    Славиците во меѓувреме: се држат и лапат в парк, прат огромни веселби, ова свадби, комотно без некој да ги зачука, измева, дискриминира, да не му дај работа јер со маж е во врска, никој да не ја вика ненормална, изрод и сл.

    Да. Скроз исто е, Славице. Другата страна скроз истите слободи шо ги набројав ги имаат. *clown emoji* Поќе се, али еве две издвоив.
     
    На fbaby, spacegirl92, DoubleK и 22 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Зошто парада на гордоста?
    Ние растеме со чувството на срам, со чувството дека нешто не е во ред со нас.
    Се смешкаме и црвенееме на прашањата од постарите за тоа дали имаме девојка / дечко (различнополов/а партнер/ка).
    Додека созреваме, ги потиснуваме сите наши желби, мисли, копнежи за љубовта, и се обидуваме „да се помириме“.
    Врсниците нè вознемируваат на училиште поради нашата „чудност“, а наставниците/чките не отвораат дискусии за сексуалноста во училиштата.
    Неретко нè бркаат од дома затоа што не сме им „во калапот“ на родителите и најблиските.
    Тешко наоѓаме поддршка кај другар(к)ите, сокласниците/чките, колегите/шките или пак, совет, помош од стручни лица - психолози, психотерапевти.
    Во тие турбулентни периоди, некои од нас се предаваат. Ги избираат потешките патишта, или оние од кои нема враќање.
    И, ако успееме да преживееме и на 35-40 години да сфатиме дека сè е ок со нас, дека ок е некои, вклучително и најблиските, да не нè сакаат и прифаќаат, тогаш настанува тивка, но силна промена.
    Тогаш, кога немаме никого на наша страна, кога никој не застанува позади нас, почнуваме да се засакуваме себеси, такви какви што сме, со сите силни и слаби страни.
    Почнуваме да сфаќаме колку сме силни, колку сме моќни, и ја вртиме страницата на нашиот животопис.
    Да си ЛГБТИ во опкружување коешто те потиснува, те негира, ти се потсмева, те омаловажува, те дискредитира, и тоа како е причина да се биде горд!
    Да живее Skopje Pride, да го славиме нашето живеење, да се гордееме што сме пркос со самата наша егзистенција!

    Како помага парадата на гордоста?
    Лесно е да се каже: Зошто парадирате? Кои права ви се ускратени? Што ви недостига?
    Лесно е да се изговорат овие зборови затоа што:
    Вие не знаете како е да сакаш да го/ја бакнеш саканиот/саканата на јавно место, а притоа да не почувствуваш анксиозност, стрес, вознемиреност од туѓите погледи, туѓите извици, и, понекогаш туѓите напади
    Вие не знаете како е да сакаш да се фатиш за рака со саканиот/саканата во јавен простор, а внатре да чувствуваш силен страв од тоа да не предизвика негативни реакции кај минувачите
    Вие не знаете како е да живееш прикриено цело време: на работа, на училиште, во домот, на спортските терени, на игралиштата, да не можеш да споделиш важен дел од твојот живот со твоите најблиски, твоите колеги/шки, твоите сокласници/чки, твоите другар(к)и.
    Вие не знаете какво е чувството кога одиш на шалтер во државна институција, во банка, во болница, на царинска контрола, и се молиш пак да не си предмет на потсмев, на интрузивни прашања за твојата приватност, на деградирачки ставови за тоа кој си.
    Вие не знаете како е да се живее постојано во 4 ѕида, додуша, можеби, нешто слично можевте да почувствувате за време на рестриктивните мерки во текот на пандемијата, којзнае..
    Сè додека не знаете, сè додека се прашувате зошто парадираме, сè дотогаш ќе сме на улиците.
    Парадата создава отворен и сигурен простор, креира чувство на слобода кај самите учесници, посебно на оние кои се дел од ЛГБТИ заедницата, барем за еден ден од 365 дена, и тоа за неколку часа од тој ЕДЕН ден, да може да почувствуваат како е да се живее ВОН ЅИДОВИТЕ!

    https://kajgana.com/zoshto-e-potrebna-parada-na-gordosta


    Зошто парада на гордоста? Парадата е еден вид протест, се прашувате зошто се сите останати протести?
    И не е парадата толку за да ги видите вие "нормалните", парадата е за потиснатите, за оние што се борат против самите себеси поради општеството, што се дискриминирани, омаловажувани, тепани, што се безнадежни и немаат глас, да знаат дека не се сами, дека нема од што да се срамат и дека имаат некој што ги поддржува.
    Зошто парада на гордоста? Нека прават што сакаат дома? Не глумете слепи и глуви.
     
    На Pixi5, Mencia, Srckata28 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ај кажи ми зашто Лгбт не беше толку популарно пред 5 години? Туку се наеднаш сите се "истражија"? Затоа што во денешно време е тренд да си тоа ете затоа. Сега ќе кажеш е не ,се плашеле луѓето да се покажат кои се и што се.
     
    На Ocean Waves, Tanjamm, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Па се плашеа.
    Знаеш колку геј луѓе има во хетеро бракови?
    Повозрасните така го 'решаваа' проблемот.
    Ќе се оженат/омажат, ќе направат деца и после си имаат секс со луѓе од ист пол.
    Ден-денес се случува во генерациите 30+.
    И некој твој родинина е геј, само што ти не знаеш.
     
    На Pixi5, staycalm, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Која е потребата ти во секоја лгбт тема да постоиш? Океј, не ти се свиѓаат луѓето, не поддржуваш, не сакаш едноставно. Некако ептен те копка секоја ваква тема, прва си да искоментираш 8-|
     
    На spacegirl92, Pixi5, Emotional123 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Можеби од истата причина поради која се организираат и сите други протести?
    Никој не нѐ форсира да одиме, не разбирам како туѓото излегување на улица ме замара конкретно мене?Ниту ми праќаат покана на адреса ниту ме вадат од дома да парадирам со нив.
     
    На firequeenn, Pixi5, staycalm и 5 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Беше некој од вас на Парадата во 2019та?
    Да си евоцираме спомени тро :inlove:
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Јас лично познавам 5 такви :)
     
    На Ketchup, mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Искрено, не ти е жал оти луѓе во лага живеат?

    Сметам дека би било далеку подобро за сите, да може секој јавно да ја обзнани својата сексуална ориентација и да си се бараат меѓу себе сродни души... а не да наметнуваме правила во кои не можат сите да се вклопат, па дури и да сакаат; па после да страдаат и тие, а и сите околу нив.
     
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    За нивните сопруги ми е жал. Жал поради измамата. И не. Не дека сопругот отишол со маж. Туку општо, и со жена да беше пак исто жал ќе ми беше.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Мене и за него ми е жал.
    Оти морал да направи она што не сака.
    Да биде со оној кој не го сака, оти општеството така му наметнало.

    Како заедница, не треба да наметнуваме правила во кои не можат сите да се вклопат.
    Единствен услов треба да биде: Да не се закана за себе си и за другите.
    За се' друго можеме да се порамниме.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    И онака парадава парти на хетеросексуални луѓе ќе е, без гајле.

    Знаете зошто? Затоа што хомосексуалните луѓе во Македонија, па и општо на Балканот не смеат да излезат на улица, а уште помалку да излезат и да се фатат за рака со партнерот/партнерката. Зошто? Оти ќе добијат ќотек, затоа.
    Оти немаат никаква безбедност, оти се плашат за својот живот.
    Од таа страна, парадата е присеравање, и журка на невладините, кои и онака доаѓаат од привилегирана средина, плус се грото хетеросексуални. Уште и да се покаже колку се привилегирани, сигурно ќе биде од пладне или така нешто, да не може обична хомосексуална личност кој што работи во сабота ни да присуствува.
    Отворете темата во 2019, ќе видите дека луѓе од заедницата ги имаа истите замерки тогаш. И на тие луѓе парадата не им значи ништо...
    Така да не знам... Парада? Пред би ја нарекла "геј на еден ден" хетеросексуална журка.
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Жално и за сопругите и за нив самите ( или обратно, зависи од кој пол е хомо). Би рекла "решение" во лоша ситуација ( порано кога било каде каде потешко да си геј) е да си со геј особа од спротивен пол и никој да нема повреден ама пак е ризик да те откријат дур најдиш таква особа. И зато се парадите. Да се крева свесност. Да се нормализира. Секој да се еби со кој сака без последици, без жртви. Да имаме посреќни индивидуи и сл.
     
    На mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Страшно ме нервира насилство, страшно. Општо без разлика за што е причината. Еве оф топик, уште сум потресена од синоќешниот настан со еден насилен татко на едно дете од маалото. Зошто побогу зошто да ми иди да тепам некој кој апсолутно нема никаква допирана точка со мене нит ми јади нит ми пие не ми влегува во глава и не. Али тоа јас... Другите ....
     
    На mode-kristina и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И геј имаше во 2019та.
    И транс.
    Totally queer беше цел настан. :inlove:
    Како една голема забава во движење.

    Такво ми беше чувството... дека е журка на плажа :inlove:
    И жешко 100 степени!!! :@
    :D
    Е за сите да бидат како тебе, има паради.

    За секоја промена треба време на експонирање, дебатирање, преговарање ...
    Ништо нема да се смени ако не сме гласни кога имаме проблем.
    Нема магични стапчиња...
     
    На mode-kristina и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.752
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Вајлд, баш луѓе од мое опкружување кои знам дека се геј беа присутни на парадата иако од дома не ги знаат, така да се изразам. А најмногу ми беше мило што имаше многу родители кои се горди на своите деца безразлика на се, тоа е родител <3

    А на одговор зошто парада? морам да одговорам со прашање: зошто на протест на ВМРО/СДСМ?
     
    На staycalm, noteforself, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    A girl can dream :inlove:

    [​IMG]

    :D
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    За жал, нема да присуствувам на парадата поради неодложни обврски, но ја имаат целата моја поддршка.

    Некој напишал дека никому не му е грижа за тоа кој со кого го дели креветот. Па, не би рекла. Зошто? Затоа што во едно видео за сексуално вознемирување имаше коментар од лезбејка што изјавила дека манијак барал да му демонстрираат што прават во кревет. И најважно, бидејќи Македонецот секаде го пика носот.

    На прашањето зошто организираат паради: Велат, секое зошто има свое затоа што. На ова прашање има добри одговори. Прво, сакаат да бидат слободни како и хетеросексуалците, мислам да бидат она што се без да бидат осудувани. Второ, да имаат право на склучување брак и на посвојување деца. Сѐ на сѐ, да ги имаат истите права што ги имаат и хетеросексуалците.

    Секој заслужува да биде среќен. А само тој што е свој може да биде вистински среќен. Како што тие не ми наметнуваат од хетеро- да станам хомосексуалец, така и јас немам право да има наметнувам. Секој има право да си биде тоа што е.
     
    На staycalm, smooch, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.396
    Затоа што до пред 5 години пола Македонија немаше интернет за да ги пишува глупостиве.
     
    На Pixi5, Mencia, staycalm и 9 други им се допаѓа ова.