Воопшто нема потреба од ваква парада, ниту па треба тоа да се прифати. Како што пиша/а некој/и низ минативе страници, чиста глупост.
Отвори коментари на фб и ќе ја видиш реалноста. Треба да си мнооогу креативен (читај злобен) за да смислиш онакви клетви и навреди.
Доволно е да ги исчиташ коментарине по социјалните мрежи да сфатиш дека не, геј луѓето не се прифатени. На останатите луѓе да им е стварно сеедно кој со кого спие, нема да трошат време да испишат коментар кај што им посакуваат на гејовите да умрат, туку ќе продолжат да скролуваат понатаму зошто на луѓе што не им е гајле, ич не се замараат и не трошат време на коментирање. По коментарите се гледа дека не им е сеедно и дека повеќе сакаат да нема хомосексуалност.
Може ли некој линк или скриншот за нас без фб? Ме интересираат реакциите на јавноста, а не можам да најдам некоја вест за тоа. Инаку, како и секогаш, се докажуваат кој е пострејт на социјални мрежи. Исто така, слушнав дека имало контра-геј парада во Битола, вистина е?
Според постарите се проблемот што ЛГБТ заедницата се толку вреѓани, како што кажавте коментарите на фб се страшни ние младите се прифативме, а не гледам ни причина зошто да не, кога на никој не му штетат секој си го живее својот живот. Денес парадата помина одлично и се надевам секоја година ќе има се повеќе и повеќе луѓе
И добро, не е во ред тоа што се пишува на социјалните мрежи. Како средовечен маж ќе го натераш да ја смени сликата во својата глава за хомосексуалноста? Преку парада? Да, сигурно. Туку се знае каде се прават промени, во институција, а не целта да биде само да бидеш виден како се држиш за раче со својот пол. Не сум хејтер на паради, но кога не гледаш поента во истото, нема ни да бидеш ЗА.
А зошто различното мислење по дифолт е хејтање според вас? Зошто ако јас сметам дека нешто не е во ред, мора некој да ме убедува дека погрешно мислам? За мене не е прифатливо. И за многумина други. Сум против насилство и не оправдувам било какво малтретирање на овие лица ама исто така и не ми е нештото нормално и прифатливо. И ако сакаат да остварат некои права се знае каде ќе ги бараат, а не со паради.
На средовечниот маж нема, ама на неговото дете ќе ја смениш, па во иднина наместо 500 вакви коментари, ќе имаш 5. И мајка ми и татко ми знаеле порано да речат нешто против дома, ама седнувам и објаснувам па чиста среќа разбират, требало и од младите да се учи. Еве коментари, првите што ми излегоа инаку има далеку полоши. Насилство одобруваат ама да си геј, никако то.
Немам слушнато поголема глупост од поодамна. За да си на прајд парада мора да си геј Така је бре. И на BLM протестите само црнци имаше, така функционираат протестите и парадава баш затоа е Баш ми е мило што имало толку многу луѓе Ќе дојде ден, поддржувачите ќе сме повеќе од хомофобите
Дали тебе ти се смени мислењето поради парадата или едноставно си сфати сам дека хомосексуалноста е нормална појава, многу порано и поради сопствено убедување? Значи немам против самиот факт, туку манифестацијата која нема никаков ефект врз некого, а воедно не решава никакво нивно прашање, ниту пак врши некаква едукација.
Тешко на генерации каде што се наметнува ваквото “нормално“. Нити е нормално, нити е природно самиот чин на кинење на синџирот на размножување. Сите сме имале биологија, верувам сте едуцирани и знаете како функционираат тие работи. Светот оди во недоглед без поколенија и буквално без иднина (крај на светот ). Замислете вашите мајки и татковци да беа хомосексуалци денес ни вие немаше да постоите. Немам против секој да се прави тоа што сака ама да се наметнува како нормално или да продира длабоко во порите на секој сегмент од општеството ете тоа не го одобрувам. Да, звучам просто, затуцано и неедуцирано (за некои) и ,за оваа тема така сакам и да останам. Гледам некои излегуваат со факти дека и во животинскиот свет имало хомосексуални единки. Да, ама тоа е 0.01% и тоа е доказот за “фактот“ за вашето “нормално“. Наречете ме хомофоб, или како и да сакате за мене било и ќе остане нормално во парк да гледам мајки со колички и здрави семејства каде што ќе се пропагира наталитетот, а не хомосексуалност. Знам дека ќе бидам осудена и не планирам понатаму да се произнесувам на темава. Go ahead.
Праен е муабетот овде, едно 100 пати. Земјата е пренаселена, нема потреба од паника, нема да останиме без луѓе. И не знам која е целта на вашето размножување, сопствена желба, исполнување на стандарди или продолжување на човечкиот род? Следен пат кога ќе имате секс не користете кондом. Следен пат посвојте дете од дом. А и хомосексуалноста не е поим од вчера, постоеле и ќе постојат. Дел се криеле, дел се самоубивале, дел се женеле/мажеле само како маска и потиснувале чувства, дел ќе кажат па се малтретирани итн. Тоа е целта. И не секоја жена е мајка, не секој маж е татко. Прво не секој сака, второ не секој можи и трето да имаш дете а да го тепаш секој ден не те прај мајка.
Па ако израснат во ваква околина каде што се наметнува дека е нормално, нормално дека ќе бидат хомосексуалци. Не само син ми и ќерка ми него и син ти и ќерка ти и сите малтене. Ќе се потрудам да ги воспитувам како што ме воспитувале мене, по религијата и пропагирање на морални вредности. Ако веќе бидат јбг, сигурно нема да престанам да ги сакам и да се откажам од нив. Ќе сметам дека како мајка не сум успеала да ги научам на вредности или едноставно ќе кажам дека Бог така сакал, но никако дека е нормално. Одговорив дека директно ме праша иако не планирав да ја продолжувам дискусијата.
Природно е, всушност се е производ на природата. Е сега нормалното е релативно, зависи кои се твоите сфаќања за околината, општеството, животот. Секој има право да го живее животот каков што го живее, за тебе, ,,нормалниот" човек. Само не е тоа темата. Човештвото нема да исчезне, напротив, подобро е да има хомосексуалност, инаку ти и твоите деца ќе немате што да јадете, поради пренаселеност. Се постои со причина и се е нормално, па дури и тоа што сметаш дека не е нормално, доколку е производ на природата. Него, темата е за одржување на паради.