Како бе одеднаш сите се загриживте за наталитетот и природниот прираст? Хомосексуалците ли се главниот проблем за негативниот прираст во МК? А шо е со хетеросексуалните парови кои не сакаат да имаат деца, а ги има во се поголем број? Ужасно ме нервира шо селективно се гледа на работите, демек хомосексуалците ќе бидат главна причина за "крај на светот" , а аерозагадувањето, уништување на природата и сл. НЕ. Мислам, апсолутно е без врска муабетот, ова е барање на игла во сено. Многу ме интересира од каде ви доаѓа идејата, доколку нешто не се репродуцира или не е способно да се репродуцира тоа не е природно. Од кога рандом луѓе започнаа да одлучуваат шо е природно, а шо се "коси" со законите на природата? Исто така, интересно ми е шо до толку се истошија аргументите, па се дојде до степен да се полемизира за потеницјални апокалиптични сценарија, впрочем геј луѓето се зомбија шо ќе направат инвазија на светот и ќе ги трансформираат останатите.
И “луѓето едно време беа мајмуни“ па повеќе не се. И да, тие се исто загрижувачки теми ама во ни еден сегмент на моето излагање не се спомнати па не гледам причина зошто воопшто и да се коментираат тука. А нормално иначе како и науката го сметам сето она што овозможува непрекинат животен циклус и извршување на природните процеси. Учевме билогија сите де.
Хомосексуалноста не е зараза, туку појава. Исто како што тебе те привлекува спротивниот пол, така, ним, својот. Значи, доколку се претстави како нормално, само не преку паради, нема потреба да те загрижува опстанокот на човештвото. Оној што е стрејт, ќе остане стрејт, оној што е геј, ќе може може да го прикаже тоа во јавност, без да биде загрижен/а за својата благосостојба. Религијата и моралните вредности немаат врска со тоа што тебе ти создава пеперутки во стомак, привлечност и желба за секс.
Ме привлекуваат мажи, а се декларирам како childfree, прилично сигурна сум од сите можни аспекти дека во животот не сакам да искусам бременост и да оставам биолошко потомство. My bloodline ends with me и ме заболе што мислите дека е природно и нормално
Ајде бе Спешалка.. од кај на тебе право да не раѓаш деца? Мора! Тоа се правила на природата, затоа си создадена, мора да имаш дете! Не учеше Биологија во основно? Не! Светот е пренаселен! Ама не.. шо ќе праеме ние без деца? Смислата на животот ни е во имање деца.
Мене не, ама верувам дека децата што присуствуваа на парадата денес, нема да израснат во хомофоби. Лани во најголемата пандемија, кога умираа по не знам колку луѓе дневно, популацијата на планетава земја воопшто не беше во пад. Знаеш ли што треба да се случи за да снема луѓе на светот? Светот секако оди во пропаст, ама не поради гејовите, туку поради нарцисоидноста која владее во секоја индивидуа. Најголемиот проблем е тоа што откако сум на форумов, цело време се вртат истите прашања, кои се одговорени од членови на форумов од кои дел биле медицинари, психолози и луѓе кои се дел од заедницата. Не е дека не можете да сфатите, туку едноставно не сакате.
Ако ништо друго Прајдов ми помогна да си ја освежам friend листата по соц.мрежи. Такви бљувотини под линковите за ивентов немам читано одамна, ми се згади Не Прајд, секој ден голи геј мажи да им парадираат пред зграда на оние бацињата што ги колнат по фб.
Не е пологично да присуствуваш на парада ако веќе не си хомофоб? Друго, тие деца претпоставувам дошле со своите родители, кои сигурно не се хомофоби и нема да му наметнуваат мисли со линч према ,,различните". Всушност, не знам ни за какви деца правиме муабет и која би била потребата да го земеш детето на ,,протест". Особено кога се хиперболизира дека ваквите настани се под силно полициско опкружување (како што се и сите протести) и можно е да има немири. Како што гледам мирно помина, без инциденти. Значи дека доста голем број се тотално индиферентни. Настрана пар луѓе што мрчат на социјални мрежи. Реалноста е дека сме македонци и само за мрчење не бива. И животот тече понатака, власта ги потапша по рамо, топ си, геј си и ништо нема да се смени. Епа за топ си геј си, чуму парада. Влези во влада, направи промени. За што им служи здружението иначе?!? Они име сменија, никој не се побуни, па за легализација на бракови. Please...
Епа ако парадава нема никаква поента зошто тогаш ти смета? Не те разбирам, од една страна викаш дека "на никого не му е гајле кој што е", после викаш дека ништо не постигнуваат со парадава и на крај дека треба да прават друго? Ако ништо суштински не се менува што тебе би те афектирало, што точно ти смета?Ако им е забава, нека им биде, не разбирам зошто толку би те допрело нешто што мислиш дека е незначајно? Подобро да кажеш дека ти смета пропаганда, и повеќе ќе има смисла отколку вака од сите страни да вртиш и ништо конкретно да не кажуваш.
Немам ништо против нечија сексуална ориентација, (иако овие хомосексуални и останатите не се вклопуваат во моите морални начела). Факт е дека постоеле и ќе постојат хомосексуалци, или некои други ориентации различни од хетеросексуалните. Дури и сум за тоа да им се овозможи на овие луѓе да ги регистрираат своите заедници (како што треба да биде и со вонбрачната заедница), заради имотно-правни прашања. Но, паради и пропаганди, сум против. Најмногу поради агресивната пропаганда и обидот да се редефинираат некои поими, тотално спротивно на биолошките и природните закони. Како што реков, секој може дома да биде што сака и да си ја ужива својата интима, но не сметам дека тоа е адекватно за на улица. Ќе речете дека тука има дискриминација, дека овие лица се потискани од општеството. Ама, факт е дека хетеросексуалната заедница има своја репродуктивна смисла и благодарение на таквите заедници сме опстојале и како нација, и како луѓе. Така го продолжуваме својот вид. Нешто што е одредено од природата, биолошки. Поради тоа не сметам дека е пропаганда или „парада“ (или како и да го наречете веќе) тоа што светов во прв план ја става хетеросексуалната заедница. И не е праведно сега другите заедници (или ориентации) да бидат промовирани во прв план покрај хетеросексуалната. Факт е дека мнозинството е хетеросексуално и живее во таква заедница и таа се развила како „нормална“ (иако денес поимот е сведен на релативен), што не велам дека другиве заедници не се нормални (не ме сфаќајте погрешно). Затоа, не треба на сметка на тоа дека хетеросексуалноста е основа на функционирање на светот, сите останати ориентации да го прикажуваат тоа како дискриминација. Едно е да се бараат права, друго е да се редефинираат некои вредности и поими, како на пример бракот или родителството. Конкретно за Македонија, ние сме традиционална и конзервативна земја. Според нашиот закон, бракот е заедница помеѓу маж и жена. И тоа не е само израз на законодавецот, туку е традиција и вредности кои сме ги наследиле од нашите предци. Обидот да се наметнат некои нови вредности на ова поднебје кои се косат со се она што е дел од нас, е пропаганда. На сила сака некој да не увери дека нашите сфаќања се погрешни и дека не смееме поинаку да мислиме од она што ЛГБТИ заедницата смета дека е во ред. Не е праведно. После, деца на парада... Апсолутно погрешно. Каква слика им се остава на тие деца освен збунка? Децата не се свесни ни за своите секундарни полови карактеристики, а им се наметнува нешто што тие не се во состојба да го сфатат. Ќе речете дека наводно и хетеросексуалната заедница им се „наметнува“. Тоа не е така од проста причина што децата произлегуваат од таква заедница, нешто што е природно за нивно опкружување (погоре образложив). Најпосле, постојат правни акти кои ги регулираат правата на децата, и секаде во нив е изрично истакнато дека децата треба да растат покрај родители (мајка и татко како биолошки единки од кои потекнуваат) и секогаш во обѕир да се зема најдобриот интерес на детето. Така што, обидите на децата да им се наметне ваква идеологија е кршење на нивните права. Категорично против тоа хомосексуалните заедници да можат да посвојуваат деца (или ако евентуално со помош на вештачко оплодување родат деца да ги одгледуваат во таква заедница), од причина што ова е спротивно на најдобриот интерес на детето и го редефинира родителството. И не, не ги мешајте со оние деца кои се без родители или живеат со еден родител, затоа што овие ситуации се сосема поинакви и потекнуваат од различен мотив. И ќе се осврнам малку и на политичкиот момент. Колку пари се потрошени на ова? Лечиме луѓе со СМС пораки, земјоделците не се исплатени, короната не погоди сите, зошто не се помогне овде каде има големи проблеми наместо тие пари да одат за парада? Каде беа овие луѓе да протестираат кога ни го менуваа името и историјата, кога не негираат на секој чекор, и тоа е дискриминација, и тоа колективна, не погаѓа сите независно од нашата сексуална ориентација, ги загрозува нашите деца. Ама тоа е „заостаната“ тема, само личниот интерес е важен нели? И да, присуството на сите политички субјекти денес не е ништо повеќе освен гол популизам и борба за гласови. Имаа прилика во овие 4 години да направат нешто за овие луѓе. Вака само политичка пропаганда. Тоа е моето мислење, објективно, малку подолго.
Иам прашање. Ама сериозно ме интересира да чујам мислења, не планирам да се расправам, ниту сакам да докажувам нешто, ниту иам задни намери. Само ме интересира што мислат другите. Прашањето ми е: Како ќе се гледа на тоа, да се организира некаде некаква си Straight парада? Што нема да биде организирана како контра на некоја ЛГБТ парада. Туку едноставно некој си интернешнал ден за одбележување на стрејт луѓето, и тие да искачаат на улица за да си ја прослават својата сексуална ориентација. Background: Налетав на интернет на обид да се организира straight pride parade во Бостон, кој очигледно дигнал многу прашина. Парадата се одржала под огромно полициско присуство, оние кои не ја поддржувале довикувале "нацисти". Бонус прашање: Дали е во ред ако некој носи маица gay pride, тогаш друг да носи маица straight pride? Background: Овој израз стрејт прајд се појавил во 80тите. Еден поголем инцидент се десил кога во некое училиште што се наоѓало во место кое што било прогласено за free zone за искажување на сексуалната ориентација, некој дечко отишол на часови со маица straight pride и од страна на администрацијата бил замолен да ја соблече. По ова се дигнало огромна прашина во заедницата во тоа место. Уште еднаш нагласувам, пошо е осетлива тема, сериозно ме интересираат мислења. Мислам дека внимавав како пишав, не напаѓам, и не планирам да се расправам ако некој сака лично да се пресметува.
Денес најдобар коментар остави Martin Tolovski на Фејсбук. Цитирам: „Во државава само оној Кочо е педер од љубов. Сите други се за пари.“ Најголем дел од присутните беа дел од власта, нивните партиски потрчковци, невладин сектор. Си направија приватна забава, за да си ги оправдаат парите од ЕУ и да си обезбедат фондови за наредна година. Дали има парада или не, ништо не ми менува. Ниту знаев дека има, ниту се замарав.
Јас сум зa остварување на ЛГБТ etc правата и конечно згаснување на тензичните дебати. Само не сум за парада туку за масовен протест. Протест кон кој ќе можат да се приклучат сите обесправени и угнетени луѓе на било каков начин и сите кои се залагаат за целосна рамноправност. Само тука при оваков народ нема сврха моето wishful размислување. Оние кои со години ништо не постигнаа со нивниот активизам освен што долеваат масло на огнот за да цицаат фондови и да створат отпор кон таа кауза промовирајќи ја на погрешен начин, би направила да одговараат пред закон, којзнае во какви се матни зделки се вмешани. Но тоа не може да се случи.
Се дига прашина бидејќи сите такви настани и гестови се случуваат во контекст на контрирање, противење на наводна пропаганда и сл. И да, сите имаат наци позадина и цел таков мајндсет. Поимот гордост на ЛГБТ заедницата не е туку така и за тоа кој со кого спие, туку произлегува како антоним и противење на срамот од самите себеси кој им се наметнува со векови. Кај стрејт луѓето тој фактор не постои, додатна гордост и одбележување значи стремење кон повеќе доминација и опресија. Истото е и со т.н. активисти за машки права или „менинисти“, white pride итн. Свесни луѓе кои по раѓање припаѓаат на привилегирани групи (белци, мажи, стрејт) ја користат привилегијата да го поддржат гласот на опресираните, а не бараат уште повеќе „гордост“ од што општеството веќе им пружа.
@Ajronmen Не се расправам туку е очигледно зошто има лгбт парада, зашто имаат барања и цели како заедница, сигурно не прават журка за да се прошетаат до плоштад и да се видат со луѓе.И според тоа нема логика да има стрејт парада, за да излезеш на улица треба да имаш некое незадоволство и мотив, нешто кое што те поттикнува на бунт.Пологично е да правиш контра протест отколку стрејт парада...