Уз дужно поштовање, ако сум хомосексуалец, не сум стерилна. Пак ќе можам да родам. Не ми треба маж. Има банки со сперма.
Зошто има парада? Не е револт и протест? Или револт и протест е само тебе ако нешто ти смета? Другому ако смета, кој го тркала!
Пак ти треба МАШКА сперма. Жени немаат сперма. Извини, ама претеруваш со баналности. Жени не можат да се репродуцираат со жени, мажи не можат да се репродуцираат со мажи. Затоа им е потребен спротивен биолошки пол.
Луѓе, дали сериозно ќе се преправаме дека парада е само забава и нема милион знаци со кои се искажува револтот и правата што се бараат, што е карактеристично за протест? Имате среќа што виножитото е изберено како одлика на ЛГБТ заедницата, иначе не би ви изгледало толку забавно туку мрачно и луто.
Ако одиме со оваа логика, убаво би ти било тебе да ти речат зошто си се размножувала, можеби си родила потенцијален убиец? Мајка си, знаеш колку тоа би било лошо и грубо. Во ред е да си имаме свои и различни мислења и страни, ама изгледа поентата на темава е кој попаметен ќе се направи и кој поголема навреда ќе упати на друг, заборавајќи дека со самото тоа на најдолно ниво паѓа.
Главен аргумент и е наталитетот и природен пораст, а кога геј пар сака да има дете преку сурогат тогаш нема потреба од наталитет. Oh, the irony Да даде во Македонија да може да стапуваат во брак и деца да си имаат ЛГБТ+ припадниците и хомофобите од мака да си пукнат
Ау.... неубо ти е? Ами замисли државата да ти забрани да стапиш во брак и да имаш деца? Исто како на хомосексуалците... Тогаш, ќе ти биди тамам?
Тебе нема да ти требаат. Не на сите. Ако имаш толку омраза кон спротивниот пол топло би ти препорачала да посетиш стручно лице бидејќи имаш проблем.
Кај кажав дека имам омраза кон спротивниот пол? Не ми го вади мислењето од контекст. И ти доколку си хомофоб, посети стручно лице. You need it.
Поентата на парадата е да се слави сопствениот идентитет во општество во кое достоинството ти е понижено. Парадата е (или треба да биде) safe space за ЛГБТ лица да излезат и да биде нормализирано да се држат за рака. Во општество во кое геј особа нема еднакви права (право на брак, достоинство...) самото слободно постоење е протест. А парадата е само мал вкус на таа слобода. Особа која навистина длабоко во себе нема проблем со хомосексуалност, не наоѓа ситници за да ја понижи заедницата.