Јас немам омраза. Јас само не сакам да сум таква или да бидам во близина на такви луѓе. Фобија немам од ништо, од хомосексуалци па ич.
Мене ми е фасцинантно што и најгласните на темава не знаат зошто почнале парадиве, па мораше со женски протести да ги споредуваат за да се вадат. Штета, прајд има толку убава историја, што очигледно активно се брише и заборава.
Од тебе ли да барам дозвола? Ај смири страсти, диазепам постои ако не си знаела. Нема потреба да истураш нервози овде.
Е па од шо мака од тебе да бараат дозвола ЛГБТ+ лицата? Сакаа Парада, си направија. Ти глеј си ја манџата.
Јас никаде не пишав да бараат дозвола од мене или од тебе. Си пишав што мислам. Ако ти сметам не ме читај.
Жено знам дека е за сите! Ти сама рече не сакаш да бидеш во близина на хомосексуалци, а воедно пишуваш на темава.
Прочитај го последниот пасус. Тогаш ЛГБТ+ нема да има потребна да чита за срања ко "ви треба сперма од машко хехе".
Ќе еволуираме значи во едноклеточни организми и ќе се размножуваме со делба на клетки. Стварно се надевам да го доживеам ова.
Јас сакам во амеба да се претворам. И баш ми е мило што науката е напредна, барем ЛГБТ заедницата ќе имаат еднакво право, да имаат деца, како и straight луѓето.
Тој што ме има читано знае дека сум за сите права да си ги стекнат ЛГБТ, и за брак и за посвојување деца и за решавање имотно правни работи и едноставно за прифатеност од општеството... Единствено се разочарав од сликите со ѓубре што го оставиле позади. Навистина не им требало тоа. Добра слика не се остава со фрлање ѓубре наоколу, едноставно е одраз на некултура, без разлика за кого се работи.
Зошто у Македонија кога имаат поддршка од власта, не им ги исполни барањата? Нека сменат закон и ете брак.