Парада на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 16 јуни 2021.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    На видеата што ги гледав, децата баш супер си поминале. Воопшто не изгледаат ко да не сакаат да бидат таму.
    Ептен трагично ја опишувате ситуацијава. Се сликале со претседателот. И што е толку страшно тука?
     
    На mode-kristina и violetblue им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Бриџо мори, колкаво ти е детето?
    Истото е и со моето.
    Во нејзините очи сум 'заостаната'

    Глата ми ја кини на лице место, ако згрешам заменка
    А јас вистина не ги знам сите ...
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    По години не е ни тинејџер, по зрелост и памет да не си го фалам оти е мое :D ама за некои работи попаметно и од мене. Не оти чита за лгбт |( туку затоа што размислува многу поширокоградо за многу теми за кои јас на тие години не размислував воопшто.
    Така и треба да биде, не сакам моите комплекси да се пренесуваат со генерации :D
     
    На M.B., Bezimenka90, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Знајш дека баш то ми се бендисва... шо сами си го наоѓаат патот.
    Новиве генерации навистина поинаку го гледаат светот.
    За многу од нив не постои боја на кожа, сексуална ориентација, нација...
    Се гледаат со исти очи и уживаат во шаренилото.

    Во однос на она што го живеев јас на нејзина возраст, ептен голема разлика има.
     
    На M.B., Bezimenka90, Pixi5 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.264
    Пол:
    Женски
    У право е. Не го поддржавам делот со насилство вишак му е тоа
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ако случајно дома јас или маж ми речеме - црнец, а некогаш знаеме на шала - јас црнец ли сум :D добиваме остри погледи и игнор.
    На училиште имаа деца со мали пречки во развојот во ист клас и градинка дури ги преместат во соодветни за нив одделенија и со нив беше best friend. Уште мало, во градинка.
    И што треба сега, да го назадувам и учам да мрази и дискриминира? Со изговор - ама не е се така како што ти изгледа, чекај за политика да зборниме... не. Има време и за политика ќе научи.
     
    На Pixi5, DAngel, staycalm и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Леле прв пат на форумот го читам ова!

    Истиот проблем го имаме.
    Во нејзини очи сме расисти.

    Се израдвав мори ко дете мало :clap:
    :D
     
    На Bridget и Ketchup им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    57.666
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам што ќе ви смени во животот лично вам ако си ги остварат основните права? "Не ми сметаат ама АМА нека си бидат по дома што сакаат". (facepalm) Па и вие бидете само по дома што сакате, што барате да излегувате во јавност и за рака да се држите со партнерот од спротивен пол, што барате брак да склучувате? И вие по дома бидете си стрејт ко нив.

    Не знам еве досега не сфатив како тие ве спречуваат вас да си се држите до тие сакани традиционални вредности? Зошто да не прави кој како сака додека не наметнува и не повредува друг? Барање да се биде прифатен од општеството не е наметнување и никого не повредуваат.

    Исто така, сексуалната ориентација не се бира, се раѓаш со неа. Да бирав можда ќе одберев жени да сакам, мислам многу подобро ќе се разбирав за многу работи отколку со маж, ама ете стрејт сум. :D

    Буквално цел коментар му е за насилство, ова некој да го искоментира сериозно треба да му фали нешто, во себе има голема доза на омраза и отров спремен за фрлање. :?:
     
    На Bezimenka90, Ugly Duckling, KateKane и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Тоа твое дете не е ни во 2% од децата во светот каде им е гајле за ЛГБТ заедницата, ниту ги интересира, ниту знаат нешто за нив.

    Влијанието на ЛГБТ е силно на Запад, ама Запад е само 5% од светот. Во други земји нивното влијание е маргинално или скоро не постои.

    Точно. Светот си врви, но ако гледаш денес Запад тивко го колонизираат конзервативни народи. Така да и таа хемисфера на светот ќе се смени во иднина.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Многу утешително.
     
    На staycalm, Ketchup и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Вчера читав коментари на социјалните мрежи и заприметив една симптоматична работа.
    Многумина од оние кои коментираат навредливи постови кон ЛГБТ+ заедницата се сингл мажи, и скоро сите во коментарите вметнуваат некоја навреда во која спомнуваат машки задник и дејствија поврзани со него.

    Нема да прејудицирам што точно, ама мислам дека многу кажува овој податок.
     
    На Ugly Duckling, Pixi5, asdas и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Јас отворив коментари под сликата на Пендеровски со две-три деца до него. Не исчитав се' но тоа што го прочитав беше се' божесачувај. Мажи, жени, млади, стари, мислиш којзнае што имаше на сликата. Срам па и страв да те фати, не знаев дека е до толку.
     
    На Pixi5, staycalm, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Ептен...
    Не сум изненадена искрено, пошто пратам вакви работи и кога нема големи настани.
    Омразата е неверојатна.

    Утешно ми е тоа што ЛГБТИ центарот за поддршка, ги следи случувањата на социјалните мрежи и поднесуваат претставки до одделот за компјутерски криминал.

    Сега прашање е колку институциите ќе одговорат на предизвикот и колку ќе си ја истераат работата... ама барем некој води официјална, архивирана евиденција...
     
    На Pixi5, staycalm, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.955
    Пол:
    Женски
    Така е маци. Ти важно рече во право е, а цело мислење е насилство.




    ----------
    Поз. Најдов нешто ново.
    20210627_112111.jpg
    Стварно нема говор на омраза и симболика на омраза кон лгбт. Ич. :) :) :)
     
    На mode-kristina, GirlRose, Stephen Amell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Не можам да го лајкнам...
    Најголемото понижување кое можеш да и' го направиш на една заедница, е да и' го запалиш знамето..
    Симболот на нејзиниот заеднички идентитет...

    Жално ептен...
     
    На Pixi5, theowndemon, Stephen Amell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Да се случи некаков исход од ова ќе е чудо. Или ако се случи, ќе значи дека сепак се способни да решат нешто, а избрале да не решаваат многу посериозни нешта минативе неколку години како упади на бази на државни институции. И слични други ситуации каде луѓе биле директно оштетени со пари или слично.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Па паралелно и тоа се случува.
    Разликата е што криминалните случаи не се толку експонирани во јавноста, како што е експонирана Парадата.

    Сите чувме за Парадава, ама ретко кој од нас ќе дознае дали и какви прекршочни процедури се водат по институциите.

    Ни треба поголема транспарентност во МВР, ЈО и судовите.

    Новинарите дефинитивно потфрлаат со тоа што не известуваат доволно за законските процедури, кои сме чуле да се влечкаат, без завршница и со децении.
     
  18. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Ништо нема да направат со тоа, да не речам, мачкање очи е. Секако за три дена сите ќе ги заборават коментарите и ќе си продолжат со животот.

    Не дека се во ред коментарите, само сакам да кажам дека никаква утеха не се претставките од лгбт центарот, а ако имаат разрешница, значи стварно се превилегирани, што не верувам дека ќе се случи.

    Инаку, јас не читав никакви коментари, ама можам да замислам што има. Не ми се замара мозок со неандерталци :D

    Во однос деца на паради, мислам дека зависи колкави биле децата. Јас генерално сум против носење мали деца на протести и маршови, под мали деца мислам оние кои секако не го разбираат концептот и не гледам освен за да имаат слики за леле колку е преслатко што имало деца, која друга поента би ја имале. За поголеми пр. адолесценти ми е ок, зошто мислам дека знаат зошто се таму.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.305
    Па не се привилегирани.
    Знаеш како знаеме?
    По самите тие коментари и што има потреба од законска прекршочна постапка.

    Постапување по закон не е 'привилегија', туку демократска општествена алатка која треба да е еднаква за сите во правна држава.

    Не може закон за едни да важи, а за други не.
     
  20. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Па не велам дека се :D
    Само велам дека нема да има разрешница, како и се друго во државава. Ако има за нив специјално, ќе испаднат привилегирани. Така што, џабе гледаш утеха во тоа. Никаква утеха не е.
    Коментари има за сешто нешто, ако гледаме социјални мрежи сите треба да се пикнеме во пештера да живееме. Се нешто некому смета, слаби, дебели, геј, религиозни, секакви. Не си тупете мозок со нив, самото тоа што зеле на слики да коментираат доста збори за нив :D