Точно така.Јас не знам за колкави деца се работи во случајов со Пендаровски. На деца <14 год.не им е место ни на протест ни на парада.
Утеха е кога други надворешни институции ќе вршат анализа на ситуацијата на терен. Сите тие податоци, ќе влезат во извештаите на ОБСЕ, Хелсиншки комитет, Комисијата за проширување на ЕУ... И после.. нормално... ќе ни влијае на влезот во истата. Нам проблемот не ни се Бугарија и Грција... Ние сме проблемот зошто не влегуваме. Внатрешно ако успееме да направиме задоволително демократско општество, со функционална правна држава, ЕУ уште истиот ден ќе ги фати за врат Бугарите.
Не е 'толку'. Приочитај ги извештаите на странците. Знаеш.. оние кои се дел од препораките за влез во ЕУ... Многу лошо котираме по параметрите за демократија, слобода на медиумите и правна држава. А тоа е основа на секоја цивилизирана земја.
Жено ние не сме им од корист на ЕУ. Нема врска со демократија, да имаше, Унгарија немаше да е членка. Значи многу ги идеализираш нештата. Колку Бугарија што е поим за функционална држава...
Протестираат оние кои знаат зошто излегле.Деца не. Ни на политички протести,ни на паради. Се зафркаваш? Ние сме криви што не влегуваме? Романија,Хрватска, Бугарија,Унгарија имаат демократско општество па ги примија. Е многу наивно гледаш политика.
Жити се.. ќерка ти не била. Ти си ја однела. Не дека она тргнала од дома сама знаејќи каде оди и зошто оди.. И јас сум против деца на било какви паради...
По која логика под 14? Кога почнуваат први симпатии, сега женски на 10 години менструација добиваат, хормони работат. Не мешај политика, дете од мало треба да знае да не дискриминира, на 14 ако треба да се учиме и превоспитуваме е малку касно. Дали пред 14 години не зборите со вашите деца или пред вашите деца на овие теми? Дали родителите пазат на зборови или слободно пцујат, вреѓаат, како по дома така и по социјални мрежи до кои имаат достап и децата? Не е мало за да чита како татко му пишува и зборува - да ви го начукам в газ педеришта гнасни, ама мало било да прошета на протест против дискриминации. Едино заради можноста од насилство и ескалирање на ситуација би била против.
Сме им од корист, затоа што припаѓаме на Европскиот континент и ЕУ сака да го обедини цел тој континент. Работате е што сме премали и можат физички да не заобиколат и да не изолираат и да не остават да си ги решаваме проблемите сами, уште 100 години.... додека тие се занимаваат со побитни работи. 2.000.000 народ сме... ништо во споредба со популацијата на Европа. Па не знаеше за што оди, ама бевме сите... и јас и маж ми и девер ми и свекрва ми и свекор ми ... и никој не сакаше да остани дома... на крај одлучивме да ја 'прошетаме'. ... таа така си го сфати, како заедничка прошетка Откако почна да разбира (12+) ја прашуваме дали сака некаде да присуствува, или не. И на крај, наше си е детето, не е ваше.
Романија, Хрватска, Бугарија и Унгарија се стратешки побитни за Европа и со далеку поголема популација од нас. Башка повеќето излегуваат на море Ние каква стратешка точка сме? 200км на 150км воздушна линија земја, со популација колку кварт во Париз Сме битни... ама за жал, најмалку битни од сите држави во Европа.
Е да де...вие сте решиле дека е паметно да ја прошетате.. Ваше дете ваше право. Би сакала некој новинар да ги прашаше децата на парадата зошто се таму. И дали знаат што е лгбт и слични називи
Ама шо ти пречи тебе? Твое дете е? Не е. Ти ако имаш деца, сакаш јас да ти кажвам како да ги одгледуваш? Или уште подобро прашање: Сакаш свекрва ти да ти кажва како да си го гледаш детето? Види ја темана Снаи и свекрви
Во 2019 не ја носевме баш поради тоа. Оти не знаевме како ќе биди. Имаше можност да има и насилство, земајќи во предвид дека во исто време и контра-парада се одржуваше. За среќа МВР ептен добро си ја зарши работата и успеа цело време да ги одржи двете групи разделени. Годинава немаше организирано таков настан, а и судејќи по тоа како поминавме 2019та, и' дозволивме да оди. Беа три другарки. Отидоа и се вратија со нас, ама таму 'не се познававме'
Деца не треба на никакви протести и паради да одат, зошто никогаш не знаеш дали ситуацијата може да ескалира па да настане гужва тепачки триста работи. Што ако вчера се собереше некоја група " анти парада" па удри мавај по нив, полиција се вмеша се направи хаос. Знам како е и ние како деца се собравме ќе идеме на протест не ми текнува за што, настана судир со полицијата солзавец не знаевме кај тераме. Среќа се тргнавме на време во таа гужва полиција не гледа кој е дете кој е возрасен.
Па види некогаш е убаво родителите да учат од децата, исто како што јас знам дека за многу теми моите можаат слободно да ме слушаат, ама почесто треба и родителите да им укажуваат на сопствените деца дека подбра опција е критички да размислуваат отколку да се водат кај одат сите.Генерации што учат од социјални мрежи за флуидност на родови, милион заменки и конфузни идентитети можам да замислам дека во иднина ќе бидат само збунети, не попаметни.Емпатија е едно и е супер, ама има граница што сѐ и до каде може да биде безусловно прифатено.
Па бидејќи не сум од тие луѓе што слушаат други како да си ги одгледуваат децата (па и било што друго), нема никого да слушам. Ни тебе ни свекрва ми Ама на мене здравиот разум нема да ми дозволи да го однесам детето некаде каде што не знае зошто е таму. А сигурна сум дека децата на парадата врска немаа зошто се таму. Ниту пак твоето знаело што е чист воздух на година ипол.. Кога ќе се осознаат себеси, кога ќе знаат што е лгбт, чист воздух, поскапа струја, случај монструм итн, сами нека одлучат дали ќе одат. Вака дури и ќе се почувствувам дека му ги загрозувам правата на детето...правото да биде дете на прво место..