@WildMk колку отприлика трае настанот и дали обично има сообраќаен метеж? Не сум од ск, а сум втора смена на работа, па да испланирам одприлика кога да тргам.
Ќе ти кажам како беше 2019та, не знам дали годинава ќе е така. Маршутата почнуваше од Жена парк. Имаше регистрација на учесниците. Тргнувањето каснеше околу пола саат од планираното. Потоа изодевме до Градски парк и таму имаше сцена на која настапуваа организатори, пеачи, перформери итн.. Ние си отидовме после пола саат откако стасавме во Градски. Се-на се, мислам дека 2-3 саати се печевме на сонце. Обавезно носење комотни алишта, комотни обувки и вода.
Јас имам конзервативни ставови,ама не ми смета што ќе излезат на улици. Ту,ту,ќе го блокираат Скопје малце. Разни паради има во светов,та и за некој празник и за војските. Која е потребата од нив? Која е потребата од протести? Мицко и Зајко од кога се влезени во политика се и на улици,па не се бунат луѓето толку. За секое зошто,има и затоа. Не бидете Славици. Да ви се закануваат и да ве тераат со сила да ги поддржувате,бунете се слободно. Никој не смее да ве тера да поддржувате нешто што не сакате.Ако има такви на форумов,пријавете ги кај Реин. Ама,што ви смета парада? Вас нема да ве смени.Никој нема да се смени затоа што некои ќе прошетаат во градот.
Понекогаш мислам дека сакаш само да испаднеш саркастична, неможе некој вакви размислувања да има во 21 век.
И да лепат они етикети на луѓе што не ги познаваат,тоа не ти дава право и ти да лепиш. Особено смешно е на форум да го правиш тоа кога скоро сите си кажале ориентации и кого и што поддржуваат,а кого и што не поддржуваат. Тоа што некој не поддржува или поддржува нешто,не го прави дел од тоа нешто. Едноставно,21 век е. Луѓето имаат слобода на говор.Различни луѓе имаат различни ставови.
Нема да идам бидејќи не подржувам хомосексуалност, ваква љубов ми е неприродна но не ги осудувам луѓето кои ја практикуваат, нивни животи, нивно право на изразување.
Абе ти можеш да не 'поддржуваш', ама постојат. И тебе можеби не те 'поддржува' некој, ама не ти брани да стапиш во брак со оној што го сакаш и и не ви брани да имате деца заедно. И најбитно, никој нема да ти акни една, оти имаш љубовник.
Нема да излезам на парадата не заради тоа што ми сметаат имам во друштво и геј и лезбејка супер ми се. Немам ништо против нив, туку едно само не ми е јасно ќе ме нападнете одма...зошто се вика "Парада на гордоста", гордост на што? На нивната сексуална определба која они лично си ја одбрале каква ќе биде.
Гордост како спротивна емоција на срам. А срам е очекувана и посакувана реакција од тие кои се против нив и уствари тие кои се причини за угнетување и дискриминација. Горди дека веќе не се срамат и ќе кажат кои се па нека биди шо ќе биди. Зато.
Ми лајкна таман ќе се едитирав, зато пишам ново да не е од после додавано. Не. Не си ја "одбираш" сексуалната определба. Си или не си геј. Мислам кој би одбрал да биди плукан од сите, да се крие, да не можи да си исполни нагон и да е фрустриран ради то ко едноставно можи да го одбери спротивното?
Сестро цитирај ме друг пат, немој вака педерски коментарчиња да треба да ги наоѓам. Никој не ти вика дека со лгбт како прво, не си доволно кул за да бидеш меѓу тој народ, а второ стварно не ти ја разбирам логиката зад тоа во секоја ваква тема прва да се истопориш за да искоментираш. Нешто ако ме нервира тоа по автоматски иде на игнор кај мене, особено па протести за џипет шо имаше, ѕвезде гранда, теми за турски серии, некои теми за химен во 2021 година. Секако дека нема да се тупнам во темата за турски серии и да им кењам колку не чинат и колку се за нигде. Ги игнорирам на велико иако ми искачаат од секоја социјална мрежа, па и на форумов. Твоево однесување еве не можам да го сфатам, во секоја ваква тема прва си
А бе ти оти си многу кул си со таков народ, темава е отворена секој да си искаже мислење , не рипај право, кој сака нека ги подржува ок , кој не сака пак ок, која си ти да кажеш кој каде да коментира? боже сачувај