Јавен медиум..тема отворена за сите. На кого не му се чита нешто - игнор. Или скокаш... сеедно. Луѓето не се џамлии па сите да се исти.. Многу полошо од ставовите на хомофобите се ставовите на оние кои се декларираат дека се open minded ама ич не им оди прифаќањето на тоа дека различни луѓе имаат различни ставови. Еве лично мене ми е сеедно што некој парадирал. Сеедно ми е и дали некој е за или против парадата. Дали ќе урлам зошто некој е ЗА или ПРОТИВ? - Не. Дали ќе ги понижувам или потценувам? Не. Ама нема да дозволам да ми наметнуваат нешто со сила што за мене не е нормално. Сакате геј бракови? Оукеј... гајле ми е дали постојат или не.. Сакате да посвојувате? Е тука нема сила што ќе ме убеди дека е ОК да посвојат. Да требало така да биде, тогаш и мажите ќе раѓаа. И сето тоа ми е ОК ... се додека под нос не ми ги напикаат нивните барања ставови и што ти ја знам што. Ок..бори се за тоа што мислиш дека треба, ама дај не ме убедувај со сила во нешто што не ни сакам да ме убедуваш. Тоа е како да некој ја тера мајка ми да јаде лук, а она се онесвестува од миризбата...
Почнав да пишувам реплика, ама некако ми се виде ко бескорисна као што одев реченица по реченица на твоево мислење, па затоа ќе го ставам само ова:
А освен со цитати знаеш ли да дискутираш поинаку, оти на сите теми само мимс и цитати ставаш. Ајде малце сопствено мислење
Па каде се сега партијците од ДУПНЕ или СДМСМ хахах? Европска Македонија! Македонија во Европа! Баравте еве ви. Ајде нека излезат и власта и тие шо и го лижат... т. Ајде сите државно вработени, ајде, ајде. Нека одат на парада, ајде вие ги гласавте А иначе нас како македончиња се ни смета. И козата на комшијата и таа да умре. Оти јас вака праам, оти ти така праиш. Оваа вака, онаа така. Никогаш нема да бидеме ниту демократска, ниту слободна држава. Оставете ги луѓето нека дишат. Мене лично не ми сметаат. Да, језиво ми е да гледам и не е за деца. Но, вклучување на брак НЕ. Ниту одобрувам да имаат деца.
Ако сум одбрала да сум неутрална значи ич не ми чуе дали црвеното е црвено или зелено. И не сакам некој да ме замара како било зелено или розево.. едноставно не ме интересира Тоа би било вака нешто... да почнам јас да ти објаснувам како се молзат овци, како се прави сирење и како после тоа зрее истото. Ама тебе баш ти е гајле како јас правам сирење. Во истополова заедница не се родители затоа што не можат да го создадат детето со нивниот партнер.
Госпоџа, споредуваш неспоредливи работи. Се работи за човекови права и слободи овде не за молзење овци и правење сирење. Не ме интересира дали црнците имаат права, неутрален сум, не ме убедувај дека треба да имаат... А што се ако не се родители? Дали стрејт паровите што посвоиле исто не се родители?
Исти курац е..тоа што НЕ те интересира - НЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА. Дали било молзење овци, човекови права, поскапа струја или парада на гордоста... не ме интересира. Толку од open minded моментот...НЕЛИ? Тешко е да се прифати дека некој не го интересира нештото? Абе ајде.
Тогаш има бракови, каде што родителите (маж и жена) неможат да имаат деца, тоа значи дека немаат право да посвојат дете? Оти неможат да го создадат нели?
Каква врска има напишаното со одење на протест и парада.14 и 16 год.има врска со помлад и постар малолетник за присуствување на јавни настани. Дали деца на парада на 10 години знаат кои закони треба да се донесат полезни за лгбт заедницата? Појма немаат.Исто ко што појма немаат и оние деца кои ги носат на политички протести за нивна подобра иднина и сл. тоа што читаат се и сешто на интернет и као се знаат има малку врска со реалноста.
Може нема да ме интересира како молзеш крави но ако некој ти забрани да молзеш крави и да правиш сирење и јас речам дека не ми е гајле, неутрална сум?
Јас би ве замолил прво да не ги изедначувате „различно мислење“ со блатантна игноратност, оти второво е кај вас.
Не ми е гајле што не можеш да молзеш крави, ама не ми го бутај у нос тоа дека не можеш, НЕУТРАЛНА СУМ!!
Моето знае, за други не знам. Тоа што го читаат на интернет нема врска со реалноста, точно, пошто на интернет "реалните" како вас ги банираат.
Да не се повторувам, Ксенија Николова има да ви каже нешто: . А за коментарот да се сотрат, ова, она, немам зборови. За да мразите некого, тогаш тој што го мразите трева да ви направил нешто. Тие што ви направиле? Ништо! Нездрава омраза е тоа, што би рекла мајка ми. И немате никакво право да ги споменувате децата со посебни потреби. Зошто? Затоа што не сте ништо подобри од тие што им велат на нивните родители 'Што го мешаш меѓу народ?' Толку!
Нормално дека си неутрална...затоа што не те интересира. Сеедно ќе ти биде дали некој ми забранил или не...освен ако НЕ ти е сеедно. На страна твоето пишано..(да не ставам мислења едно под друго) Има луѓе кои не ги интересира и не сакаат под нос да им се пика нешто што не ги интересира. И не можат да разберат кој им брани двајца мажи да се држат за раце и да се драпаат и лапаат сред плоштад. Луѓето ќе ги гледале на криво...па што бре? Јас на криво ги гледам и хетеросексуалните двојки кога дечкото пикнал раце под шорцот на женската..сред плоштад. Утре некој ќе рече дека е нормално да се има секс на јавно место. И ќе има парада за секс на јавно место. Нормално е?
Па шо знам кој и брани, ваљда групата неандерталци што откако ќе го видат тоа ќе се соберат и ќе им ја скршат главата. Додека стрејт пар и да се ебат на плоштад не би рекол дека некој би им ја скршил главата.
Ако не те интересира и немаш апсолутно никаков став по тоа прашање нема ни да коментираш на темава и да споредуваш со праење сирење и со секс на отворено, по што сосема јасно е каков ти е ставот. Што го немаш де.