Јас досега во македонија не сум слушнала дека некој го претепале затоа што се лапал. Секогаш имало некоја позадина што после тоа излегувала во јавност..откако ќе напишат бомбастичен наслов. Немам став за хомосексуални бракови и гајле ми е. Ама погоре веќе пишав дека не ми е сеедно да се дозволи посвојување на деца Ете затоа сум во темава. А споредбата е затоа што тој што не го интересира нешто..не го интересира. Ама кој да разбере
Не си слушнала затоа што немало такви што се осмелиле да се држат за рака во јавност, а не па да се лапаат БАШ заради тие повици за линч што ги читаме секојдневно. Имаше сторија за некои две девојчиња во врска, се држеле за рака и некој дошол и ја удрил по глава едната.. Ама најважно е дали ти си слушнала или не, тоа е доказ дека не постои.
Споредбата со правење сирење значи колку си игнорантна до нивните проблеми, демек исто е, дали ти денес на работа си кажала дека сирење си правела или колегата твој кажал дека со дечко му во кино биле, ист одзив ќе е од околината. Споредбата со секс на јавно место покажува што мислиш за лгбт, непристојност, разврат, пошто никој овде не збори за секс на јавно место. Зошто воопшто ти текна да поврзиш едно со друго? И ти упорно пишувај дека немаш став.
Или едноставно мислам дека сексот е секс... ниту е непристоен ниту е разврат А зошто па да не се збори за секс на јавно место? Нели сите од тој секс сме се родиле? Што има непристојно во него хмм
Зошто парадата не е за сите? Љубов да се славеше ама од сите аспекти, не само од исти родови туку и од различни. Се е со двојни аршини....
Отвори тема и ќе збориме дали, како и каде е пристојно или не. Зошто во оваа тема? Или ако не сакаш нова тема, да одиме во темата за Берово да продолжиме? Зошто баш во оваа?
Полицијава наша ептен позната по постапувањето е, затоа не одговараат на позиви на семејно насилство, на пример. Верувам за повици на насилтво и говор на омраза само ако е кон Заев упатено се реагирало. Ви реков, штом имате социјални мрежи пријавувајте, и вие како граѓани. И пораки за прајдот, и пораки под објави за силувани жени. Алатката е таму и достапна, ако ништо друго во евиденција ќе влезат. Сигурна сум дека ни една не сте пријавиле. Ќе се заборави и овој говор на омраза, до следен јуни. Впрочем, како јавна соба што се заборави и ќе се реактивира догодина на почетокот на годината, таман да имаат за што на 8ми март да протестираат и да се прават дека нешто работат.
Нема зошто да се загрижувате за деца на ваква парада како што се одвиваше, освен ако не ги перцепирате ЛГБТ, нивното постоење и врски автоматски низ призма на секс и перверзија, а тоа и е случајот. Луѓево се сите пристојно облечени какви што можат да видат во секојдневието, артистите што настапуваа исто така, дури ни од паролите не прочитав нешто баш провокативно и експлицитно. Виделе позитивна порака за љубов и прифаќање, вееле виножито знаменца и чуле фина музика, wow, престрашно. Сигурна сум дека стопати попријатно им било отколку кога ги мкнат по цркви или на митинзи од најмали нозе
Тоа што душа немав од попови како помала ама морав да отворам врата кога одеше по куќи и неретко бев сама на раб на срцев удар, ама нема врска, за арно за убаво е
@WildMk @Bridget Тоа што вашите деца знаат повеќе од вас на темава и ве "влечат напред" е доволен доказ за постоењето на силна пропаганда која ги таргетира младите (неискусните), а како млад многу полесно се прифаќаат новитети. Родителите го губат својот авторитет во името на некоја современост и се гордеат со "напредноста" на нивните деца. Во превод, посилна е пропагандата од родителот и тогаш е лесно да се воспитуваат младите преку Инстаграм, да се манипулираат и да се создава јавно мислење такво какво што некому му треба.
Ако мислиш дека ептен трагично гледам на деца на митинзи, се лажеш. Јас имав соученици во основно, беа зачленети во млада унија на Вмро и стално си шеткаа низ градови во Македонија бесплатно. Сега кога ќе размислам, може и јас требаше да го направам истото. Ме има носено и мене татко ми на митинзи низ Скопје ко мал и најстрашното беше што морав да стојам. Некоја долготрајна последица - нема.
Не ми е јасно - премиерот е за исптополови бракови, довчерашната потпретседаетрлка и минстер беше на парадата, пртседателот кој треба да потпише указ на заонот беше на парадата и стварно не знам што ги спречува сега да донессат измени на законо каде бракот е заедница на две возрасни лица, без разлика на полот? Да не маваа четки пред избори? Не, очигледно, оти беа на парадата. Значи сите се за, и влада и собрание и претседател. Се можат да им реаизиараат, не треба пари, само измена на закон. Да не ги дриблаат малце, а на овие им се свиѓа оти иначе нема да зимаат пари овие парадериве (мислам на органзаторот, тие што за без пари одат, сочуство).
Браво, мислев дека порано ќе се јави некој со ваков коментар ама нема врска, бар се појави. Фино што ти личам на некоја која ќе изгуби одредена контрола и авторитет врз своето мало дете и ќе дозволи инстаграм да го образува (нема инстаграм ама ај и тоа нема врска) ама за жал не сум толку "модерна". Следам и реагирам таму кај што треба. Да сакав ќе му исперев мозок и ќе викаше - педериии и ќе тепаше деца кои не му се свиѓаат, ама ми се допаѓа како се развива и не гледам потреба од интервенција на ова поле. Веројатно и ние како родители свесно или несвесно сме придонеле кон таков став, плус интернет, плус сопствен разум. На интернет има еден куп верски фанатици, разноразни групи меѓу кои и анти лгбт, зошто не ми збори за Бог пример?
Кај тоа? Дај еден пример. Или овие шо пишат амин во коментари на икони и таквите страни ги сметаш за верски? Иначе на такви работи дете не се учи од Инстаграм него од родителите. Нема пари во религијата и моралното затоа и не се рекламира. ЕУ сака ЛГБТ и јавна тајна е дека ги финансира овие паради.
Одлучете се, погоре вели инстаграм ми го воспитувало детето, ти велиш јас сум "крива" за ваквиот став. Јас велам комбинација од повеќе фактори. Што сакаш да ти дадам, страни на гугл каде може да читаш за вера, за пропаганди и антипропаганди?
Госпожа дете е тоа. Не е за фалење дека детето ти учело од Инстаграм. Не велам дека нема добри работи да се научат ама религија се знае кај се учи во верски објект и пред се од РОДИТЕЛИ. Па нема, претседатели и претставници од влада на геј паради одат а не на Велигден во црква. Самото тоа ти кажува доволно кај се сретствата